Брoj 2780  петок, 05 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Скопски бизнисмен лани на Берзата профитирал 4,3 милиони евра

Мирче Јовановски


Скопски бизнисмен лани на Берзата остварил чиста заработка од фантастични 266,1 милион денари (околу 4,3 милиони евра), покажуваат анализите на Управата за јавни приходи. На ранг-листата од десет најголеми капитални добивки (разликата меѓу куповната и продажната цена на акциите) се наоѓаат вкупно седум битолчани и уште двајца скопјани. Така, второрангираниот, бизнисмен од Битола, според податоците кои ги презентира УЈП, на Берзата спечалил 173,57 милиони денари или околу 2,8 милиони евра, а веднаш зад него се' уште двајца негови сограѓани со печалба од 150,1 милион, односно 144,5 милиони денари (околу 2,4 односно 2,3 милиони евра). Од УЈП не посочуваат за кои личности станува збор, но неофицијално овие берзански трансакции се поврзуваат со преземањата на „Вардар осигурување“, битолската млекарница и „Идеал шипка“ од страна на странски компании.

Во УЈП потсетуваат дека капиталните добивки од продажба на хартии од вредност се оданочуваат од 1 јануари 2006 година. Лани стапката изнесуваше 12 отсто, а годинава таа е намалена и изнесува 10 отсто. Данок на капитална добивка се пресметува на приходи од продажба на хартии од вредност, учество во капитал и неподвижен имот.

Според анализите на УЈП, лани солидни заработки имале и лицата кои остварувале приходи од авторски права и права од индустриска сопственост, потоа од имот и имотни права, но и лица кои биле во управните и надзорните органи на трговските друштва.

Така прворангираниот според приходите од авторски права и права од индустриска сопственост, лани заработил 16,9 милиони денари или околу 276 илјади евра. И тука даночната стапка за лани е 12 отсто, а за годинава десет отсто.

Од издавање имот лани скопјанец пријавил приход од 19,3 милиони денари, односно речиси 315 илјади евра. Оваа заработка му обезбеди прво место на ранг-листата која ја изготви УЈП врз основа на поднесените годишни даночни пријави. Зад него е уште еден негов сограѓанин, кој пријавил заработка од 17,6 милиони денари или 287 илјади евра.

Учеството во управните, односно во надзорните органи на компаниите, пак, на еден прилепчанец лани му обезбедиле приходи од 11,1 милион евра, или околу 181 илјада евра, што го исфрли на првото место на ранг-листата на УЈП за највисоки приходи по оваа основа лани. Другите места на топ 10 ранг-листата ги држат скопјани од кои второрангираниот во годишната даночна пријава пријавил приходи од 5,2 милиона денари или 86 илјади евра.


Статијата е прочитана 502 пати.

Испрати коментар

Од: Risto
Датум: 05.09.2008 10:44:22
Cestitam na ovie luge i se gordeam so niv berzata e golem rizik nasekade vo svetot,na nasincive od se srce bravo.I koj veli vo Makedonija ne se pravat pari samo napred.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Самак
Владата нема одговор како ќе го „пегла“ трговскиот дефицит
Денеска почнува „Тиквешкиот гроздобер“
„Експрес“
Финансии контра ДЗР - редовно си плаќаме
Седум банки во Хрватска заработија над 560 милиони евра од камати

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.