Број 3330  понеделник, 12 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Заради името трпи и Бизнисот

Економистот Џек Адамис, од „Ешли ворлд груп“, вели многу грчки фирми веќе не се интересираат за соседната земја

Многу грчки фирми веќе не се интересираат за соседната земја, смета економистот Џек Адамис, еден од најискусните грчки деловни луѓе во Југоисточна Европа (ЈИЕ), кој работи за реноминарата маркетинг агенција од Атина, „Ешли Ворлд груп“, и тоа не само поради ограничениот буџет. „Токму кога некое претпријатие е во криза, надворешната трговија му нуди нови нови деловни опции. Во тој поглед Грците, секако, треба да бараат можности во странство, но сметам дека во моментов тие повеќе се заинтересирани за поголеми пазари, како што се Романија или Бугарија. Видете, Романија има дваесет и пет милиони потенцијални потрошувачи, Украина дури педесет милиони, таму има сосема поинакви можности. Освен тоа, актуелната политичка ситуација во Скопје не е многу поволна за нас...“, вели Адамис.

А зошто не? Адамис малку се двоуми, негов домен е, пред се', бизнисот и не сака да вплетка во политичка дискусија, но потоа, сепак, сосема јасно зборува за актуелните проблеми. Тој вели дека порано имал чувство оти е добредојден во Скопје. Затоа Грција и денес е најголемиот странски инвеститор во земјата, наспроти се' уште нерешениот спор за името. Но, Адамис вели дека безгрижните времиња, за жал, минаа: „До пред неколку години ние без проблеми можевме да работиме во оваа земја, всушност, воопшто немаше проблеми. По последната промена на Владата во Скопје, а најмногу по грчкото вето во Букурешт, веќе не е толку едноставно. Во еден период луѓето не можеа ни да стојат пред грчкиот конзулат за да поднесат барање за виза за Грција, оти веднаш ги нарекуваа ’предавници’...“ објаснува Адамис.

Повеќе од 250 грчки фирми работат во соседната земја, каде што инвестирале над една милијарда евра. И Џек Адамис голем дел од времето го минува во Скопје, не само поради професионалните обврски, туку и затоа што таму има добри пријатели. Како што вели, тешкотиите ги прифаќа со хумор и самоиронија: „Повеќе од дваесет години сум активен на Балканот и секаде најдов нови пријатели, но ви велам: моите најдобри пријатели во регионот се од Скопје. Кога сум таму, меѓусебно се посетуваме и ја критикуваме високата политика. Моите пријатели ми велат дека доаѓам од ’поранешната османлиска империја Грција’. Значи, како и да одлучи политиката, мене ми е важно со тоа да не се нарушат меѓучовечките односи...“, потенцира Адамис.

Решение во спорот за името би било од корист за двете земји, смета Адамис. А за него лично во секој случај, имено, тогаш би имало директна авионска линија меѓу Атина и Скопје. Грчкиот бизнисмен не може и не сака да им дели совети на политичарите што преговараат. Но, тој смета дека двете страни треба да му пристапат на проблемот со студена глава. „Нашите соседи, сепак, знаат дека ако соработуваат, може само да профитираат. Тие немаат заедничка граница само со Грција, туку и со Албанија, со Косово, како и со Бугарија. И со сите овие соседни земји, всушност, имаат поголеми тешкотии, отколку со Грците. Мислиме дека со спорот за името имаме огромен проблем, но реално овој проблем е повеќе маргинален...“, укажува Адамис. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 725 пати.

Испрати коментар

Од: Мите
Датум: 12.07.2010 00:10:36
а зошто нема повеќе редовни автобуси за Солун ( за Атина нема ни воз ни автобус)?
Од: db
Датум: 12.07.2010 10:32:03
Prerodbata prodolzuva.
Од: Никогаш
Датум: 12.07.2010 13:38:55
Се чудам како овој голем економски аналитичар не успеал да го открие решението за економскиот БУМ на Македонија, а тоа е - да се врати Бранко!!!

Најди! во Утрински
Економија
Затворени 51 обложувалница
Зелениот картон ќе поевтини, ама наесен
Kашичките „Фрутек“ повлечени од продажба
Реконструкција на Блаце
Ватикан три години бележи минус
Најголем раст на еврото
Побрз раст на светската економија