САД повикаа да се повторат изборите каде што имаше нерегуларности
Вашингтон - САД ја повикаа денеска Македонија да го повтори гласањето во избирачките места, каде меѓународните набљудувачи регистрирале сериозни нарушувања на изборниот процес. "Доколку Македонија преземе мерки со цел да ги реши проблемите, кои произлегоа од изборите, тоа прашање нема да се одрази врз нејзините стремежи да стане членка на НАТО", изјави портпаролот на Стејт департментот Шон Меккормак.
Тој нагласи дека е очигледно оти на некои избирачки места се регистрирани мошне сериозни проблеми. САД исто така ја повикаа Македонија да спроведе истрага за насилствата и нерегуларностите и да ги изведе пред суд лицата кои се одговорни за инцидентите. (МИА) |