Од денеска до 7 септември во градот на грозјето и виното Кавадарци ќе се одржи традиционалната стопанско-културна манифестација „Тиквешки гроздобер“. Годинава таа се организира по осми пат од нејзиното возобновување. Во музејот на Општина Кавадарци денес ќе биде отворена изложба на тема „Лозарството и винарството во Тиквешијата до денес“. На градскиот плоштад ќе се одржи гроздоберска етновечер кога се очекува и официјално почнување на винскиот фестивал. Гостите ќе можат да ги посетат локалните винарски визби.
Младите ќе се забавуваат под маски на „Гроздоберскиот маскенбал“, а по полноќ, сабота спроти недела, ќе се одржи вечерта на серенади. В недела е централното случување на „Тиквешкиот гроздобер“ - На винскиот карневал симболично се претставува традицијата на производство на вино со газење на грозјето во импровизиран сад. (А.Д.)