ЕВН ја реконструира мрежата во Прилепско
„ЕВН Македонија“ во изминатите три месеци целосно реконструираше осум трафостаници на 10-киловолтното напонско ниво во Прилеп и во приградските населби и села, со што се доби двојно зголемен капацитет кај нив. Со ова се подобрени напонските можности и сигурноста во снабдувањето со електрична енергија за 15.000 жители од селата Десово, Обршани и Свето Тодори, како и викенд-населбите во близина на Прилеп.
Покрај зајакнувањето на постојните, беше изградена и нова трафостаница во с. Житоше за потребите на средното училиште во ова место, а реконструирана е нисконапонската мрежа во населбата Тризла (Дебој).
Во текот на летото ЕВН во овој реон продолжи со активностите за менување на старите и дотраени дрвени столбови со нови бетонски, со што беа заменети над 150 на нисконапонско и среднонапонско ниво. Во соработка, пак, со локалната самоуправа е реконструирана и мрежата во центарот на Прилеп.
За изгр��дба на трафостаници, зајакнување на постојните, како и за реконструкција на дистрибутивната мрежа во реонот на град Прилеп, „ЕВН Македонија“ инвестираше половина милион евра. (Ек.Р.) |