Брoj 2732  среда, 09 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ја смируваат топката

Ахмети вчера првпат се појави во Собранието и со ДУИ беше обезбедено двотретинско мнозинство

Оливера Војновска

По дисонантните тонови искажани околу коалицискиот договор меѓу мандатарот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети, вчера ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја смируваа топката. Откако во јавноста искажаа значајни разлики во однос на крупни прашања врз чија основа ќе ја градат идната соработка, двете партии вчера во Собранието сакаа да остават впечаток на општа хармонија. Новата владина коалиција на вчерашното собраниско заседание за помалку од два часа по итна постапка изгласа 17 закони.

Ахмети претпладнето првпат се појави во парламентот и заедно со целата пратеничка група на ДУИ (18) обезбеди двотретинско мнозинство за законските измени, со кои по итна постапка новата македонска влада се прошири за уште едно министерство - за информатичко општество. Законските корекции веднаш по изгласувањето во Собранието експресно беа доставени кај шефот на државата Бранко Црвенковски, за тој да го потпише указот за нивното прогласување. По објавувањето во „Службен весник“, се очекува Груевски да ја обелодени новата владина екипа.

Мандатарот Груевски завчера во Владата на одделни средби ги повикал кандидатите за министри од редовите на ДУИ за да се запознаат и да поразговараат за принципите и програмата на новиот владин кабинет. Задоволство од средбите искажаа и од кабинетот на Груевски и идните министри.

Кандидатот за министер без ресор, кој потоа ќе биде именуван за вицепремиер за Рамковниот договор, Абдулаким Адеми вели имале многу конструктивен состанок и дека тој лично има убави впечатоци од првата средба со мандатарот.

Без да изнесува детали од разговорите, Адеми рече дека Груевски се сретнал со сите кандидати за министри од ДУИ освен со Фатмир Бесими, со кого телефонски се слушнал. Мандатарот се интересирал за тоа како секој од нив размислува да менаџира со ресорите. Адеми очекува во текот на денешниот ден или најдоцна утре Груевски да го соопшти составот на новиот владин кабинет откако ќе ги заврши консултациите и со помалите коалициски партнери.

Освен Адеми, ДУИ за министри од своите редови ги предлага Фатмир Бесими - економија, Муса Џафери - локална самоуправа, Бујар Османи - здравство, Џелал Бајрами - труд и социјала и Неџат Јакупи - екологија.

Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Владата остануваат старите министри, со две-три нови имиња, меѓу кои се споменува и генералниот секретар Мартин Протоѓер. Партиски извори велат дека иако Протоѓер не се гледал на министерска функција, наводно, го убедиле да биде шеф на дипломатијата, а Антонио Милошоски во тој случај би бил задолжен за евроинтеграциите. Функциите ќе ги задржат заменик-премиерот Зоран Ставрески, Трајко Славески - финансии, Миле Јанакиевски - транспорт и врски, Михајло Маневски - правда. Иво Ивановски, најверојатно, ќе биде на чело на новоформираното министерство за информатика. Во Министерството за земјоделство останува и Ацо Спасеновски од Социјалистичката партија. Досегашните државни секретари во култура и во образование, Елизабета Канчевска - Милевска и Перо Стојановски, се споменуваат како идни министри во овие два ресора. Директорот на Центарот за управување со кризи Панде Лазаревски се споменува како министер за одбрана.

Двете партии вчера соопштија дека нема да излегуваат со изјави до официјалното поднесување на предлог-листата со министри во Собранието. Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека „не забележале разлики во ставовите со ДУИ“, додека интегративците само кусо коментираа дека „употребата на јазикот ќе се решава со закон во согласност со Уставот и петтиот амандман од Рамковниот документ“. Ахмети одби да даде изјава, а на новинарско прашање „дали ДУИ знае што договориле со ВМРО-ДПМНЕ“, се насмеа и рече„знаеме, знаеме“.

Инаку, во почетокот на вчерашната седница беше верификуван мандатот на преостанатите деветмина пратеници: Виолета Ташева, Саве Савевски, Ристо Пенов, Лидија Митева, Владо Стефановски, Наташа Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ , Феми Јонузи и Јулиета Марку од ДУИ и Даут Реџепи - Лека од ДПА. Со тоа се комплетира целиот собраниски состав - 120 пратеници. Верификацијата на мандатите на новите парламентарци од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ се покажа како исклучително значајна при донесувањето на трите двотретински закони: измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа, на Законот за Владата и на Законот за кривична постапка, за кои се неопходни минимум 80 гласа. Пред чинот на изјаснувањето за првиот од споменатите закони имаше своевидна потрага по пратениците Фијат Цаноски од ПЕИ и Неждет Мустафа од ОПР. Премиерното гласање на двотретинските закони во овој состав помина со 81 глас од коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ПЕИ и ДУИ.

Во расправата, опозицијата реагираше на избрзаната процедура за измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа без претходно да биде образложена потребата од измените и без да биде направена проекција за тоа колку пари ќе чини новиот ресор.

Според социјалдемократот Јани Макрадули, установувањето на посебно министерство за информатика ќе ја чини државната каса најмалку седум милиони евра и се прави за да се задоволат лични амбиции. За експремиерот Владо Бучковски е недозволиво и недостоинствено двотретински закон да помине без објаснување од Владата. Пратеникот од ЛДП Андреј Жерновски побара претседателот на Собранието Трајко Велјановски да го почитува Деловникот, односно член 160 од него, во кој стои дека во законскиот текст треба да се наведе финансиската конструкција. Според Велјановски, ваквата одредба од Деловникот се однесува само за предлог на донесување закон, односно за прва фаза, а не и за закони во скратена постапка.


Статијата е прочитана 3078 пати.

Испрати коментар

Од: Ivan
Датум: 09.07.2008 01:40:41
so vakvo tempo na donesuvanje zakoni ke vlezime vo ginisova kniga na rekordi.Olku ekspresno ne znam dali odi i vo druga grzava.A zgora na se i fotkava e jaka.Mnogu kazuva nema sto
Од: trevizo
Датум: 09.07.2008 11:35:26
ha ha ha DPMNE sigurno ke pobara nova disciplina na oimpiski igri za brzo donesuvanje na zakoni i se razbira ke osvoi zlato olimpisko gospod dacuva kakvi se nepismenjaci ja vodat drzavata.
Од: Toni, Kavadarci
Датум: 09.07.2008 16:46:47
Sto i kako da se slucuva, brzo ili sporo, promeni vo golemi razmeri il mali, i sl. sekogas nekoj ke se najde da dade negativen komentar. Nema edinstvo i ljubov megu sprotivstaveni politicki sfakanja. Ednas mrazenje, zasekogas mrazenje. Taka , ne odime nikade, i ova sto go imame e mnogu
Од: DPA
Датум: 09.07.2008 16:58:44
Ubeden sum dega ovaa garnitura nema da gi doceka ni 6 meseci,zatoa sto za lokalnite izbori DPA ke gi pobedi lokalnite izbori,toa znaci deka DUI ke go izgubi legimitetot kaj albanskijot blok.Spored moja konstatacija mislam deka DUI gi manipilirase albanskite gragani,navodno deka stojat cvrsto za realiziranje ma najskijot dogovor,no za zal toa bilo maska pred elektroratot.Da zivee DPA i MENDUH TACI i da se gordes so tie 95.000 glasa tie ti se cisti albanski glasovi(znaeme DUI kolku glasovi zede od BOSANCITE,TURCITE I ROMITE)

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Хашка еуфорија
Претходен број
Зденко
Нимиц повторно ги спои Груевски и Црвенковски
Владата ќе прави нафтени резерви, ќе ги плаќаат фирмите
Мариово полека заживува
Драмата на Егејците (9)
Каде оди Берзата?
Вистинско и лажно чудо
Ништо од четврт-финале, следна цел седмото место
Албанија и Хрватска денеска во НАТО, Македонија ќе почека
Уништен кокаинот на Чочороска што беше запленет на Блаце
Ефектот Карла
Македонскиот мед не оди во Пекинг
Карикатура
Хрватска напред, другите ќе почекаат за ЕУ
Verbatim