Број 3373  четврток, 02 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Поглед

За децата се работи

Светлана Унковска

Имаше право министерот за образование, Никола Тодоров, кога пред неколку дена најави дека за стартот на новата учебна година се' е подготвено. И навистина беше така.

Стартуваше првиот училиштен час, а учениците, родителите и професорите навистин�� беа подготвени и овој пат да се соочат со се' поголемите глупости што им се сервираат секоја година. Инаку, како ќе почневме ако се' беше нормално!?

А и министерот рече дека вакви проблеми имало во сите земји, па еве и кај нас ги има. Ако до лани најголемиот проблем беше тоа што цела година учениците ја поминаа без да имаат книги од кои ќе учат, тоа сега по овие катастрофални содржини во нив и не изгледа толку страшно. Хаотичноста, сепак, допрва доаѓа, а децата, кои вчера во училиштата се појавија насмеани, допрва ќе има на што да се смеат. Прво, наставниците ќе им речат на учениците да ги учат лекциите, а потоа суперревизорите ќе им речат да ги заборават и да учат нешто поинаку. Ментална гимнастика. Преку таква гимнастика, образованието навистина ќе биде сила.

Родителите и не ќе имаат лице да им кажат на своите деца да учат, а што ќе прават и професорите ако претходно ставиле оценка за лекција која потоа се покажала погрешна? Дали Тодоров пак ќе каже дека тој повторно не е виновен што ги правиме идните генерации од старт образовни инвалиди? А ако чувствува одговорност, зошто и не си ја понесе затоа што за ваков скандал во другите земји, кои претходно ги посочи министерот, првиот одговорен си поднесува оставка. Е, тоа е нормално, а не ваков старт на учебната година. И се' додека министрите ни се одговорни без одговорност, се' дотогаш во сите сфери во општеството постојано ќе ни се случуваат глупости. Но, последиците во образованието се многу поголеми и подалекосежни. Затоа што се работи за нашите деца.


#
Статијата е прочитана 1236 пати.

Испрати коментар

Од: Никогаш да не се вратат на власт!!!
Датум: 02.09.2010 07:38:15
Не сум запознат, па ме интересира - дали некогаш некоја влада на СДС им дала бесплатни учебници на децата???
Од: Ајван Доктор®
Датум: 02.09.2010 08:54:13
Жално,но вистинито!Сакатењето на децата продолжува!Секако,се работи за ментално испирање кое како краен резултат ќе даде или послушници,или бунтовници кои својата Тапост ќе ја претставуваат како невиден Ум!Дури и окупаторите на земјава,обезбедувале на време Учебници!За прв пат,генерации останаа без учебници токму во „Слободна и независна, самостојна“Македонија. Рака на срце,тоа се случи кога фацава со кирилично-latinično CV,сеуште не беше на позиција!Но и тогаш,како и сега,во случајов со Бисерни Учебници за Затупување,најчесто пишув��ни според алатот за затупување mk.wikipedia.org,никој не се почувствува одговорен!Сосема Европски,нема што!Во целото зло,можеби и добро: децата ќе научат дека знаењето не се наоѓа само во Учебник!Особено не во оние кои наместо знаење,содржат Глупости од типот-Татковината е „состојба на поседување земја“,а дрогата „служи за убавини и радост“!
Од: dr
Датум: 02.09.2010 08:57:14
Вие новинарите стварно ништо не разбирате. Па самиот министер Тодоров рече дека и он кога учел немал учебници па видете дека дотуркал до министер. Затоа нема да им даде учебници на децата за еден ден и тие да станат министри или премиери.
Од: pirin
Датум: 02.09.2010 09:37:06
site stanaa demagozi (mudrijasi) vo ovaa drzava.Pa i nie nemavme ucebnici vo 1980godina vo sredno strucno uciliste pa nikoj so prrst ne mrdna da napise nesto po vesnicite( se odese vo zatvor togas za pisuvanje protiv vlasta) pa zavrsivme sredno uciliste i fakiltet.Do ucebnici te li bilo,(po 4 casa na den pisuvavme diktati....
Од: kaktus
Датум: 02.09.2010 10:30:25
Каква недоветност. Ако се направи некогаш, а во последно време се` почесто) некоја глупост, оправдањето е: и во други земји имало таков проблем....
Од: do nikogas da ne se vratat na vlast
Датум: 02.09.2010 11:45:51
tolkavo vi e pametenjeto

Најди! во Утрински
Втора страница
Вмровците го признаваат само судот на партијата
Вербатим
Средба со Нимиц ќе има, не се знае за предлог