Бритни Спирс
Признала дека момчето ја тепа
Интернет-страницата „Радар“ објавила аудиоснимка од разговорот на Џејсон Александер и глас, кој наводно и' припаѓа на Бритни Спирс, каде што таа му признава на својот бивши сопруг Александер, дека сегашното момче Џејсон Тревик физички ја малтретира, како и дека ја побарал за жена, но таа го одбила.
Во снимениот разговор Спирс тврди дека таа и Џејсон не се љубовен пар и дека нејзиниот татко е толку лут на Тревик што „чува сачмарка и само чека да ја употреби“.
Американските таблоиди пишуваат дека застапниците на Бритни Спирс ја негираат автентичноста на снимките и најавуваат поведување правна постапка.
Целиот случај излегол во јавноста по шокантното интервју на бившиот сопруг на Бритни, Џејсон Александер, за еден американски магазин, каде што тој тврди дека бившиот менаџер, а сегашно момче Џејсон Тревик ја тепа и физички ја малтретира, како и дека носела негово дете порано оваа година.
„Бритни трпи малтретирање. Животот и' се претвори во ноќен кошмар. Ми раскажа дека Тревик толку силно ја удрил што и' останал подлив под окото“, изјавила Александер за „Стар магазин“.
Инаку, Џејсон Александер и Бритни се венчаа во Лас Вегас во 2004 година, по забавата на која зеле екстази. Нивниот брак траеше само 55 часа. |