Број 3330  понеделник, 12 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Ватикан три години бележи минус

Ватикан веќе трета година бележи финансиска загуба. Светиот престол ја завршил 2009 година со дефицит од 4,1 милион евра, во споредба со загубата од 911.514 евра во 2008 година и девет милиони евра во 2007 година. Во 2009 година Ватикан имаше приходи од 250,2 милиони евра, а 254,3 милиони евра расходи. Меѓутоа, годишните донации од црквите низ цел свет, познати како годишен доброволен прилог од римокатолиците за трошоците на Светиот престол, беа зголемени за околу девет проценти во 2009 година и изнесуваа 82,52 милиони долари.

Повеќето трошоци на Ватикан се за покривање на активностите на папата Бенедикт Шеснаесетти и на службите, како што е Ватиканското радио, чија програма се емитува на пет континенти, на 40 различни јазици. Се додава и дека се направени скапи усовршувања на телекомуникацискиот систем, а реставрирањето на културните богатства и осигурувањето на безбедноста, исто така, се додаваат на сметката. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 393 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Затворени 51 обложувалница
Зелениот картон ќе поевтини, ама наесен
Kашичките „Фрутек“ повлечени од продажба
Реконструкција на Блаце
Заради името трпи и Бизнисот
Најголем раст на еврото
Побрз раст на светската економија