Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Македонија

Приклучок за вода го вознемири Зубовце

ГОСТИВАР - Во гостиварското село Зубовце за малку беше спречен инцидент во обид за две новоизградени куќи да се постави приклучок за вода. Над петнаесеттина униформирани полицајци беа присутни за да спречат немил настан. Жителите на Зубовце со жив штит не им дозволуваа на работниците на комуналното претпријатие на Општина Врапчиште да ја заврши задачата, се' додека инвеститорите не и' платат надоместок на Месната заедница „Зубовце“ во износ од 500 евра.

„Градоначалникот на Врапчиште е виновен за создадената тензија и за непријатната атмосфера“, тврди Жуко Филиповски, претседател на Месната заедница „Зубовце“. Според него, зубовчани со сопствени средства пред 35 години го изградиле водоводот. „И сите што сакале да се приклучат, плаќале приклучок. Пред некој ден платија и сопствениците на стопанските објекти, како и зубовчани, кои годинава и пред тоа граделе нови куќи“, додава Филиповски.

Градоначалникот на Врапчиште, Бајрам Кадрија, ги отфрла како неосновани обвинувањата на претседателот на Месната заедница. „Со законот од 2005 година месните заедници не се правно лице и не располагаат со жиро-сметки. Советот на Врапчиште донесе одлука на месните заедници и на комуналното претпријатие за секој приклучок да им плаќа 1.000 денари, а не 500 евра“, објасни Кадрија. (К.К.)


#
Статијата е прочитана 596 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Четири лубеници - 100 кила
Џамијата во Лажец повторно ги зовре страстите