|
|
|
|
|
|
Нимиц повторно ги спои Груевски и Црвенковски
Претседателот и премиерот вчера го подготвуваа одговорот на последната посета на медијаторот
Тамара Грнчароска
Македонскиот претседател и премиер вчера го подготвуваа одговорот на последната „посета“ на земјава на посредникот од ОН, Метју Нимиц, во спорот околу името на нашата земја со Грција, кои македонскиот преговарач Никола Димитров ќе треба да му ги испорача во Њујорк. Иако официјално нема информации за нови консултативни средби на Димитров со Нимиц, неофицијалните информации се дека тоа ќе се случи „наскоро“, можно е и до почетокот на идната недела.
Се дознава дека на вчерашната средба во кабинетот на претседателот на која присуствувале и македонскиот шеф на дипломатијата, Антонио Милошоски и шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер, била за да се подготви настапот на Димитров за Њујорк, каде што не е исклучено да го придружува и Протоѓер.
Средбата меѓу Црвенковски и Груевски, која вчера со штуро соопштение беше најавена од страна на Кабинетот на претседателот како „координативна средба во врска со разговорите за разликите околу името“, иако, како што се дозава, била по барање на Владата, на ист начин беше потврдена и од нивна страна.
„Се одржа редовна координативна средба меѓу премиерот и претседателот за реафирмирање на позициите на Македонија во врска со спорот со името“, изјави портпаролот Ивица Боцевски. Како што информираше тој, „на средбата биле отворени и други прашања по кои владата и претседателот имаат поделена надлежност“, но без детали кои биле темите и што се разговарало. Неофицијално, една од темите бил и минатонеделниот спор меѓу пр��тседателот и МНР околу процедурата на именување на амбасадорите во Тел Авив и во Њу Делхи.
Вчерашната координативна средба меѓу Груевски и Црвенковски за спорот околу името уследи откако тие на 27 јуни, по втор пат, одделно разговараа со Нимиц на истата тема. Средбата дојде и еден ден пред датумот 9 јули, како краен рок до кога, доколку беше изнајдено решение за името, Македонија, заедно со Хрватска и Албанија, ќе ги започнеше преговорите за членство во НАТО.
|
#
|
Статијата е прочитана 2270 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Ilinden the Macedonian |
Датум: 09.07.2008 03:27:37 |
|
Ako e vistina Makedonets I Makedonski jazik da se pishuva samo so Latinska azbuka no ne na Angliski Macedonian and Macedonian language toa e predastvo na Makedonskata vlada. |
|
|
|
|
|
|
Од: Nancy |
Датум: 09.07.2008 04:41:43 |
|
Neznam zosto go primate ovoj idiot da doaga vo Makedonija i da ve tera da go menuvate imeto,a ako na nekoj ne im se sviga Imeto Makedonija too bad Makedonija bila so vekovi i ce bide. |
|
|
|
|
|
|
Од: Makedonija |
Датум: 09.07.2008 09:43:01 |
|
Да треба да се договорат и да не го залажуваат македонскиот народ, да не го осиромашуваат повеке,народот сака да живее поубаво,а и да не биде повеке ФИРОМ,затоа што сепак ова е Северна или Горна Македонија.Со самото влегува во НАТО и ЕУ се отвораат границите и Македонија може да биде посетувана од сите нас кои имаме и некое потекло од егејскиот дел.Ова и другите делови се Македонија, па нема што да не прифатат премиерот и рпетседателот,народот се прашува истиот не сака повеке да биде слоупотребуван со долгите преговори,и вечниот патриотизам кои го пласират на народот,а тие можат да одат тајно во грција да користат од убавините на целата Македонија.Треба да завршат преговорите со прифаќање на предлогот,прав македонец секој ке се сложи Македонија да може да е гледа цела каде сака без визи и иживување и богатење само на еден дел од народот,а другиот страда и е сиромав.Македонија се сите делови тоа да го сватат,а македонци имало и ке има нека никој лажно не се прави дека само тој е патр |
|
|
|
|
|
|
Од: Trajko od Shtuka |
Датум: 09.07.2008 09:59:40 |
|
Ne mu veruvam na diktatorot Koljo.Edno misli,drugo zboruva a treto raboti.Uste koga ke ja poglednete fotografijata okolu nego so trojcata vrhovisti,nema poveke sto da se kaze,kolku dobro toj i misli na Makedonija.No narodot i toa go zasluzuva.Makedonija e dovedena na nivo na bednite i diktatorski afrikanski drzavi.So komentarot zavrsuvam,se plasam neprijatelot ne sledi ne daj boze moze i da ne pritvorat.Go zloupotrebuvame besplatniot internet na nasata sposobna vlada. |
|
|
|
|
|
|
Од: Natasa |
Датум: 09.07.2008 10:13:50 |
|
Ovaj starecov Nimic prvin neka se obrati do nekoi relevantni faktori i da otkrie dali grcija ima pravo da bara promena na naseto ime i tek posle da znae sto pravi vaka ne strami i ponizuva, pritiskajci ja pogresnata strana |
|
|
|
|
|
|
Од: A. Tunte |
Датум: 09.07.2008 10:25:51 |
|
Samo preku Megunaroden sud vo Hag mozhe da se dobie RM vo OON. Generalnoto sobranie na OON treba da pobara Sovetodavnoto mislenje za legalitet na ref. BJRM i impl. za pregovorite, od Megunaroden sud vo Hag. Po dobivanje Mislenje od sud, G. sobranie usvojuva istoto mislenje i dava moznost za koristenje ustavno ime RM vo OON. |
|
|
|
|
|
|
Од: alba |
Датум: 09.07.2008 16:02:24 |
|
ej gragjani na, RP MAKEDONIJA. koga ke se osfestite i da gledate napred a ne nazad vie site znaete deka makedonija e stara 50 godini (tatkomi e postar ot makedonija) i zoshto ne prestanete so toj nacionalizem,makedonija i taka i taka nikoj ne ja snae kako (rp; makedonija) site go znaet kako FURM. I SHTO KE VI PRECI AKO JA NARECAT ; gorna ili dollna ili severna, nishto nema da ni preci ; nashata derzhava ke vleze vo EU , I NATO, I NIJE KE ZHIVEME po dobro ke nema vizi sekoj mozhe da si zamine kade si iska i taka najdobroto e deka ke ima sigurnost rasbirate li,ako nema komromis so imeto ,jas licno ke sakam da smenime zoshto ne iskam da ostaneme so serbite i kosovarite vo edna grupa,koj iska so serbite da ostane vo edna grupa neka sapoveli ama jas ne.I TOA NE E SAMO MOETO MISLENJE TO E MISLENJE NA MNOZHINATA LUGJE SHTO GI ZNAMM. ushte ednash da se sfestime i da gledame napred? |
|
|
|
|
|
|
|
|