|
|
|
|
|
|
Архитектура а безвремен објект на „Водовод“
Авторот, архитектот Жарко Чаушевски,му дава централно место на граѓанинот за да престојува во пријатен амбиент
Снежана Калабакова
„Најтешко е да се најде решение за објекти што имаат кружна маркичка во урбанистичките планови. Но, јас сум многу горд на ова мое дело во кое се применети сите правила на класичната архитектура, со цел да се избегне чувството на минливост на објектот“, вели Жарко Чаушевски, младиот архитект што го изработи идејното решение за новата зграда на ЈП „Водовод и канализација“ во соработка со проектантскиот тим на „Архитектоника“ од Скопје. Тој досега проектирал повеќе станбени згради и куќи, а учествувал и во дел од проектите за Собранието и за Меморијалниот комплекс на Тоше Проевски во Крушево. Сепак, најгорд е на своето последно дело, за кое идејата ја разработувал два месеца.
Новата управна зграда ќе биде на површина од 5.000 квадратни метри, со габарит од 970 квадрати. Ќе има пет ката и подземен паркинг за 115 возила. Изградбата ќе чини десет милион�� евра.
Младиот архитект вели дека централно место и приоритет во објектот му дал на граѓанинот. Тој ќе влегува во централно климатизирано фоаје на две нивоа, а кружно ќе бидат поставени шалтерите за вработените. И додека тие го решаваат неговиот проблем, граѓанинот има можност да испие кафе во пријатен амбиент. Граѓанинот нема да талка по службите, туку вработените ќе слегуваат кај него, а тој ќе седи во фоајето со фонтана, природни дрвја и реплика на аквадуктот во Скупи. Чаушевски појаснува дека при проектирањето водел сметка каде треба да се наоѓа таканаречената вакуумска соба за заштита од пожар на компјутерите со базата на податоци, на сервер-центарот, како и за просторот на мониторинг-центарот во претпријатието, преку кој веднаш ќе се лоцираат евентуално настанатите проблеми во водоводниот систем.
Проектирајќи го објектот со бојата на Калето, вели, водел сметка и за необновливоста на ресурсите. Затоа, покрај штедливите системи и светилки, проектирал бункер за собирање на дождовницата со која ќе се наводнуваат зелените површини од партерното уредување пред објектот. Тоа, секако, има врска и со суштината на претпријатието. Објектот нуди максимална можност за поставување сончеви колектори на скриениот дел од покривот, каде што еден дел од потребната енергија се добива од обновливи извори.
„Класичната архитектура, сама по себе, штеди енергија и има почит спрема природата. Ние архитектите мора да сме свесни за небесконечноста на некои ресурси. При проектирањето на објектот имав слобода во изразувањето и во изборот на стиловите. Бегав и од чувството на минливост на објектот, бидејќи сметам дека еден град со вакви објекти треба да си има своја патина, а не ако бил модерен во 2000 година, сега да му помине модата. Од оваа временска дистанца, објектите што се проектирани во осумдесеттите години денес се смешни, а тоа речиси е како некој сега да носи пантолони-ѕвонарки на кои им поминала модата“, објаснува Чаушевски.
Зградата на „Водовод“ однадвор ќе има 32 столба, а завршува со купола од бакар. За да ја реши фасадата авторот бил инспириран од зградата на Деканатот на ЈЕИЛ, објект што има и класична и модерна архитектура. При тоа го зел предвид и фактот дека Скопје како град имал вода и пред 2 000 години, а ЈП „Водовод и канализација“ постои над 100 години. Тоа го навело да се праша дали треба да направи трендовски објект, а да не биде експресија на архитектот, или објектот да ја претставува европската традиција на градови. |
#
|
Статијата е прочитана 1875 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Parkovi i zelenilo! |
Датум: 20.06.2011 04:12:55 |
|
Sega uste ni treba stilska gradba za Parkovi i Zelenilo...taka ke imame dve stilski mesta kade moze da se zalime za site ugnetuvanja od vladeackata partija i od nejzinite poslusnici vo raznite ministerstva i sekretarijati.
Ne se cudete, koga drugo ne raboti ostanuva da se zalis ili vo parkovi i zelenilo, ili pak vo vodovod i kanalizacija! |
|
|
|
|
|
|
Од: мартин |
Датум: 20.06.2011 04:51:43 |
|
кич, кич и само кич. никаква идеја! |
|
|
|
|
|
|
Од: Mice |
Датум: 20.06.2011 07:15:14 |
|
Само да го прашам колегава, кога веќе ги спомна ѕвонарките, дали случајно он носи цилиндер на главата и се вози во пајтон, кога проектира вакви "класични препатинирани" објекти? |
|
|
|
|
|
|
Од: Goran |
Датум: 20.06.2011 09:31:59 |
|
Mene mi se dopaga objektot
Opera iako e nacin na umetnicko izrazuvanje od minatoto, sepak i denes ima mnogu luge sto sakaat da ja slusat. Ne sakame site MTV hits.
Kako ima klasicen balet vo 21 vek, taka bi trebalo da ima i klasicna arhitektura.
Skopje taka ke zalici na metropola
Neka ima objekti po najnova moda praveni, no neka se gradat i klasicni objekti.
Zarem Bitola ne ja sakame site poradi sirok sokak i klasicnite gradbi sto se na nago napraveni.
|
|
|
|
|
|
|
Од: od kolega |
Датум: 20.06.2011 09:55:44 |
|
Imam samo edno prasanje, Zosto koga nie arhitektite se vrativme na klasikata se digna tolkava prasina i revolt? zar Klasicniot Balet i Klasicnata muzika sto gi praktikuvame i denes se KIC, Zosto? koga eden baletan praktikuva klasicen balet ili muzicar sviri na klasicen instrument i den denes |
|
|
|
|
|
|
Од: граѓанин |
Датум: 20.06.2011 10:57:14 |
|
Жарко Чаушевски ВМРО го вработи во опшината Аеродром и сега ке се прави недоветен за да ги оправда моронските нарачки! Лже кога вели дека размислувал во кој стил да биде зградата бидејки во конкурсот стилови��е беа таксативно наведени и сите што конкурираа со замисли во друг стил беа, одбиени! За подбив е и неговата замисла со фоаје каде “кружно ќе бидат поставени шалтерите за вработените“. Во денешно време кога се’ се плаќа преку интернет тој поставува 2 нивоа со шалтери, хихихихи! За најсмешно објаснување ја бирам изхавата :“сметам дека еден град со вакви објекти треба да си има своја патина“. И, он, со НОВАТА градба во НАДМИНАТ стил ке ни’ ја овозможи СТАРОСТА?! Боже Господи, прости му, не знае што зборува! |
|
|
|
|
|
|
Од: Borjan |
Датум: 20.06.2011 10:59:21 |
|
prekrasno! mozebi proektot ne e idealen,ama e navistina mnogu podobra opcija od drvenite i dotraeni baraki so nikakvi uslovi za rabota vo koi sto sega rabotat vrabotenite i se opsluzuvaat gragjanite na glavniot grad |
|
|
|
|
|
|
Од: Angel |
Датум: 20.06.2011 10:59:22 |
|
Жарко, треба да се срамиш, а не да се гордееш со ваков грд објект.Уште неизграден, објектот е минлив!За архитектурата од модерната можеш да сонуваш?
Да, навистина имаше слобода во изразување и во избор на стилови-можеше да се избира помеѓу барок, класицизам, неокласицизам и некој друг изам:Мајка ти колку што знам проектираше во модерната, дали и таа ти е смешна или ти си и смешен неа? Во секој случај нам, на вистинските и не партиски архитекти си ни смешен и те сожалуваме! |
|
|
|
|
|
|
Од: arhitekt |
Датум: 20.06.2011 12:00:53 |
|
Uste eden kiceraj vo nizata od ostanatite na Skopje 2014.Do koga arhitektite ke mora da proektiraat "NARACANA ARHITEKTURA" po sekoja cena i za sekoja namena , po partiski direktivi. Ova e degradacija na arhitektonskata fela . |
|
|
|
|
|
|
Од: Zarko |
Датум: 20.06.2011 14:11:51 |
|
Dali treba da gi plukame (omilenoto balkansko oruzje) delata na DEKANOT NA FAKULTETOT ZA ARHITEKTURA NA YALE. http://www.ramsa.com/
Znaci ne zboram za dekan fakultet za arhitektura od Kirgistan –tuku za dekan na YALE. Znaeme kolku e potrebno visoko profesionalno dokazuvanje za da se zasluzi toa mesto
Interesna e negovata zgrada -New Residential Colleges na Yale University,koja ke bide zavrsena 2015, http://www.ramsa.com/projects-search/academic/new-residential.html
ili zgradata na Spangler Campus Center Na Harvard Business School od 2001
-http://www.ramsa.com/projects-search/academic/spangler-campus.html
Mozebi Harvard I Yale se toa sto se, I poradi nivniot stav za arhitekturata
Toa e sajt na dekanot na edna od najjakite skoli za arhitektura vo svetot.
Dezurnite kriticari moze da se obratat so mail do Robert A.M. Stern ([email protected]) I da se pozalat zasto dekanot na fakultetot za arhitektura na YALE, ni dava drug pogled na arhitekturata |
|
|
|
|
|
|
Од: Dejan |
Датум: 20.06.2011 15:08:06 |
|
Ova ljubomorava ke stane hronichna bolest..ne se trpi veke..koga nemozat da puknat od maka, neka se samoubijat, i onaka nemozat da ziveat vo ovoj grad so tolku mnogu "kich". Samo pendrek demokratija za vas i objektot na Tifani, za "modernite" skopjani. Zatoa tamu nekade 15ti septemvri 2045 ke se vratite na vlast! |
|
|
|
|
|
|
Од: Goran |
Датум: 20.06.2011 15:35:15 |
|
Do Zarko:
Dzabe pisuvas Zarko... Pljukac ke si bide plukac.
Komentarite ne se napisani za da bidat konstruktivni tuku za da plukaat na se sto e napraveno, a toa sto ima svetski arhitekti koi go podrzuvaat i upotrebuvaat ovoj stil ne im znaci nisto na nasite "najpametni" plukaci.
Pred i nekoj den citav na build.com.mk i se skinav od smeenje od nekoi samonareceni "profesionalni" kriticari, koi pojma nemaat i od arhitektura i od stil ali se dovolno educirani da plukaat i da ismejuvaat se sto e povrzano so makedonskata kultura i istorija. |
|
|
|
|
|
|
|
|