ШТИП - Дваесет и шестгодишната Виолета Михаиловска од Делчево и 28-годишниот Дејан Величковски од Крива Паланка на традиционалната Пијанечко-малешевска свадба ја крунисаа својата осумгодишна љубов. Свадбата се организира по третпат и е дел од туристичката понуда за посета на овој регион. Благодарение на конкурсот за Пијанечко-малешевска свадба, тие имаа народна веселба, проследена со сите обичаи за овој крај. Весна Илиева од Организацискиот одбор на Општина Делчево изјави дека Пијанечко-малешевската свадба ќе стане туристички бренд на овој крај. (МИА)