Стабилноста на Македонија е значајна за регионот
ТИРАНА - Министрите за надворешни работи на Албанија и на Хрватска, Љуљзим Баша и Гордан Јадранковиќ, по средбата во Тирана искажаа заеднички став дека стабилноста на Македонија е многу значајна за целиот регион.
Според Баша, тоа што се случило во одделни региони во Македонија на денот на изборите е неприфатливо за еден слободен изборен процес.
„Стабилноста на Македонија е многу значајна и се надеваме и очекуваме Македонија за кусо време да продолжи со потребната динамика во правец на евроатлантската интеграција и регионалната соработка“, додаде Баша.
Хрватскиот министер оцени дека внатрешната стабилност на Македонија е многу значајна за стабилноста на целиот регион. (МИА)
|