|
|
|
|
|
|
Не се рибари, туку полевачи на цвеќе
Не, ова не се рибари со трските в рака што ги гледаме секојдневно покрај Вардар, туку работници задолжени за полевање на кокосовите кошници со цвеќе, кои Општина Центар ги постави високо на канделабрите. Еве го одговорот за сите оние што се прашуваа како ќе се полеваат цвеќињата кога ќе ги снема дождовите и ќе припече жешкото летно сонце. Ако нуркачите на грбот носат боци со кислород, овие работници имаат канистри со вода што ја испумпуваат преку „трските“.
Колку ќе успеат на овој начин да ги одржуваат во живот растенијата - ќе видиме. (Сн.К.) |
#
|
Статијата е прочитана 1208 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Доста експерименти |
Датум: 20.06.2011 10:05:26 |
|
Дајте видете како работат во наормалните држави доста со експерименти, лугето си најмат приватни фирми се договарт за колку пари колку површина ќе се одржува коси и полева а градот е должен да им плати и контролира. |
|
|
|
|
|
|
Од: Stojna |
Датум: 20.06.2011 10:09:07 |
|
Ova voopsto ne soodvetstvuva na okolniot ambient. Poglednete go samo trotoarot, pa toa e krs.Pred da se vnesuvaat novi elementi na ukrasuvanje, potrebno e da se uredat osnovnite, kako sto e vo slucajov , trotoarot. Ova ispaga kako onaa narodnata- videla zabata go potkovaat konjot pa dignala i taa nogata.Znaci potrebno e celosno ureduvanje na ulicite i troroarite vo gradot, pred se centarot. koi se vo mnogu losa sostojba, ispukan i osteten asfalt, a potoa drugi doteruvanja neka se pravat. |
|
|
|
|
|
|
Од: Луда Мара |
Датум: 20.06.2011 13:05:00 |
|
Наместо коментар,ќе го парафразирам текстот на легендарните „Бис-без“: Дал да плачам,ил’ да се смеам,нивниот лик не ми кажува...!„Граѓанинот“од Јурумлери дефинитивно знае да го погоди вкусот на опинците! |
|
|
|
|
|
|
Од: Goran |
Датум: 20.06.2011 15:26:44 |
|
Stvarno, trotoarive se krs... daj popravete gi prvo niv pa posle da mislime za cvekinja... |
|
|
|
|
|
|
|
|