Број 3460  сабота, 18 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Забава

Кабир Беди

Сандокан прогласен за италијански витез

Легендарниот индиски актер Кабир Беди, кој се прослави со улогата на Сандокан, неодамна во Мумбаи е прогласен за витез на Република Италија. Највисокото цивилно признание на овој 64-годишен актер му е доделено за неговиот придонес за воспоставување мост меѓу индиската и италијанската култура.

Серијата, која е заснована на романот на Емилио Салгари, прикажана е во 1976 година, а потоа репризирана многу пати, што го направи пиратот Сандокан еден од најпопуларните телевизиски ликови.

Инаку, Беди во својата кариера има снимено повеќе од 60 филма, играше и со Роџер Мур во филмот „Октопуси“ од серијалот за Џемс Бонд, но никогаш не го повтори успехот што му го донесе Сандокан.

„Ова е признание за животно дело и многу сум горд поради тоа, како и поради фактот што Италија не ме заборавила“, изјавил Кабир Беди.


#
Статијата е прочитана 1225 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Прекршена заклетва - концерт во Србија по 20 години
Десетче за „Легијата“
 

Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links