|
|
|
|
|
|
Страста за тутун посилна од казните
Санкциите се' уште ги одминуваат пушачките објекти иако Владата најави нови рестрикции и засилување на инспекциите
Бојан Шашевски
Гостите во кафулињата и во дискотеките пушат, а газдите не ги спречуваат. Тутун наголемо чури дури и во концертните и во спортските сали. Во поголемиот дел од овие објекти, на масите и на шанковите, наспроти забраната за пушење, се наоѓа по некоја пепелница која редовно се полни со догорчиња. И налепниците со пречкртани цигари што бодат очи се невидливи за консументите на катран и никотин при што ја продолжуваат старата песна и уживаат во штетното задоволство.
Законот за заштита од пушење остана ист, а исти останаа и навиките на уживателите во никотинскиот чад. Или барем навидум ист за оние што не ни почнале да го почитуваат и да го спроведуваат. Континуираните незадоволства на угостителите и критиките од опозицијата против „пушачкиот закон“ не ја обесхрабрија Владата да продолжи со рестрикции и со засилување на казните, но и да пушти на терен повеќе инспектори за да ги демнат местата каде што е забрането пушењето. Што се однесува до одлуката за привремено затворање на објектите на непослушните сопственици кои ќе овозможуваат пушење во своите локали, се' уште не се практикува, бидејќи не е завршена процедурата за нејзина примена.
Елизабета Чингаровска, директорка на Државниот пазарен инспекторат, вели дека Министерството за здравство е надлежно за донесување и изменување на Законот за заштита од пушење. „Пазарниот инспекторат врши контрола над спроведувањето на Законот во угостителските објекти. Измени на Законот за заштита од пушење во делот на казнената политика се' уште нема. Точно е дека од декември минатата година Инспекторатот ги интензивираше контролите во однос на почитување на овој закон и до крајот на јануари оваа година изврши повеќе од 1.500 надзори на територијата на државата. Неправилности се констатирани во околу 300 случаи, за што се поднесени прекршочни пријави до надлежните судови“, рече Чингаровска. Според неа, во некои случаи е забележано повеќекратно непочитување на законот во ист угостителски објект, а затворени се 25 локали каде што е утврдено пречекорување на работното време. Во зависност од прекршувањето, локалите биле затворени од 10 до 30 дена.
Илија Ангеловски, бивш сопственик на ресторан во Кисела Вода, смета дека постои нелојална конкуренција. Тој објасни дека Законот за пушење не имплементира еднакво, затоа што некои локали се „привилегирани“ да прават промет, додека во други се лепат високи казни и постојано се контролираат од државните пазарни инспектори.
„Некои од сопствениците мака мачат да привлечат гости во своите непушачки објекти и се потат за секој заработен денар. За разлика од нив, поединци упорно ги одминуваат забраните, со задоволство ги пречекуваат клиентите-пушачи и, се чини, воопшто не ги ‘чешаат‘ казните од 2.000 до 4.500 евра и можноста да добијат пломба на вратата од Пазарната инспекција“, рече Ангеловски.
Тоа го потврди и Ферхан Бербери, претседател на Туристичката угостителска комора, кој кажа дека правеле годишна анализа на состојбата на локалите низ државата по донесувањето на Законот.
„Анализата покажа колапс на туристичко-угостителската дејност. Во 2010 година, 60 отсто од локалите имале намален промет, а во 40 отсто од нив биле нужни отпуштања на персоналот“, потенцира Бербери. Притоа, тој додаде дека и покрај сите казнувања и рестрикции, Законот не покажува никаков ефект во однос на намалување на бројот на пушачите во земјата.
Исто така, Бербери рече дека лично му ја доставил на премиерот Никола Груевски направената анализа, но и многубројни предлози за дополнително олеснување и либерализирање на пушачките локали.
„Предложивме, по сопствен избор, сопствениците да платат за добивање посебни лиценци со кои ќе се овозможи пушење во одделни простории во локалите. Се' уште не добивме конкретен одговор. Наместо да се разгледаат приложените предлози, властите донесоа одлука за порадикални казни и измени на Законот за борба против пушењето, со кој ќе може да се затвори секој локал каде што ќе биде затечен човек со цигара“, додаде Бербери. Тие измени се чека да поминат низ собраниски процес, па потоа да се одредат казните од Министерството за здравство. Бербери нагласи дека дека законските норми против пушењето ќе се однесуваат само на угостителите, но не и за казината. Овие објекти нема да бидат затворени, бидејќи таму страстните уживатели во никотинот непречено можат да пушат. (Б.Ш.) |
#
|
Статијата е прочитана 1876 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Poodvratno nesto od cigari nema |
Датум: 21.02.2011 12:58:40 |
|
nemozam da svatam kako lugjevo gi pusat! em rak ke zakacis nekoj ... ama toa ti e stoka narod |
|
|
|
|
|
|
Од: RND |
Датум: 21.02.2011 14:21:03 |
|
Abe vo salite kade sto se igra kosarka ima maloletnici sto pusat. Toa e uste poodvratno. Mesto da se promovira sportot - vo salata ne se disi, a plus zakonot za neprodavanje cigari na maloletnici e mnogu nefunkcionalen!!!!
|
|
|
|
|
|
|
Од: Ssss |
Датум: 21.02.2011 20:02:33 |
|
Dobro be nie pushacite treba li da se cuvstvuvame kako gradzani od vtor red, ne smeesh da pushish u kafana , ne smeesh na ulica . . . . |
|
|
|
|
|
|
Од: Силвестер, Сиднеј |
Датум: 21.02.2011 23:05:32 |
|
Ова е менталитет. Не се бега. Ниеден закон не работи. Само чудно ме е зошто кога истите тие граѓани овде во Австралија ги почитуваат законите без проблем. Мене тоа не ми е јасно. |
|
|
|
|
|
|
Од: Дони |
Датум: 21.02.2011 23:20:15 |
|
Законот треба да се применува и, јасно, да се казнуваат прекршителите. Но многу закони како да постојат само на хартија (пр. оној за чистота, па сообраќај,...). Од 1000 што ќе го прекршат законот ќе се казни само 1, а 999 ќе поминат така, а треба да е обратно. Поминував покрај основно училиште во строгиот центар на градот, само што им завршила втора смена, една група основци со цигари, д��уга со шишиња алкохол и тоа во дворот. Каде се инспекторите, наставниците, директорот, родителите? |
|
|
|
|
|
|
Од: mitev boban |
Датум: 22.02.2011 00:09:35 |
|
Kako prvo vo site sportski objekti ne se pusi.Ovaa zabrana strogo se pocituva i milicijata go sproveduva zakonot. Pod 2 , jas sum pusac i sakam da pusam koga ke izlezam navecer. I koga bi mozel da odam samo na edno mesto vo Skopje kade e dozvoleno pusenje jas bi izleguval samo tamu i nikade na drugo mesto.Onoj sto saka da se zastiti od nas "stokata " sto pusime neka ne doaga kaj nas . Po neme ispravno e da postpi licenca za pusacki lokali , pa i diskoteki. |
|
|
|
|
|
|
Од: Lindi |
Датум: 22.02.2011 03:41:19 |
|
Najodgovorno vi tvrdam deka vo Tetovo ovoj zakon ne postoi nikade nemozhesh da go primetish, se pushi kako i pred da se donese ovoj zakon. Vladata ovde sozdava prostor za manipulacija ako saka ima drug efikasen nacin so akciza da se dojde do 150-200 MKD najeftin paket na cigari. |
|
|
|
|
|
|
Од: lorija |
Датум: 22.02.2011 07:10:17 |
|
pusenjeto cigari e licen izbor. i istoto po niedna logika ne moze da bide zabraneto 100% vo ugostitelskite objekti. mnogu popametno bi bilo da se razmisli za restrikcija na ovoj zakon, i za odreduvanje na t.n. pusacki zoni kade sto pusenjeto bi bilo dozvolno. ne e vo red pusacite na ovoj nacin da se custvuvaat kako gragani od vtor red. samo za informacija na rimskiot aerodrom ( zemjavo eu neli) postoi t.n. smooking area) kade sto e pusenjeto dozvoleno. vo berlin vo hotelite isto taka postoi prostorija -kafeterija kade sto e dozvoleno pusenjeto. restriktivniot i rigiden zakon koj nikoj ne go pocituva tokmu zatoa sto e rigiden nema da donese nikakvi plodovi, a uste toa pomalku ke go storat kaznite, osven sekako sto ke go polnat budjetot, a mozebi toa e namera na vlasta. |
|
|
|
|
|
|
|
|