Брoj 2703  среда, 04 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
На прво место

ЕУ бара прегласување и казнување на одговорните за инцидентите

Иако изборите во голема мера беа спроведени мирно и достоинствено, Претседателството на ЕУ се согласува со процената на ОБСЕ/ОДИХР и длабоко жали што изборите во некои делови на земјата ги следеа насилство и заплашување. Претседателството инсистира сите пријавени инциденти да бидат соодветно истражени и да бидат преземени соодветни мерки. Претседателството на ЕУ ја поддржува иницијативата на премиерот Никола Груевски и другите политички лидери за прегласување на изборите во одредени места. Спроведувањето на таа иницијатива ќе придонесе за гаранција на легитимитетот на овие избори.

Во исто време, Претседателството ја поздравува заложбата што ја изразија сите политички партии за време на изборната кампања во полза на проевропската агенда на земјата, што е суштинско за нејзината иднина и од клучно значење за стабилноста во регионот. Претседателството ги охрабрува лидерите на Македонија двојно да ги зголемат реформските напори откако изборниот процес ќе биде целосно завршен, а нерегуларностите соодветно санкционирани. Натамошни чекори во процесот на европска интеграција се можни во текот на годинава со исполнување на потребните услови и неодложно спроведување на приоритетите утврдени со Пристапното партнерството.

Шефер длабоко загрижен

Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, е длабоко загрижен од прелиминарните заклучоци на посматрачката мисија на ОБСЕ, дека изборите во Македонија не ги исполнија клучните меѓународни стандарди. И покрај многуте позитивни елементи, изборниот ден бил нарушен од насилнички инциденти, заплашување и полнење гласачки кутии во доминантните етнички области. Земјите кои работат на членството во НАТО мора да ги вложат сите напори за да ги исполнат демократските стандарди на Алијансата. Активни чекори треба да се преземат за да се одговори на безбедносните и изборните недостатоци, особено во контекст на повторување на гласањето во местата каде што изборниот процес мораше да се прекине. (Н.Р.)


Статијата е прочитана 202 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
САД повикаа да се повторат изборите каде што имаше нерегуларности
Големи критики за однесувањето на полицијата
Британија ги осудува изборните насилства во Македонија
Стабилноста на Македонија е значајна за регионот