Уреден дворот на ДКЦ „Карпош“
Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве го уредија дворот на Детскиот културен центар „Карпош“. Извршена е комплетна реконструкција на околу 70 квадратни метри зелена површина, при што е извадена старата земја, теренот е прекопан, иситнет и израмнет, а потоа и оплеменет со тревно семе. Засаден е и сезонски цветен расад - невен, а на самиот влез пред зградата декоративно во саксии се засадени две зимзелени садници од видот „туји-вудворди“. (С.Р.) |