Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Скопје

Остануваат старите трафики во Аеродром

Сопствениците се бунат поради кириите од 400, односно 800 евра, што им ги бара Општината

Сања Наумовска


Општина Аеродром нема да ги отстранува привремените објекти чии сопственици не се согласиле да потпишат нови договори со Општината. Решенијата за уривање на трафиките се ништовни, така одлучи Судот, а засега не се знае дали општинарите ќе понудат нови договори.

Сопствениците на привремени објекти се револтирани затоа што Општината ги условува да ги унифицираат трафиките и за нив во иднина да плаќаат огромни кирии. Во Аеродром постојат над 100 привремени објекти, најмногу сендвичарници, цвеќарници, тобако-трафики и други. Дел од нив имаат потпишано договори со Општината и веќе работат под новите услови. Но, повеќето се спротивставиле за новините поради што и побарале правна помош од адвокат. Упатени биле претставки до министерствата за транспорт и врски, за локална самоуправа и за финансии, до ЗЕЛС, како и до народниот правобранител. Решението за уривање на трафиките било обжалено до Второстепената комисија на Владата, од каде што не одговориле во предвидениот рок од 60 дена, по што бил поведен и судски спор пред Управниот суд.

Во Општината Аеродром засега не ја коментираат состојбата околу договорите за при��ремените објекти, бидејќи, како што велат, ќе почекале да завршат судските постапки.

Унификацијата на привремените објекти на територијата на целата општина ја потврдил Советот на Општината со одлука. Врз основа на одлуката, Општината понудила нови договори со кои бара сопствениците да си купат нови типизирани трафики. За нив во иднина треба да плаќаат месечна кирија од 400 евра за 8 квадрати, односно 800 евра ако користат 16 квадратни метри јавна површина. Сопствениците се револтирани, бидејќи од една страна им се наметнува кирија превисока за нивните можности, а од друга, Општината ги принудува да ги купат новите трафики без опција да ги изнајмуваат.

„Секогаш мора да постои можност кога се донесува одлука за унифицирање привремени објекти, сопствениците или да ги купат или да ги изнајмат, па во тој случај за објектот да плаќаат кирија. Исто така, и купувањето не смее да биде условено со една понуда, туку секогаш мора да има повеќе опции за да се постигне вистинската реална цена“, велат правниците.

За нив е проблематично и барањето да се наплатува кирија за земјиштето под киосците, кое се' уште е во државна сопственост. „Кога ќе биде спроведена децентрализацијата и општините ќе станат сопственици на јавната површина, тогаш ќе можат да размислуваат за наплатување кирија. Во овој случај се обидуваат да наплатат за нешто што не е нивно“, објаснуваат правници.


#
Статијата е прочитана 698 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Скопје
Ќе се решава сообраќајниот колапс на „Цветан Димов“
Уреден дворот на ДКЦ „Карпош“
Ново детско катче во парк






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma