Број 3373  четврток, 02 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Вмровците го признаваат само судот на партијата

Владата и функционерите ја игнорираа Антикорупциска се' додека ВМРО-ДПМНЕ не нареди да се напуштат вишокот функции

Александра М. Митевска


Врз основа на партиски процени се правел избор кој функционер на којa позиција треба да остане, како што под диктат на Централниот комитет на ВМР��-ДПМНЕ почна и целата акција за развластување на партиските кадри, кои истовремено земаа и функционерски плати и паушали. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека им оставиле можност на функционерите сами да одлучат кое столче ќе го испразнат. Но, содржината на оставките што фрчат последниве денови, сепак, поттикнува сомневања дека и партијата вмешала прсти при расчистувањата на случаите на судир на интереси и кумулација на функции – една и пол година по локалните избори на кои голем број од кандидатите за советници во општините веќе биле именувани функционери.

Довчерашниот директор на МЕПСО, Владимир Здравев, на пример, до последен момент пушташе сигнали дека ќе го задржи попрестижното директорско место, за на крај, сепак, да реши да остане локален функционер во Советот на општина Центар. Прашање е дали Здравев ќе ја донесеше истата одлука да беше советник во некоја друга општина во која проектите што ги турка власта не се толку специфични и контроверзни. Владимир Бахчовановски, пак, во соопштението дека се повлекува од функцијата советник во Центар за да остане директор на ЈП за стопанисување со стан��ен и деловен простор, самиот наведе дека го запазил рокот што го поставиле највисоките органи на партијата. И доскорешниот директорот на струшкото училиште „Нико Нестор“, Никола Затуроски, кој остана во локалната самоуправа, во една изјава посочи дека одлуката да биде само советник ја донел заедно со партиското раководство.

„Централниот комитет е највисок партиски орган меѓу два конгреса и непочитувањето на неговите одлуки се смета за прекршок“, ни рече функционер на ВМРО-ДПМНЕ на прашањето што ќе се случи ако некој не ја послуша партиската одлука за декумулација на функциите. Сепак, во ВМРО-ДПМНЕ се убедени дека сите ќе постапат во согласност со одлуката на ЦК. Всушност, и во случај на нејзино непочитување, Владата би можела да ги разреши „непослушните“ функционери што таа ги именувала, иако нема механизам за одземање на мандатот што советниците го добиле на избори.

Друга работа што фрла сенка врз обидот на владејачката партија да се промовира како доследен почитувач на законите е фактот што нејзините функционери, па и самата Влада, долго време ги игнорираа предупредувањата на една државна и контролна институција - Антикорупциската комисија дека се прекршуваат законите за спречување корупција и судир на интереси. Но, потоа речиси сите ја испочитуваа одлуката на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ за деакумулација на функциите. Сличен беше и случајот со поранешниот директор на Агенцијата за спречување перење пари, Ване Цветанов, кој си поднесе оставка во исто време кога ЦК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за негово разрешување. Откако поднесе оставка Цветанов беше разрешен и од Владата, која, пак, претходно долго време беше глува за барањата на Комисијата за спречување на корупцијата за негова смена.

Од друга страна, вадејќи се на препораките од Антикорупциска, ВМРО-ДПМНЕ ги амортизираше внатрепартиските превирања поради изнудените оставки и, всушност, тивко, ама темелно ја реконструираше својата трета постава. На крајот, комисијата не беше удостоена ниту со известувања за оставките на прозваните функционери. Според претседателот на Антикорупциска, ваквото однесување на владините функционери е доказ за ниско ниво на професионалност и политичка култура, бидејќи во конкретниов случај партијата се става пред законот.

Слаѓана Тасева, поранешна претседателка и членка на Државната комисија за спречување на корупцијата, вели дека на потегот на ВМРО-ДПМНЕ не мора да се гледа како на заобиколување на Антикорупциската комисија. Според неа, тој чекор може да се смета и како поддршка на препораките на Комисијата. Сепак, наведува таа, ќе беше многу посоодветно апелот за повлекување од функциите да дојдеше од Владата, бидејќи во повеќето случаи во прашање се функционери што таа ги именувала. Случаи на неспоивост на функциите има и кај други партии, иако процентот е најголем кај ВМРО-ДПМНЕ, како најголема партија на власт која има под контрола и речиси две третини од локалната самоуправа.


#
Статијата е прочитана 1719 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 02.09.2010 00:32:14
Ovde sekoj si ima svoj sud i zakoni.
Од: gimi
Датум: 02.09.2010 00:33:04
Во реформирана и добро организирана партија точно се знае хиерархиската поставеност на секој член во неа, односно кој го има последниот збор,кој дава а кој извршува наредби. За Вас Александра тоа е чудно затоа што сте во некоја друга партија каде се уште нема реформи и каде се уште треба време да се достигне тоа ниво.
Од: Трпе
Датум: 02.09.2010 07:24:41
Тоа се случува,само во земји каде е метастазирана диктатурата.
Од: terezija
Датум: 02.09.2010 07:52:46
Politikata mnogu ne ja 'kontam'... Partija, niedna ne me interesira... (barem dosega nema po moj "terk" ).No sepak, prilikite i momentalnata situacija ja chuvstvuvam; koalicionite vladeachki (T)AL(I)BANCI - t.e. "g-data" od DPMNE & DUI, bez nikakva ironija ili zloba, tvrdam deka definitivno NE' VRATIJA BAREM 1/2 VEK NAZAD VO MINATOTO... Vaka ne se ponashale ni najokorelite "komunjari" vo dalechnta 1945/46 koga slegoja od planina...?!
Од: забеган.
Датум: 02.09.2010 08:24:11
Повеќе умиееееее.Некогаш одлучуваше ц.к на сојузот на комунисти,сега ц.к на вмлото.Напред Македонијо,Ја фати Надолнината и ништо нете запира.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 02.09.2010 08:26:32
Партијата,над законите!Не е чудо!Во Македонија и нема партија каде слободно се размислува,или,каде постои борба на мислата. 50-годишните навики тешко се менуваат:„Како ќе кажат од централата,врвот!“!Така „од централата“се сведува и „размислувањето“во партијата!Сигурното си е најсигурно!А и зошто да се бранува,кога ни е најубаво пловењето по мирни води?!Што има да се размислува,да се влегува во „непотребни“борби,кои во секој момент,од мисла,можат да преминат во Модрици,во силно залепена етикета „Непријател“,или „Предавник“?Едноумието во форма на Безумие,продолжува,на партиско ниво,но овој пат „најумни“ни се мноштвото претседатели на партии,наместо на маалските комитети и одбори!Пуста Навика! -„Како што рече „другарот/господинот“ претседател...“-легендарна фраза за сопствен мир и просперитет!Законите на државата се формалност-Партијата е над сè!И нормално,ликот и делото на претседателот „беее...ееејјј,знаеш ли ти кој е он?“!„Се знае кој е власт!“-Идеален Рецепт за Регресивен Напредок!
Од: Do gimi
Датум: 02.09.2010 09:05:34
Do gimi:Vo triesetite goini od minatiot vek vo Germanija, edna partija so visoka vojnicka organiziranost i hierahiska postavenost dojde na vlast. Tamu se znaese koj nareduva i od kade idea naredbite , a koj bese zadolzen da gi izvrsuva. Istata imase i zacuduvacki organizirana propaganda i koristese populisticki metodi do ganici na karikaturalnost, a sproveduvase i metodi na podiganje na" duhot na narodot" so manipulativno koristenje na istoriski mitovi od minatoto.Celokupnata nauka, knizevnost ,muzika i ostanata umetnost bese podredena na strogiot sud na vrvot na partijata odnosno liderot. Si imaa i drzaven aerhitekta, Sper (vie si go imate Bozinovski),drzavni skulptori, muzicari i knizevnici i se tecese kako "pod loj", a narodot bese srecen i radosten. No ne zapreja tuka , pa sakaa da go "usrecat" i ostanatiot del od svetot. Dali gimi znaes kako zavrsi taa partija so militantska organiziranost?
Од: јас
Датум: 02.09.2010 09:43:46
Овие портокали се бетер од Тито , кој своевремено го почитуваше само судот на својата партија..Само ., зошто толку многу плукаат по него , а прават се’ како него??? До gimi : портокалче хонорарно, дали државава ни се вика ВМРО и дали на власт ни е кралот ( неговата Нискост Никола 1ви, Неповторливи за да имаме хиерархиска поставеност каде само кралот се слуша што ќе каже..Или пак во тоа ваше ( украдено ) свето историско име постои и буквата Д ( демократија ) ?? За тие како тебе , кои како слепци слушаат што ќе каже пастирот, ДЕМОКРАТИЈА е мислена именка ...А пак почитување на Устав и закони се научна фантастика ...
Од: Vmrovec
Датум: 02.09.2010 09:59:05
potrebno e pod itno da se smeni imeto na partijata. DPMNE(Demokratska Partija za Makedosnko Nacionalno Edinstvo) vo momentov partijata e daleku od demokratska, ne samo sto vnatre vo partijata nema demokratija, tuku vladee totalitaren rezim, sekoj sto ima poinakov stav i sto ne misli kako sto misli rakovodstvoto, politicki se likvidira. Partijata apsolutno ne se zalaga za makedonsko nacionalno edinstvo , naprotiv go podeli i seuste go deli narodot. Nema cuvstvo za nacionalnite interesi. Narodot e netoleranten eden sprema drug, solidarnosta ja nema, izgubena e doverbata. Koga stanuva zbor za Makedonija, site treba da sme sploteni, a ne partiskite i interesite na potesnite rakovodtsva se stavaat nad nacionalnite.
Од: od citatel
Датум: 02.09.2010 10:28:36
Mislam deka vo Makedonija vo ova vreme i so vakva diktatorska vlast potrebno e vo proektot na vladata za izgradba na kulturni spomenici da vleze i izgradba na Makedonski- Goli otok. Taka ke se dokompletira vo ideite na Hitler i naseto premierce-firerce.
Од: prasalnici????!!!
Датум: 02.09.2010 10:58:01
mnogu dobra analaza na politickiot sistem vo nasata drzava,od strana na citatelite.ama kade e opozicijata da reagira na site raboti koi narodot gi sogleduva i trpi,a za nea se nebitni i nevazni,ako ne stanuva zbor za pronevera od milionska suma.ceka li nekoj drug da i go odraboti terenot,a tie samo udobno da se smestat vo foteljite?!! reagirase li nekoj na masovnite smeni po instituciite, kade luge so 30 i kusur god staz bea dvirani i simnuvani na poniski pozicii od pocetnici? reagira li nekoj na internite oglasi, iljadnici vrabotuvanja po istite tie institucii, reagira li nekoj sto se vrbotuvaat kadri vo prosek 85- 86 godiste, a se rangiraat so najvisoki zvanja, pak vo tie institucii, a za koi e potrebno rabotno iskustvo minimum 4 do 5 god.a pazete, tie 23-24 god. i koe rab. iskustvo im go priznavaat, rabotenjeto po kafani ili staziranjata za vreme na studiranjeto?zastitete gi drzavnite sluzbinici, bitni vi se vo sekojdnevieto, i najmalata birokratska procedura, pocnuva so niv.
Од: nikoj
Датум: 02.09.2010 12:55:14
Сега кога се расчисти со двојните функции (советнички/директорски), на ред е да се постави друго прашање. А прашањето е следното: Колку часа дневно работат професорите и наставниците од средните и основните училишта во државата. Дали по одржани 2, 3 или 4 часа дневно ги напуштаат училиштата и потоа работат на други места, односно си тераат приватни бизниси. Каде во светот даваат цела плата за 3, или 4 часа работа дневно. Сега професорите имаат компјутери кои во останатото време можат да ѓи користат за подготовка на часот, читање на литература на Интернет итн. можат да ѓи користат и за читање весници, но сепак дневното работно време од 8 часа мораат да го поминат во училиштата. 40 работни часа во неделата (20 наставни часа) што значи тоа? Работниците во индустријата работат 40 часа неделно, а вие? Или вие сте привилегирани.
Од: do gimi
Датум: 02.09.2010 14:57:59
Каде го научи тоа? Во Mein kampf или во преродбата во 100 чекори?
Од: kole
Датум: 02.09.2010 15:28:13
Isto kako nivnite brakja od DUI ???????
Од: Синови мои...
Датум: 02.09.2010 16:02:24
Да беше жив Ј.Б.Тито сите ќе ги примеше во неговата партија и директно во ЦеКа и ќе им доделеше медали за храброст пред судовите кои НЕ ГИ ПРИЗНАВААТ ...

Најди! во Утрински
Втора страница
За децата се работи
Вербатим
Средба со Нимиц ќе има, не се знае за предлог