Број 3272  понеделник, 03 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Ризична игра со оган

Амбасадорите го запалија безбедносниот аларм во Македонија

Слободанка Јовановска

Меѓународната заедница фрли „димна бомба“ во Македонија, со оцената дека гледа загрозување на политичката клима во земјата, на евроинтеграцијата, па и на безбедносната состојба. Со речник што не сме го слушнале одамна САД, ЕУ, ОБСЕ и НАТО практично не' потсетија дека си играме со оган и дека, ако вака се одвиваат настаните, многу нешта ќе се најде под прашалник.

Изјавата, според објаснувањата, е адресирана до сите што го спорат Охридскиот договор, но во јавноста доби призвук на ултиматум до Владата, иако спорот околу името директно не се споменува, туку е во поттекстот на предупредувањата.

Од Скопје и од Брисел, сепак, вчера негираа дека има таква поврзаност и дека изјавата на амбасадорите и одбивањето на премиерот да преговара околу предлозите на Грција се само коинциденција. Инаку, алармот околу Охридскиот договор и политичкиот дијалог дојдоа еден ден по оцената на ЕУ дека се забавени реформите во земјата, дека се носат антиевропски закони и дека препораката за преговори е под прашалник. Сите тие, пак, дојдоа по средбата на премиерот Никола Груевски со странските амбасадори во земјата на која им ги изнел директно своите ставови околу преговорите со Грција, откако ги изнесе на Сител.

„Изјавите на Груевски и на амбасадорите се коинциденција. Оваа втората треба да се поврзе со безбедносниот мандат што го има Фуере во земјата, како специјален преставник“, ни изјавија од Брисел, посочувајќи ги како повод провокативните изјави околу меѓуетничките односи и Охридскиот договор, кои се толку битни за ЕУ, што сметале дека треба да ги запрат веднаш. Според овој извор, Брисел засега се воздржува од оцена за изјавата на Груевски за Северна Македонија и ќе почекаат да падне правот од неа пред да извадат заклучоци.

„Изјавата на премиерот создаде конфузија и по неа имавме многу телефонски јавувања од земјите-членки. Нашиот совет беше да ја зачуваат студена главата и да не скокаат веднаш во заклучоци. Треба да се види дали таа беше внимателно проценета позиција пред да се запрашаме дали премиерот е решен да работи на решение или не. Наш впечаток, сепак, е дека тој не се чувствува комфорно во улогата што ја има, како водач, и повеќе е од оние што ги следат настаните. Секогаш е назад од нив и прави брзи интервенции, а нема ни конзистентна позиција. Ако излезе дека активно работи против решение за спорот, ќе ги процениме консеквенциите, во смисла дали вреди натаму да ја помагаме оваа земја со поддршка и со пари од даночните обврзници“, велат од Брисел.

Амбасадорот Ерван Фуере, пак, тврдеше дека целта била да предупредат на предизвиците со коишто се соочува земјата, што треба да се направи за да се соочиме со нив и како да се избегне нивното ставање во втор план. „Нашата изјава е јасна. Ако внимателно се прочита, тогаш ќе се види нашата заложба за интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО и дека за да се постигне тоа, потре��но е да биде заложба на Владата и на сите политички партии и лидери. Со нивните акции тие треба да покажат дека ја промовираат таа заложба, а не да ја одложуваат или попречуваат“, изјави Фуере.

Според Фуере, повод биле изјави на одредени лидери, поединци кои го критикувале Охридскиот рамковен договор и употребувале јазик каков што меѓународната заедница не чула одамна. „Мислевме дека е важно да ги потсетиме тие поединци, но и Владата и сите политички лидери на одговорностите што ги има оваа земја на нејзиниот пат кон НАТО и кон ЕУ и за имплементацијата на Охридскиот рамковен договор. Тоа беше духот на нашата порака“, рече Фуере, додавајќи дека изјавите во Македонија оставаат простор за впечаток дека се предлагаат други алтернативи.

„Веруваме оти Рамковниот договор е единствена алтернатива и круцијална рамка за одржување на мултиетничкиот карактер на земјата, за зајакнување на меѓуетничките врски, за отстранување на опасноста од тензии меѓу етничките заедници и за воспоставување вистинска доверба“, потенцира Фуере. Затоа, додаде тој, Владата има приоритетна задача да ја отстрани недовербата и да обезбеди на сите нивоа поотворен и почувствителен пристап во однос на проблемите на различните етнички заедници. Тој уште еднаш потсети дека Владата треба да најде начин, како што рече, неколкуте закони што биле усвоени, а не се во согласност со стандардите на ЕУ, ниту, пак, интересите на земјата, да ги измени и да воспостави политички дијалог и отворена расправа за сите прашања што се од интерес на земјата и граѓаните.

Изјавата на НАТО, ЕУ, ОБСЕ и САД за амбасадорот на САД, Филип Рикер, е одговор на некои коментари дадени во последно време за спроведување на Охридскиот договор, кои не се на тој пат. „Целата меѓународна заедница го поддржува Охридскиот договор веќе девет години, како дел од македонскиот пат кон евроатлантска интеграција, поголема безбедност и стабилност и просперитет. Сепак, се слушаат коментари во последниве неколку недели од некои кои не се наоѓаат на тој пат. Сакавме да потврдиме дека цврсто остануваме на тој пат преку поддршка на Договорот, кој обезбедува силна рамка и насоки со цел да се подобри политичкиот дијалог во земјата и да се работи заеднички кон совладување на предизвиците што стојат пред вас“, изјави амбасадорот на САД.

Според него, заедничката порака на меѓународната заедница не е остра, туку доаѓа како резултат на изјавите и ставовите на луѓето кои ги дале тие изјави. Сепак, тој не беше запознаен со најавите на Арбен Џафери дека може да го повлече потписот од Охридскиот договор и не ги коментираше најавените протести на невладини албански организации на 10 мај.

Рикер очекува од политичките лидери „сериозно да ги сфатат своите одговорности и да одат напред“. Рикер, сепак, порача дека Македонија мора да го реши прашањето со името, бидејќи од тоа зависи нејзината иднина, а Вашингтон цврсто ја поддржува на тој пат кон европска и евроатлантска интеграција.

„Прашањето мора да се реши, бидејќи доколку не се стори тоа, се поставува прашалник околу иднината на Македонија. Не треба фокусот да се става на решенијата што не се прифатливи, туку на оние што се прифатливи. Часовникот отчукува и тоа треба да се стори веднаш. Ги охрабруваме и Македонија и Грција да го направат тоа“, рече Рикер.


#
Статијата е прочитана 5417 пати.

Испрати коментар

Од: Trpe od Gradcko
Датум: 29.04.2010 00:09:25
g-dine Gruevski vo intervjuto vo emisijata Jadi burek otvoreno kazavte deka morate da pregovarate i deka ne mozete da se povlecet od pregovorite so Grcija i za toa ne ja nosite Makedonija vo izloacija i propast koga morate da progovarate tuku najdete kompromis za toa dobivte mandat i funkcija i ne vodite vo propast i izloacija...ne glumite kvazipatriot
Од: Сергеј
Датум: 29.04.2010 00:10:36
Сите, и дома и надвор, јасно го гледаат и слушаат тоа за кое премиерот Груевски се прави и слеп и глув: Македонија избра погрешен пат кон својата иднина, на тој пат и нема иднина. Се’ тоа е последица на латентната фашизација која се спроведува тивко во последните четири години. Премиерот бега од решенија, упорно барајќи нови кривци и „предавници“. Веќе денес ќе го видиме како и за овие критики на негова адреса ја обвинува опозицијата. ( http://www.otpor.net.tf )
Од: Regaconi
Датум: 29.04.2010 00:18:05
Nie ja pravime drzavata za nam da ni bide ubavo a ne na Fuere i kompanija zapad. Taman rabota ako na nekoj jabandzija mu go dadete klucot od stanot i spalnata soba vo koj ziveete i spiete, za toj da Vi go ureduva. Dosta so prikaznite za EU vrednostite i parite sto ke ni gi dadele. Gladna kokoska proso sonuva. Svojot zivot - sami si go kroime so svoj um, race i pot. Ni trebase bezvizen rezim, toa i go imame
Од: bib
Датум: 29.04.2010 00:18:45
pa evropejcite se veke umorni so mk,i mislam deka ova e posledna shansa
Од: Od Prijatel
Датум: 29.04.2010 00:24:53
Brav Grujo ovie kurumpiranite ambassadori i neprijateli na Makedonija mora da se resite tesko e da rabotis eden protiv 1000 ali tie mnogu se sekira za nas ustvari za nivniot korumpiran interes.....
Од: Миле - Охрид
Датум: 29.04.2010 00:27:18
Заканите и притисоците од страна на самопрогласената „меѓународна заедница“ се се` посериозни. Така треба и да им се пристапи. Стравот кај макдонците од можна примена на „демократски “средства (како во случајот на Србија, Авганистан, Ирак) е оправдан. Но и покрај тоа што не убедуваат дека нашето упорно инсистирање на основните човекови права и слободи, санкционирани со меѓународни конвенции, се атомска бомба и претставуваат закана за стабилноста на светот, не гледам расположеност кај македонците да ги прифатат шовинистичките барања на Грција. Сепак, „демократите“ ќе мораат да посегнат по својот „демократски арсенал“ и да не окупираат, ако сакаат да ни го сменат името. Сами тоа нема да го сториме.
Од: Трпе
Датум: 29.04.2010 00:28:51
Лесно е да си играш со оган,кога некој несовесно ти го дал жезлото и машата.Обичниот граѓанин може да се изгори.А на нашата блада,баш и е гајле кој ке гори а недајбоже и ке изгори.
Од: kumanovac
Датум: 29.04.2010 00:33:12
koja bezobraznost.da te teraat da se samoubies i uste da bides srecen sto ke go storis toa.vaka isto bese i koga tebase da se potpise ohridskiot dogovor(predavstvoto).i togas bese istata fora :ako potpisete ke vi pomogneme i ekonomski i sekako a ako ne potpisete idninata vi e neizvesna.i potpisavme a sto ni pomognaa i slep moze da vidi.sega istite igraci(zapadot vo koalicija so nasive ligusi)pak isto:ako ne si go smenite imeto idninata neizvesna.pa sto.na nas ionaka sekoj den ni e neizvesen ama barem postoime.a i ne sme tolku naivni dva pati da nasedneme na ista fora,a ako nekoj misli deka e isto jovanovski so jovanovic ili jovanidis togas toa e negov problem.
Од: Ne davam ime
Датум: 29.04.2010 00:41:27
Dosta od pritisoci i zakani od naakani imperijalisti. Ovde vekje se raboti za borba za sloboda na Makedonskiot narod. Napred Gruevski!
Од: Ljubotan
Датум: 29.04.2010 00:56:47
Neverovatno ,ama pak vistinito.Na krajot Kamentarite i analizite na Ljubotan se obistinvaat,.Svetskata politika e za: Dezintegracija na Makedonija,a potem ,Nekoj si Berlinski Kongres Bugarija i Albanija! Grcka e samo Timoftalin ili Metilorang,za da je zavrsi Reakcijata- Rabotata. Vo Ovoj slucaj ne vazi starata;,,Kade se dvajca karaat tretiot koristi,ovde site Tri ;Bugarija,Grcka a i Albanija ce gi ostvarat nacional istoriskite stremezi,a golem gubitnik e Srbija.
Од: maki
Датум: 29.04.2010 01:07:57
Ova ne e dijalog, ova e eden ultimativen monolog na megunarodnata zaednica. Samo referendum, taka ke znaeme dali zasluzuvame voopsto da postoime..Im poracuvam na site nie sme del od Evropa i nikoj nema pravo da ne izbrise. Odgovornosta mora da ja poneseme site, MAKEDONCI nemojte sami da se izbrisime.
Од: Macedonian dream team
Датум: 29.04.2010 01:13:57
Onie oceni od NATO, OBCE, EU i SAD ,voopsto ne ne zagrizuvaat. Tie ne se validni i relevantni bidejci ne se zasnovaat na temelni i strucni anlaizi. Mnogu poznacajni za nas , a i vo svetski razmeri se ocenkite na "intelektualnata grupa " od emisijata Bumbar , posebno na Dedo Ilija, pa onaj"prekrsanoto Bituse do najprekrasnata voditelka" pa Makedonka od Veles i mnostvo drugi, a nisto podolu ne padja ni Buregdjijata Janko so svoite "dlabokoumni" meditiranja so svoite gosti. Za Tomic ic zbor da ne pravime. Za nego vece se "tepaat BBC i SNN, kako klubovite za Mesi, Djorcev, Ilija i Bicikliski se von konkurencija so svoite izlaganja i nivoto na IQ. E koga ce se dodade ia Aco od Avstralija i Brian od Kanada, koj moze da izleza na kraj so ovaj nas "tim od sonistata". Site onie ambasadori se autsajderi prema nasive "intelektualni velicini" Gospod neka ni e na pomos!!!
Од: SMK
Датум: 29.04.2010 01:35:47
Za imeto, vladata trebashe jasno da objasni deka OON se vinovni za nelegalnata postapka i uslovite za priem vo ON!!! Vaka posledici se negativni za drzavata!
Од: nacional-patriot
Датум: 29.04.2010 02:08:32
Nema da ima kompromis so Atina,nikogas.Poradi toa se doveduva vo prasnje idninata na nekoi birokrati kako Fuere,Riker,i drugi.Nivnate politicki karieri se doveduvaat vo prasnje od nivnite sefovi.Zatoa sega davaat vakvi izjavi vo panika.Neka ne glumat zagrizenost za Makedonija.Taa ke si postoi i koga tie birokrati od NATO i EU nema da postojat,a isto taka ke postoi i koga nivnite naslednici nema da disat.
Од: altruist
Датум: 29.04.2010 02:08:52
Срто ова беше очекувано од секој нормален човек во Македонија. се разбира дека вжештените глави не се во "филмот", но доливаат масло на оган на чело со премиерот ни.Тој нема дајле-товарено му е магарето и може лесно да му ја дувне ( најдобар пример Даравелски - неговиот соработник -кога му беше шеф).Леле мајко, што може да очекуваме од незрели политичари?....
Од: diplomat
Датум: 29.04.2010 03:18:27
Se smeam so naivnite izjavi na daskalovski,vankovska,vasko popetreski..Abe lugje opametete se veke ednas!Vo zapad nema mitovi,iluzi,sonista,tuku realnost,racionalnost,pragmaticnost!Vie ste eden kvart na golemite amerikanski,evropski gradovi,a ja imate taa moznost da bidete drzava!Nemojte da ja prokockate bas na krajot sudbinata!SAD ima i plan B za vas ako ne se opametite!Se bese super,dojde gruevski i unisti se!Na nadvoresen i vnatresen plan!Pocnuvajki namerno da ja provocira grcija,znaejki deka taa mora da glasa za NATO i EU,i toa otkako dobivme kandidatski status 05!!!Kade grcija ne se protivese!Rezultat: vo 08 dovede do blokada vo bukurest,a 09 vo brisel+zaostruvanje na baranjata za imeto.Siguren sum deka nemase da ima blokada so politikata na buckovski+dvojnata formula ke pominese!Buckovski vodese i proaktivna diplomatija vo nadvoresen plan+krajno sproveduvanje na ohridskiot dogovor!Pragmaticen politicar,koj im treba na makedonija!Covek bez predrasudi!
Од: pameten
Датум: 29.04.2010 05:50:50
Tatkovinata e teshko zagrozena. Albancite, Srbite i drugi ne se osekajt del od Makedonskata nacija, a sme vo konflikt so site (de facto 3, ) sosedi - Grcite Albancite i Bugarite. (Srbite po nezavisnosta na Kosovo se zasekogash von igrata vo Makedonija) Ochigledno sme i vo teshka megjunarodna izolacija. A mozhe i samite da se podelime ako prodolzhime da povrzuvame Makedonskata svest so istoriski prikazni i fantazii. Denes ne e vreme da lupame kolku site ne se fer so nas, toku da sfatime deka se vo kjrsokak i so mudrost da barame izlez.
Од: sando novoselec gogovski
Датум: 29.04.2010 07:20:04
evropa nee e med i maslo ne treba da si go menime imeto za vlez vo evropa se vidi deka unijata ima karta da ja izbriši makedonija od evropskata karta samo zahtevat nešto bez veza da se kaže ne može i grozat so vojna kako vleze bugarija dali go reši makedonskoto narod što živee vo bugarija toa se evropski igri vo šteta na makedonija
Од: Светски терористи
Датум: 29.04.2010 07:57:59
Европските амбасадори се представници на земји кои веќе тероризираат наоколу по светот и странци во своите земји. Подчини и владеј. Треба да се биде слеп и со ограничена моќ на расудување за да не се види тоа што од авион се гледа. Но жеддта за пари и владеење ги прави исто такви и еден дел од македонските граѓани. Би продале и име и традиција за шака евра. Истите го отежнуваат развојот на земјата и ја уназадуваат. А тоа и е целта зарем не?
Од: Што сакаат САД од нас?
Датум: 29.04.2010 07:59:49
Г-нот Рикер нека го стави фокусот на името на нашата држава - Република Македонија - име што САД го прифатија без никакви услови. Каква држава се ако не си ги почитуваат сопствените одлуки??? Каква демократија ни продаваат кога не ни го признаваат основното право за самоопределување?
Од: todor
Датум: 29.04.2010 08:05:21
За жал македонија го избра Хитлер, Сталин и Милошевиќ за премиер. За жал Македонија место во демократија оди во тортура, диктатура и едноумие. И зџа жал е што поради Грујо и неговата суета ќе страда македонија. Дали тоа не му е целта на Грујо, дали тој не работи за странски интереси како што работеше неговиот лидер ЉуБчо.
Од: Nato-Jato
Датум: 29.04.2010 08:14:37
So kradenje i kriminal ne se brani imeto gospodine premier!!!
Од: Ангел
Датум: 29.04.2010 08:23:48
Евробирократи не сте праведни. Барајте од Грција да престане со фашистичкото барање. А што правите со Македонците во соседството. Кога вашата членка Блгарија ке го признае ОМО Пирин.Стопираат на граница. А бе каква евродемократија носете се.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 29.04.2010 08:32:34
Зошто вака не срипаа оние од Брисел и САД кога отворено им се закани екслидерот на ДПА дека ќе го повлече потписот од Охридскиот договор,или мислат да пак власта е виновна а секој друг е амнестиран од одговорност за изреченото и стореното.Одма се прилепија виножитните и повторно по кој знае пат ни испорачаа како треба покорнода се однесуваме а се зачинето со бескичмењаштво. Сите молчат од симулатори до ЕУ и НАТО да 65% од народот не сак влез според гумарабика теркови.
Од: do Macedonian Dream team
Датум: 29.04.2010 08:39:56
Го заборави и Регацони, тој е некој нов Феликс во последно време, а бидејќи потполно исто пишуваат, веројатно е едно исто лице. Нејсе, тој вели сами сме требале да си ја кроиме судбината. Та од тоа јас и се плашам, не знаеме да кроиме, докажано низ историјата. А тоа дека ќе сме зеле пари од некоја си ЕУ, та ние и до сега земаме дечко, земаме, и затоа и мораме да слушаме. Инаку ако си толку маж, кажи нејќам пари, сам ќе си живеам, сам ќе си пласирам стока, сам ќе си градам патишта, сам ќе си бидам свој паша и султан и тогаш Македонија може комотно да си го смени името во Енверија. Звучи познато: Е сега, Регацони појди малку со тој безвизен режим во било која земја од новие членки на ЕУ, па малку проплакни го тоа мозокот што значи демократија, тоа не е да правиш што сакаш туку да почитуваш ред и поредок.
Од: SDSM
Датум: 29.04.2010 09:24:36
Za site proevropski komunjari vo makedonija sto za evropa bi si smenile i svoe ime a ne ime na tatkovinata " SMRT KOMUNIZMA SLOBODA NARODA "
Од: Mirce Vladimirov
Датум: 29.04.2010 09:41:01
A zosto vo ovoj broj na Utrinski nema bas nisto za soznanijata na Gros ?
Од: dimitar
Датум: 29.04.2010 09:45:49
do koga misli premierot sekogas da ja prefrla topkata kaj opozicijata,pa ne e ovaj narod tolku glup da ne svaka,patem ke si vidi na drugive izbiri,ako ostanete uste ednas na vlast poveke ne mi se veruva ,tocno e deka nie imame edno ime i sekogas toa ke ni e vo srceto bez razlika sto ke bide kompromisot ,samo nie sme zrtva na covek koj saka da ostane na vlast ,za eden covek stradaat 2 milioni luge pozzz narode
Од: makedonce
Датум: 29.04.2010 10:36:39
bravo gruevski ime ne davame izrodi imalo i ke ima ama makedonjija bila i ke bide
Од: Ристо Андов, Скопје, Македонија
Датум: 29.04.2010 10:37:11
Се добива печаток дека, сите структури, домашни и сртански, се натпреваруваат кој ќе биде по лута миридија во македонската каша. Имено, сите зборуваат за компромис на името, но сите молчат во врска со македонството во целина. Тоа значи, не кажуваат што ќе биде со правата и состојбите на Мекадонците каде и да живеат!? Денес или утре ќе ни биде наметнато име на државата и ќе се отворат евро-атланските перспективи на истата. Но господа, геноцидот над Македонците ќе продолжи бидејки ќе бидат изневерени правата на нашите браќа надвор од државата. Тоа ли требе да биде целта во брбата за македонски права оставена како аманет од нашите револуционери, комити и партизани!!??
Од: do macedonia draem team
Датум: 29.04.2010 10:57:14
odlichna analiza na avtorot... golem pozdrav prijatele za majstorskiot zbor , sve gi pogodi... samo bi se nadovrzal, sudejki koj ne vodi i zastapuva, pa nie sme osudeni odnapred na propast... ekonomskiot ambis e veke evidenten... na red e i politichkiot krah... a nas ne vodat i polnat glavi srednisti i hoshtapleri od rang na bichikliski, gjorchev i ilija ovoj kolumnistov, koj nikako da zavrshi fakultet .. zhalno
Од: ardit
Датум: 29.04.2010 10:58:29
Ne samo so ogan tuku i se majtapira so site mozni faktori. Ednostavno skolla na Milosevic, koj se znae sto se napravi posebno za svojot narod. Ako Grujo sonuva nekoj drug son ,moze da se laze zatoa sto moze da dobie golema slakanica.
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 29.04.2010 11:47:35
Za site komentatori koj grakaat deka evropa saka da ne unisti. Dali imate mozok be ligje? Ako sakaat da ne unistat mislite deka toa kje go napravat so promena na imeto? Ima mnogu posofisticirani nacini da go storat toa ako sakaat (so vojna ofkors), kako sto napravia vo ex_Yu i vo Srbija. Ne se zanesuvajte deka sme nekoja golemina vo evropski razmeri...nie sme NULA. Koga kje go svatite toa za site kje bide podobro....Inace site vie bi g mele sopstvenite iminja i preziminja (i jas isto) za mesecna plata od 2.500 EUR. Zatoa ne glumite nekoj lazen patriotizam tuka,,,,
Од: milano
Датум: 29.04.2010 11:53:24
Administracijata na pocituvaniot Obama treba seriozno da razmisli koi luge gi praka za ambasadori dali si go gledaat samo nivniot interes ili za toa so se plateni citat, Рикер очекува од политичките лидери „сериозно да ги сфатат своите одговорности и да одат напред“. Рикер, сепак, порача дека Македонија мора да го реши прашањето со името, бидејќи од тоа зависи нејзината иднина, а Вашингтон цврсто ја поддржува на тој пат кон европска и евроатлантска интеграција. Gospodine koe ime koga vasata Zemja ne ima priznaeno pod ustavno ime ako ne vi se jasni rabotite a kolku so gleam izgleda ne obratete se za pomos kaj Bus i mislam deka rado ke vi razjasni nekoi prasanja
Од: Saso Germanija
Датум: 29.04.2010 12:03:31
Makedonija e sozdadena vo borbata protiv nacisticka Germanija kako sojuznik na Anglija i Amerika koi na nasite partizani pustaa obleka i oruzje od neboto. Zatoa mnogu prostacki e da se debatira. Imeto Makedonija zatoa ne podlezi na nikakva diskusija. Toa treba da mu se plesne vo oci na Papandreu. Toa treba da e odgovorot na Gruevski.
Од: Ambasdor vo MNR
Датум: 29.04.2010 12:58:23
Dokolu se donese rezolucijata na ON za menuvanjeto identitet na RM, takvata rezolucija mozhe da se obesnazhi preku Sovetodavnoto mislenje dadeno od Megunarodniot sud za pravada vo Hag. Prashanje za Sovetodavnoto mislenje treba da postavi/pobara Generalnoto sobranie na OON! Toa se pravi na makedonskata inicijativa!!
Од: Albanec
Датум: 29.04.2010 14:37:32
I Milosevic se pravese takoj kako Grujo ama svi znaete kude e sega on i Yugoslavija,nemam veke sto da komentiram
Од: Nikola
Датум: 29.04.2010 14:49:39
Napred Premiere! Neka puknat dushmanite i glupavite koj sto slepo mislat deka strancite i mislat dobro na Makedonija. Pozdrav
Од: BMRO ΔΠΜΝΕ -До:SDSM
Датум: 29.04.2010 14:59:33
За сите „патриоти“,што ветерот ги вее на Исток,и imeto bi si go smenile samo za б`lgarija i svoe ime a ne ime na tatkovinata Да те парафразирам преку „нашите“достигнувања: „СМРТ НАРОДУ, СЛОБОДА ФАШИЗМУ!“и следниот пат - барем научи како се пишува!
Од: Сојузник
Датум: 29.04.2010 15:03:54
Македонија настанала како сојузник на САД и Англија за време на втората светска војна! Кога е потпишан договорот за сојузништво!?Сашо од Германија,прочитај нешто пред да пишуваш!Македонија како федерална единица на Југославија постои од 2 август 1944.Англичаните и Американците ги помагале и четниците и партизаните,на чело со Дража Михајловиќ и Тито, на ниво на Југославија,а немале посебни релации со Срби, Хрвати,Македонци,Словенци...Мисли што пишуваш!
Од: Адам од Говрлево
Датум: 29.04.2010 15:07:29
Меѓународна заедница? Дипломатите кај нас треба да ги следат состојбите во РМ, а не да ги ПРЕДВИДУВААТ , ДА ГИ КРЕИРААТ. Ако треба да ја играме играта на самопредавство, нека ни менуваат име, нека ни фингираат конфликти, НИЕ НЕ МОЖЕМЕ ДА СЕ ОДРЕЧЕМЕ ОД СЕБЕ САМИТЕ! Нашата меморија, наследството од нашите претци, нашиот изграден а непризнат идентитет, - сето тоа сме ние. Ни го расподелија народот- нацијата, земјата, душата, и сега сакаат да ја зацврстат нивната политика, која ја расподели Македонија во и по балканските војни и по охридскиот договор... Што е многу, многу се. Ајде, со Рамковниот немаме проблем, не за друго, туку дека со албанското малцинство живеевме добро и сложно додека не почнаа да го политизираат и употребуваат токму некои дипломати. Греманија ја знае најдобро злоупотребеноста на Македонија и Македонците; (Лотар Штефан) – оние што сакаа да не’ избришат од историјата. Тоа е нивна работа, а за нас тоа е нешто веќе видено... Не ни треба таква заедница!.
Од: alex
Датум: 29.04.2010 15:21:11
e ne evropa uste ke ni pejt nije ke igrame ne ni tebat ni evropa ni nato sami sme poubo ne saket koga imame pari za da se polni evropskata kassa
Од: tayip abdula-turk(mk)
Датум: 29.04.2010 17:41:34
Kakvi gluposti?kakvi navredni zafaluvanja na Arben Caferi?kakvi zafaluvanja na nevladini Albanski organizacii za 10-maj? Moram da potvrdam deka stvarnata turska multietnicka zaednica vo Istocna makedonija cvrsto stoime pozadi site uspesi na denesnata vlada i Gruevski. Edno so sigurnost znam deka nema vojni i nikakvi promeni na granici na Balkanot, bi gi zamolil site nasi makedonci lojalni kon ustavnoto ime na RM, da ne svataat nas deka nie turcite vo nikoj odnos,ne sakame da ziveeme vo "Golema Bugarija" izmislena "Severna grcka makedonija"ili planirana "Lazna golema Albanija" nego samo vo denesna RM-

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
Оливера Војновска
МЕРИДИЈАНИ
Брадфорд Делонг
Мислења
Ивор Мицковски
Мислења
Исмет Рамадани
ИНТЕРВЈУ
Мевлут Чавушоглу
Тревога на Тајмс сквер

Хелена Кристиенсен
Гола за „Reebok“