Дејвид Бекам
Посакува принцот Вилијам да го покани на свадба
Дејвид Бекам се труди Англија да биде домаќин на Светското првенство во фудбал во 2018 година. Покрај тоа, тој има фрлено око на уште еден спектакл, кој во неговата земја ќе се случи идната година. Познатиот фудбалер се надева дека неговиот труд и придонес за земјата ќе биде награден со покана за кралската свадба на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Неког��шниот капитен на англиската репрезентација замина во Швајцарија да лобира за британското домаќинство, а со него отпатуваа и принцот Вилијам, како и премиерот Дејвид Камерон.
Вилијам и Дејвид толку се зближиле во текот на патувањето што фудбалерот се надева дека ќе добие и покана за свадба. „Навистина, свршувачката ја споменавме во неколку разговори. Пораснав во семејство каде што сите ја обожаваат кралската фамилија и мислам дека таа свадба ќе биде фантастична за целата земја. Се' уште не сум прашал за поканата, но ако ја добиеме организацијата на Светското првенство, можеби и ќе добијам покана“, открил Дејвид Бекам.
Освен Бекам, уште цела низа славни личности сакаат да се појават на свадбата на принцот Вилијам. Раперот Снуп Дог ги понудил своите услуги за свадбата и најавил дека својот нов сингл „Вет“ ќе го посвети на ергенската вечер на Вилијам. |