Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Скопје

Ќе се решава сообраќајниот колапс на „Цветан Димов“

За да се прошири сообраќајницата, ќе мора да се исечат и дрвја од дрворедите

Општина Чаир во соработка со Град Скопје ќе го решава сообраќајниот колапс на улицата „Цветан Димов“ на потегот кај џамијата „Јаја-паша“. Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, вели дека за решавање на овој проблем веќе има готов сообраќаен проект во Градот. Токму тој дел од „Цветан Димов“ со години е тесно грло низ кое поминуваат околу 70 илјади жители на општините Чаир и Бутел.

Дали ќе се решава протокот на возила по улицата „Цветан Димов и на кој начин, беше поставено и како советничко прашање на последната седница во Градот. Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, рече дека за конкретниот потег постои проект што предвидува булеварско решение на сообраќајницата, но оти тој се' уште се разгледува. Според него, засега сообраќајниот метеж може да се ублажи само со зачестено присуство на полицијата. Трајановски смета дека метежот дополнително го зголемуваат и дуќаните лоцирани на сообраќајницата, за што, според него, виновна е Општина Чаир, бидејќи издала дозволи за поставување урбана опрема на тротоарите, кои се јавна површина.

„За проширување на улицата ќе мора да исечеме повеќегодишни дрвја од дрворедот и нема да биде важно дали тие се стогодишни или не, бидејќи ќе решиме проблем со кој нема да се соочуваат идните генерации. Ако треба, ќе насадиме нови садници, како што го направи тоа градоначалникот Трајановски на улицата ’Илинденска‘“, вели градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

Тој смета дека за да се прошири „Цветан Димов“, ќе мора да се урнат и три куќи, кои се дивоградби, но и покрај тоа, Општината ќе ги обештети нивните сопственици. Просторот, според Меџити, мора да се расчисти за да може да се добие проширување на сообраќајницата со по уште една лента во двете насоки. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 825 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Старите трафики остануваат во Аеродром
Уреден дворот на ДКЦ „Карпош“
Ново детско катче во парк






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma