Број 3609  понеделник, 20 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Скопје

Нацрт на ЛЕАП 2 на увид на граѓаните

Нацртот на Локалниот еколошки акционен план ЛЕАП 2 е на увид на сите заинтересирани граѓани и стручни лица, кои можат да го видат на официјалната интернет-страница на Град Скопје www.skopje.gov.mk. Станува збор за документ во кој се поместени анализи на актуелните состојби со медиумите и областите на животната средина на територијата на Скопје, како и мерки и активности со конкретни рокови за решавање на проблемите со загадувањето на средината.

Градот ги повикува граѓаните своите мислења, забелешки и предлози за ЛЕАП 2 да ги доставуваат на адресата [email protected] најдоцна до 22 јуни. Тогаш во периодот од 12 до 14 часот ќе се одржи и јавна расправа за овој стратегиски документ кога граѓаните ќе можат сами да учествуваат во расправата и да го дадат своето мислење.

На јавната расправа ќе присуствуваат и претставници од десетте скопски општини, од јавните градски претпријатија, невладините организации и стручната јавност. Градот ќе ги разгледа сите забелешки и предлози од граѓаните и ќе ги вклучи во Предлогот на ЛЕАП 2, кој во јули ќе се најде пред градските советници. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 628 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Не се рибари, туку полевачи на цвеќе
Архитектура а безвремен објект на „Водовод“

"""