Брoj 2780  петок, 05 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

„Експрес“: ОТЕ размислува за продажба на „Космофон“

Во рамките на своите планови за реорганизација, грчката телекомуникациска компанија ОТЕ ја разгледува и можноста за продажба на македонскиот мобилен оператор „Космофон“, тврди електронското издание на грчкиот весник „Експрес“.

Весникот пренесува изјава на извршниот директор на ОТЕ Панагис Вурлумис, кој вели дека по влезот на „Дојче телеком“ во грчката компанија, ќе претстојат коренити промени на нејзината структура на Балканот, но дека нема да има сериозни промени на грчкиот телекомуникацски пазар.

Вурлумис наведува дека се размислува за продажба на мобилниот оператор на ОТЕ во Македонија „Космофон“, од причина што и „Дојче телеком“ во земјата „има компанија-ќерка која контролира 80 проценти од пазарот“. Тој нагласува дека според годишната програма за работа на ОТЕ, предвидени се инвестиции од една милијарда евра и во Грција и на целиот Балкан.

Вурлумис тврди дека ОТЕ е задоволна од работата на нејзините филијали во Бугарија и во Албанија и дека е заинтересирана за зголемување на својот удел во српскиот телеком. (МИА)


Статијата е прочитана 269 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Самак
Владата нема одговор како ќе го „пегла“ трговскиот дефицит
Денеска почнува „Тиквешкиот гроздобер“
Скопски бизнисмен лани на Берзата профитирал 4,3 милиони евра
Финансии контра ДЗР - редовно си плаќаме
Седум банки во Хрватска заработија над 560 милиони евра од камати

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.