Пешачки патеки во Железарница
Општина Гази Баба поплочи неколку од најфрекфентните патеки во населбата Железарница. Патеките се поплочени со павер елементи, а според надлежните, поради нивелацијата на земјиштето при поплочувањето се водело сметка по нив да можат да минуваат колички за бебиња, но и за инвалидизирани лица. Работите ги изведува фирмата „Чингар инженеринг“. (Сн.К.) |