|
|
|
|
|
|
Албанија и Хрватска денеска во НАТО, Македонија ќе почека
Стипе Месиќ и Јап де Хоп Шефер од утре во исто друштво
Со потпишувањето на протоколите, Западен Балкан се интегрира во Алијансата
Од нашиот дописник Слободанка Јовановска
Брисел - Шефовите на дипломатиите на Хрватска и на Албанија и генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, денеска во Брисел ќе ги потпишат протоколите за прием во членство, со што ќе го започнат процесот на интегрирање на Западен Балкан во Алијансата.
Иако бивша Југославија не беше дел од поделбата на Исток и Запад, и иако Словенија веќе е членка на Алијансата, слободно може да се каже дека, конечно, почнува да паѓа железната завеса која со децении го дели Балканот од подемократскиот дел на Европа. Настанот има поголема тежина поради фактот што членството во НАТО му претходи на членството во Европската унија, така што земји кои ќе го поминат овој политички праг во Алијансата имаат речиси гарантирана иднина во ЕУ. До приемот треба да заврши само процесот на ратификацијата во земјите-членки, и иако гаранции нема, по правило државите што добиле покана немаат дополнителна пречка да влезат во Алијансата.
Надвор од сите овие случувања, но и од правилата е Македонија, чиј претставник утре во Брисел нема да присуствува на церемонијата, иако заедно со Хрватска и Албанија и на нашата земја и' беше упатена условена покана. Во НАТО повторуваат дека на самитот во Букурешт земјите-членки ја признале тешката работа и реформите демонстрирани од страна на Македонија, но дека поканата ќе дојде веднаш штом ќе се најде заеднички прифатливо решение околу името на државата. Со тоа етапата од е��на деценија завршува како празен од на Македонија со натамошна неизвесност околу нејзината евроатлантска иднина, и иако од НАТО навестуваат дека шансата не е изгубена и дека рокот може да се пролонгира до септември, преговорите за спорот не даваат надеж дека нашата земја ќе им се приклучи на Хрватска и на Албанија.
Македонија тргна на патот кон членство во 1995 година, кога го потпиша т.н. Партнерство за мир кое беше прво скалило во интеграцијата во Алијансата. Во 1999 година нашата земја стана дел од Акциониот план за членство, со кој најдиректно почна исполнувањето на условите кои ги доведоа Тирана и Загреб, но не и нас, до чекорот што се случува денес. Албанија влезе во Партнерството за мир во 1994 година додека Хрватска се приклучи на групата дури во 2000 година и стана лидер во евроинтеграцијата кон Алијансата, иако јавните анкети во земјата покажуваа огромна незаинтересираност за членство.
Денес на Македонија практично ќе и' се повтори историјата, откако првпат отпадна од Вилнус-групата, а сега ќе остане и без Јадранската група со која САД го туркаа нашето членство кон Алијансата. Функционери на НАТО деновиве ги неутрализираа последиците од условената покана за Македонија, оценувајќи дека по 9 јули ќе дојде 10 јули, односно дека не се изгубени шансите за македонскиот прием. Според нивните изјави, ништо не е финално околу Македонија, и дилемата сега е дали нашата земја ќе ги стигне Албанија и Хрватска или ќе има одвоена процедура за прием.
Правило е новите членки да бидат официјализирани на самити на НАТО, а самитот што ќе се случи идната година е вонреден и јубилеен, така што кога ќе се одржи следниот по толку состаноци на врвот, тешко е да се прогнозира. Македонија има уште три месеци да го фати чекорот со понапредните држави во регионот или да остане да ги чека другите кои се' уште немаат расчистено со стратегиската ориентација и желбата да бидат дел од евроатлантските процеси или не. Со секоја пропуштена шанса ќе стануваат банални и соработката со НАТО и реформите што Брисел ги бара од нас, факт со кој кога тогаш ќе мораат да се соочат и да го решат земјите-членки, бидејќи нашата бесперспективност дефинитивно станува и нивен проблем.
|
#
|
Статијата е прочитана 2349 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Igor |
Датум: 09.07.2008 01:50:25 |
|
Zalosno e ova sto ni se slucuva.Veke sme obelezani kako crna ovca.Sto ke bide sledno? |
|
|
|
|
|
|
Од: spase - australiat |
Датум: 09.07.2008 05:06:15 |
|
zalno no nitu NATO nema odgovor ako nekoja svoja clenka saka da se pazari ili igra na svoja karta i sopstven interes tolku glupavo poglupavo ne mozi da bidi. Kakvi se tie diplomati koj ne znaat da im vovedat na takvi zemji kontra da se vrazumat neka maked.vrv bide slozen so edna strategija toa ke vrodi so golem rezultat veruvaj te neka nisto ne ne pokoleba ako slozna familija slozni braka sve mozat da postignat samo po sebe ke si dojdat rabotite a ako si turkame sanduci si gi vadime ocite eden na drug nikoj nema da ne ceni i majtap ke si pravat so nas so nacionalna mudrost sloznost pred drugi sakale ili ne toa e uspehot da se odbranime za dobroto na site toa e formulata za uspeh drugo sve e propast na nas a nie izbravme uspeh neli zatoa istrajte vo iskusenijata. |
|
|
|
|
|
|
Од: pameten |
Датум: 09.07.2008 07:51:26 |
|
"Денес на Македонија практично ќе и' се повтори историјата, откако првпат отпадна од Вилнус-групата, а сега ќе остане и без Јадранската група "
Otpadame od site vozovi. Zoshto. Zashto sakame da bideme Makedonci, kako ovoj stav go razbirame po Vtorata svetska vojna.
Ochigledno ovoj stav mora da se revidira. Ne za Grcite, ne za Buggarite, ne za NATO, toku za nas.
Vistinska istorija, slobodna diskusija, bez oceni, bez "predavnici". |
|
|
|
|
|
|
Од: Mk |
Датум: 09.07.2008 08:52:53 |
|
Нека им е со срека на Албанија и Хрватска,се надевам нашите политичари ке бидат способни да не внесат и нас во НАТО и ЕУ.Македонија не смее да биде најзаостаната од сите на Балканот.Политичарите да се позанимаваат и со останатите граѓани од земјата и несебично да ги делат благодетите кои ги уживаат Скопјани..... |
|
|
|
|
|
|
Од: nehunza |
Датум: 09.07.2008 09:21:28 |
|
Dali e svesen Gruevski za stetata koja ja napravi na svojot narod so vonrednite izbori? SEga ne sme ni vo Jadranskata grupa! Posle Bukurest i tie sto ne vikaas makedonci, izbegnuvaat toa da go pravat! Sto dobivme deka trubime deka imeto ne go menuvame! Pa i da ne go menuvame drugite ke prestanat da ne oslovuvaat so naseto ime, pa ke ne vikaat ,,prijateli,,! Ke prestaneme da komunicirame so site sto nema da ne oslovuvaat kako Makedonija i makedonci?Znaci imeto ke ni e samo za vnatresna upotreba vo samoanarecenata drzava Makedonija! Koja diplomatija e taa sto drzavata ja vraca nazad pred 1994 godina! Iako bevme FIROM tie sto ne periznaa i sto ne ne priznaa pod toa ime ne oslovuvaa kako makedonci, a sega i tyoa poleka go gubime! Sto dobivme navodno branejci go imeto? Dobivme car ili neznam sto od Pakistanskoto pleme Hunzi sto e potomok na Antickite makedonci i zivee kako vo 326 godina p.n.e.! Bravo MAkedonijo! Moze idninata i tamu ni e -vo nekoja Pakistanska unija, a Evropa koj ja vrti... |
|
|
|
|
|
|
Од: trevizo |
Датум: 09.07.2008 11:44:16 |
|
zalno e sto makedoncite mislat deka site se protiv nas i deka nie sme zrtva a od druga strana ne pokazuvaat nikakva podgotvenost da go resat problemot sto cel svet ukazuva deka postoi za zal so vakov odnos i so vakvi politicari ke pocekame uste 50tina godini zavlez vo nato i EU srekna nova 1948 god. |
|
|
|
|
|
|
Од: rekanec |
Датум: 09.07.2008 11:44:23 |
|
na hrvatfska i albania mnogu sreca a mie da se nadevame na podobro no vo ovoj moment.ne gleam nisto.dobro.no nadesta umira posledna. |
|
|
|
|
|
|
Од: RR: Raduvaj se ,Grujo! |
Датум: 09.07.2008 11:52:36 |
|
Vo celost mozes da bides zadovolen od toa shto uspea da ja zabetonirash Makedonija na dnoto na Evropa.Site nebulozni,ne sluchajno prezemeni,chekori za nashiot trasiran pat kon NATO i EU gi stopirashe na najgolemo zadovolstvo na Grcite,Srbite i Bugarite,pa i albancite na koi im dade istoriska shansa da bidat pred nas.Dve godini trpelivo ostvaruvashe agenda vo korist na neprijatelite na Makedonskiot narod samo za da vladeesh apsolutistichki i avtokratski.Kje ostane zapishano vo politichkata istorija na drzhavata za stavanjeto na lichnite i egoistichni interesi nad narodnite,za nemerlivata sueta i arogancija kon se shto ne e od vashiot "iste gore list",no najmnogu kje se pomni modelot kako da go naprtavish najloshoto za svojot narod,a da uspees da mu prodadesh prikazna kolku e toa dobro za nego.Fenomenot e zasluga na skapo platenite PR menadzeri,no rezultaite i posledicite se dolgorochno pogubni za site nas.Denes,na 9ti juli,koga po tvoja zasluga sme nadvor od NATO,uspea - ne zakopa. |
|
|
|
|
|
|
Од: Гоце |
Датум: 09.07.2008 13:02:06 |
|
Браво за „Паметен„. Треба отвореност, искреност и без „предавници„ дискусија за македонската Историја. Не за Грците или Бугарите, туку за нас самите. Инаку ќе успуштаме уште многу возови. |
|
|
|
|
|
|
Од: ilir |
Датум: 09.07.2008 13:03:11 |
|
sami gi komplicirame rabotite,ako nekoj saka da gi reshi problemite ke bide kritikuvan kako predavnik,ne gledame shto se slucuva,se izolirame. |
|
|
|
|
|
|
Од: zlatko |
Датум: 09.07.2008 13:07:03 |
|
pameten ako bi mozele malku po opsirno da objasnite sto e toa sto sakatae da kazete |
|
|
|
|
|
|
Од: Makedonec so ladna glava |
Датум: 09.07.2008 13:27:30 |
|
Sekoja chest Grujo. Uspea vo site gluposti. Sekoj politiccar ssto vladee so nacionalisticcka karta vo moderniot svet e odnapred osuden na propast. Go zziveeme filmot na Srbija od pred 10-tina godini. Sega usste povekje ne terass vo ambis. Ssto napravi so egejskoto prassanje? Sega namerno go otvarass znaejki deka nissto nema da napraviss? Sekoj mudar politiccar prvo bi ja odnel sopstvenata drzzava vo klubot na NATO i EU i kako ramnopraven cclen na drusstvoto bi go napravil toa. Togass prikaznata bi bila poinakva. A ti namerno ja zakopuvass drzzavata. Gospod gleda, a ovoj pust naiven narod makedonski ispadna celosno prost. Na zdravje neka ni e makedonizmot samo za maalska upotreba. Zasrami se Premieru.... |
|
|
|
|
|
|
Од: Spartako Traki |
Датум: 09.07.2008 13:27:39 |
|
“10 godini prazen od”, a velite deka sme gi ispolnile uslovite za priem vo NATO tokmu vo tie 10 godini? Zarem ispolnuvanjeto na tie uslovi ne znaci progres na zemjata nezavisno od priemot vo NATO? Velite deka ponatamosnata sorabotka so NATO i ispolnuvanjeto na reformite sto od nas gi bara EU ke bidat banalni ako izostane pokana za priem? Demokratizacijata na opstestvoto i ekonomskite reformi sto od nas gi baraat NATO i EU, za vas se banalnost? Vasiot problem kako novinar ne e samo ideoloskata zaslepenost tuku neposeduvanjeto na zdrava logika. |
|
|
|
|
|
|
Од: Гоце |
Датум: 09.07.2008 13:29:59 |
|
Мислам дека не сме свесни што ни` се случува денес. Ова требаше да биде почетокот на крајот на транзицијата и повторно влегување во европското семејство. Го испуштивме последниот воз! И никој не реагира. Никој не му се секира. Очигледно не знаеме што испуштивме со нашата тврдоглавост. Ако преживееме, историчарите по 50 години ќе напишат што испуштивме. НАТО веќе нема да ја видиме. Сите не` претекнаа. А ние продолжуваме со нашата тврдоглавост зачинета со „античко наследство“. Колку ли сме слепци и не гледаме? Ние сме Славјани и Славјани ќе си останеме. Цел свет тоа го знае. Цел свет ни` се смее на нашите тврдења. А сите будали да ти биле, само ние паметни. Ние СЕКОГАШ во историјата не сме знаеле да го цениме моментот и затоа сите ни` се криви. Сите ќе ни` го свртат грбот, сите ќе не` мразат и ете ти го крајот на долгоочекуваниот сон, наречен Македонија :( |
|
|
|
|
|
|
Од: Alek |
Датум: 09.07.2008 13:32:57 |
|
E Crni Grujo, ti samo prikazuvaj deka se e kako so treba deka ke tece med i mleko so tvojata prerodba obnovena i nadgradena a realno dodeka site odat napred kon NATO i EU nie Makedoncinjata ke tapkame vo mesto. Dali si svesen deka go stavas pod znak ? postoenjeto na Makedonija. So mislis deka albancite vecno ke ne podrzuvaat da stoime nadvor od globalnite zbidnuvanja eden den ke im prekipe i ke si pobaraat da nesto drugo. Albanija i Hrvatska se vo NATO, Srbija od narednata godina ke podnese aplikacija za EU a nie . . . gospod da ne cuva od takvi kako tebe kvazi patrioti. |
|
|
|
|
|
|
Од: d-dorf |
Датум: 09.07.2008 13:42:17 |
|
Politikata e isto sto i partija SAH.Eden pogresen potez i porazot e neminoven -se gubi mecot..ovoj prim.ima dosta slucnosti so politikata na Gruevski, koga site Zapadni Diplomati, go predupreduvaa deka vlece pogresni potezi - so predvremenite izbori, No toj i ponataka svesno (sizifovska rabota) go barase gavolot , Nerazumno gi vlecese pogresnite potezi, taka sto odnapred se znaese kako ke zavrsi bitkata na R.M, za priem vo NATO, i EU,...a za grcive vo nekoja,.. vo nekoja druga prilika poveke. Odamna kazale starite: posle kisa , ispaga "SONCETO." |
|
|
|
|
|
|
Од: kate |
Датум: 09.07.2008 14:23:39 |
|
abe site vie sto pisuvate ili ste od sdsm ili ste nepismeni,grujo samo hrabro ni ja drzi glavata na site makedonci a ako nekoj ne se custvuva makedonec slobodno i neka si odi od drzavata makedonija,hrvatska i albanija vlegoa posto od niv ne se barase da si go promenat imeto i identitetot,treba da se prekinat pregovorite za imeto posto poveke nema smisla,vozot go ispustivme nie sme gubitnici a so promenata samo grcija ke dobie,i grujo i branko treba da bidat obedineti i slozni,nikavi uceni poveke |
|
|
|
|
|
|
Од: IGOR |
Датум: 09.07.2008 14:25:21 |
|
-Definitiven i sramen poraz za NATO ,USA i makedonija i toa od edna nedokvakana clenka Grcija.
Prasanje e kako moze edna voena aliansa kako sto e NATO da bide nokautirana od beznacajna clenka koja participira so svoja vojska i oprema ne povekje od 0,04 %.Problemot lezi vo zastareniot i ne funkcionalen nacin na glasanje vo samata organizacija za novite clenki.
Poznato e deka Grcija e vecno adolescentniot clen vo Nato i EU i tie trebalo toa da go predvidat.Solidarnost od ostanatite clenki na Nato i EU sprema "interesite" Grcija e dijagnoza deka ovie dve voeno politicki organizacii se debelo kancerogeni i potreben e dlabok rez kaj samite niv,za vo idnina se sprecat vakvi apsurdni situacii.Makedonija ovde e najmalku zasluzna za polozbata vo koja se zatece. |
|
|
|
|
|
|
Од: trpe |
Датум: 09.07.2008 14:32:48 |
|
ne mudruvajte mnogu i ne se zamarajte so gluposti da sakaa ke ne primea no za zal ne iskacame na nekoe more osven naseto ohridsko(ezero) poglednete gi novite clenki na nato vklucuvaci ja i bugarija a i ukraina koja sto veruvam deka naskoro ke stane i clenka na nato toa se vika strategija a nie za zal seuste ne sme del od nea |
|
|
|
|
|
|
Од: od narodot |
Датум: 09.07.2008 18:25:36 |
|
eeee grujo grujo , mislev LjuBco e najlosoto sto i se sluci na Makedonija , ama toj ni do kolena ne ti bil .
bravo vmro na predvemenite izbori ! Idiotizmot so koj otidovme vo predvremeni izbori sega pocnuva da ni se " isplaka " |
|
|
|
|
|
|
|
|