Четири лубеници - 100 кила
КУМАНОВО - Пред тезгата на бостанџијата Јовица Стојменовски во Куманово секојдневно запираат муштерии, но и случајни минувачи за да им се нагледаат на лубениците од 25 килограми. „Им се чудите и им се радувате, а јас се јадосувам зашто не знам што ќе им правам. Никој не се фаќа за лубеница од која можат да се најадат 20 луѓе‘‘, вели разочарано Јовица и се распрашува дали има заинтересирани угостителски фирми или ресторани за купување топтан бостан.
Не е првпат земјоделците да не зна��т што да му прават на бостанот кога ќе прероди. Лубениците се родени на парцела од еден хектар во кумановското село Довезенце, во реонот на Крива Река. „Кога на земјата ќе и' се даде се' што треба, и камен ќе роди“, коментира младиот земјоделец Јовица. „Очекувам бериќет од околу 20 тони бостан од ова парче земја, а бербата штотуку почна. Произведуваме бостан најмалку за пет Македонии. За цената не сакам ни да говора. Сонце на тој план донекаде може да ме огрее само доколку ја добијам договорената субвенција од Владата“, помирливо вели овој бостанџија. (Ст.Б.) |