Број 3460  сабота, 18 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Забава

Тереза Кесовија

Прекршена заклетва - концерт во Србија по 20 години

Хрватската и некогаш голема југословенска ѕвезда Тереза Кесовија ја прекрши својата јавна заклетва дека никогаш нема да настапува во Србија поради гранатирањето на нејзината куќа во Конавле кај Дубровник од силите на ЈНА во времето на раздружувањето на Хрватска од Југославија. Тереза ќе одржи концерти во Нови Сад и во Белград на 22 и 23 јануари идната година.

„Не сакав и не можев веќе да се казнувам ни себеси ни својата публика и затоа решив по 20 години повторно да дојдам во Нови Сад и во Белград. Политичарите едно време ги направија невозможни нашите средби, но сега сум сигурна дека можеме да ја градиме иднината со почит и љубов“, изјавила Тереза за српскиот печат.

Своите „тврди“ заклетви пред хрватската јавност во изминатите години Тереза во Србија ги објаснува со зборовите: „Никогаш не сум им правела зло на луѓето и едно утро се најдов пред урнатина каде што некогаш се наоѓаше мојот дом. Во афект, човек сешто може да каже, зашто не разбрав со што заслужив некој да се изживува над мојата куќа. Лично ја доживеав загубата на домот, како и многу унесреќени луѓе во таа војна, на сите страни. Но, мора да одиме понатаму“.

Овој потег на Тереза многу контроверзно е прифатен и во Хрватска и во Србија. Во нејзината татковина цинично констатираат дека нејзините принципи и заклетви паднале пред искушението на еврата, додека во Србија Бора Чорба повикува да се бојкотираат нејзините концерти.


#
Статијата е прочитана 2465 пати.

Испрати коментар

Од: Петар
Датум: 18.12.2010 12:36:30
Тереза, биди искрена па чажи дека се работи за хонорар. Пазарот во Хрватска е мал за тебе. Надвор од поранешна Југославија никој веќе не те кани. Ако во Србија сакаат да те слушаат тоа е некој денар повеќе. И ти потврдуваш дека парата не познава граници, се заборава дури и патриотизмот. Кога требаше да си патриот изјави дека никогаш повеќе нема да пееш во Србија а сега кога треба да падне некоја пара,кажаното било во афект.
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 19.12.2010 05:01:11
@ Petre! bravo Petre, mi go zede Zborot,me preduhitri! Na Pecalba,e ubav Zbor-A,ova e klasicnoTezgarene po stari Dni!
Од: miki
Датум: 19.12.2010 23:30:39
glupaci, i od ednata i od drugata strana na vojnata, a i samata tereza....sekako deka na nikoj gospod da ne mu dade da mu ja zapalat kukata, no ako si svesen deka si tolku popularen ke vnimavas sto zboruvas. taka i tereza navistina tropase se i sesto za cela edna nacija, pa sega bara proska od srbite. sega ajde site germanci da gi mrazime za dvete svetski vojni....koja glupost, i od tereza i od ovie sto uste ziveat so omraza. ama tereza nee za zalenje. si izgradi nova kuka i ja prodade za 1.5 milioni evra i sega ke poplace malku vo belgrad, site ke i peat "nono, nono dobri moj nono" i se ke se zaboravi. pak ke voskresne bratsvo i edinstvo se do nekoja sledna graganska vojna. takvi sme kakvi sme! nikakvi....zato i ni se slucuva se ova, na sekoi 20-30 godini!

Најди! во Утрински
Забава
Сандокан прогласен за италијански витез
Десетче за „Легијата“
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks