Број 3380  понеделник, 13 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Внимавајте, агресивни кучиња напаѓаат на улица „Македонија“

Надлежните институции се оградуваат, граѓаните нека се спасуваат како умеат

Сања Наумовска


Глутницата кучиња што живеат во паркот пред Домот на армијата, во неделата вечер, само за половина час нападна двајца, а едниот од нив е странски турист. Кучињата, непредизвикани од ништо, со лаење се втрчуваа меѓу луѓето на улицата „Македонија“, која е преполна и со деца, а во еден момент влегоа и во едно од кафулињата. Петте огромни кучиња беа обележани со жолт патент на увото, доказ дека биле третирани во градскиот стационар „Вардариште“.

Зошто агресивните кучиња повторно ги вратиле на улиците, се прашуваа вознемирените скопјани што беа излезени на централното шеталиште. Очигледно е дека кучињата се третирани од беснило и од други заразни болести, но тоа не ги спречува да бидат агресивни кон луѓето, особено кога се во група. Граѓаните реагираа дека и по толку години интензивни третмани и кастрирање, сепак, бројот на кучињата-скитници незначително се намалува. Од друга страна, пак, евидентно е дека стануваат се' поагресивни и се непријателски расположени кон луѓето.

„Ништо нема да ми значи фактот дека кучето не е болно ако ме касне мене или детето“, коментираше една повозрасна скопјанка, заштитувајќи си го внучето од растрчаните и разбеснети кучиња.

Од Градот Скопје велат дека нивната надлежност почнува и завршува во стационарот „Вардариште“ каде што се должни да спроведат вакцинирање, кастрирање и обележување на кучињата. Заловувањето го прави јавното претпријатие „Комунална хигиена“, кое има обврска ако кучињата се мирни и здрави да ги врати на истото место од каде што се земени.

„Кучињата кои ги заловуваме ги прегледуваат ветеринарите во ’Вардариште‘ и тие одлучуваат каков третман ќ�� добијат. Ако се здрави и ако не се агресивни, ги враќаме на местото каде што се заловени. Тука завршуваат нашите ингеренции на кои сме обврзани со законите и со правилниците“, вели директорот на „Комунална хигиена“, Ракип Дочи.

На прашањето што ако третираните кучиња прават вакви проблеми, двете институции ги собираат рамениците. Нападите од многу организации за заштита на животните ги прави претпазливи, па како слеп за стап се држат до законот и до одлуките за хуман третман донесени од Советот на Скопје, со што, практично, ги оставаат граѓаните сами да се снаоѓаат во опасните ситуации. Ако некој биде каснато од куче-скитник, тој самиот ќе треба да оди на лекар, да го најде кучето што го каснало за да се утврди дали е бесно и на крај да си ги сноси трошоците за лекувањето. Стресот, коментираат скопјани, е бесплатен.


#
Статијата е прочитана 1392 пати.

Испрати коментар

Од: senegal
Датум: 13.09.2010 12:32:36
prethodno za edna statija kazav deka ova vo bjrm e cist HAOS
Од: komunjar
Датум: 13.09.2010 14:00:14
A zosto nikogas ne ste prasale nekoj od opstinata ili od grad Skopje dali nekogas planiraat da prezemat nesto? Sto deka citame nie obicnive smrtnici? Znaeme nie sto se seta sred Centar, sto ni kazuvate nam?
Од: Лебед
Датум: 13.09.2010 14:43:30
Овие од Срна што ги заштитуваат животните, нека си ги земат џукелите за дома. Ова е срамота, чиста срамота што се случува во центарот на Скопје.
Од: Krajno zagrizena
Датум: 13.09.2010 14:56:59
Od tretiranjeto na kuchinjata i nivnoto povtorno vrakanje na ulicite ochigledno nema ama bash nikakva korist. Kuchina skitnici na ulicite vo nikoj grad, pa ni selo, ednostavno ne treba da ima. Kuchinjata skitnici se nepojmliva rabota za svetskite metropoli i gradovi. Kucheto sekogash treba da ima sopstvenik koj ke se grizi za nego. Ako kucheto ostane bez sopstvenik togash toa se chuva vo gradski zasolnishta (shelters), a ne na gradski ploshtad ili koja bilo ulica, nebare e gradska znamenitost. Isto taka, kaj nas nitu sopstvenicite na kuchinja ne go sobiraat izmetot na svoite milenici od ulicite, a za kuchinjata skitnici i da ne zboruvame. Tie i taka ne se nichija sopstvenost.
Од: komunjarka
Датум: 13.09.2010 15:34:32
На времето у црниот социјализам (средината на 80 те ) акао си легнеш после 12 можеше да се слушнат истрели ноќе од сачмарка. Јас, одев на работа во 6 и 30 наутро пешки од Водњанска до аптека Карпош, преку тогашен Реплек Зимно време с��ма без страв ни од луѓе ни од кучиња на 20 годишна возраст. ДА живее црниот комунизам, доле ова лудило.
Од: TRAJANKA
Датум: 13.09.2010 16:05:46
Kucinjata od ulica ne se vinovni , vo Skopje kucinjata od ulica se mnogu dobri vo usporedba so lugeto kako se odnesuvat sprema niv . Kucinjata nikogas ne napagat prvi bez razlog !!! Mnogu luge bez ikakov razlog gi zakacat kucinjata , dosta e so omraza da go poglednat kuceto , toa oseka i zatoa reagira , nema kalkulacija prljava sto ja poseduva covekot .Kucinjata ne se vinovni , vinovni se tie sto gi mrazat , nemat ni malku ljubov prema niv , zatoa imat problemi . Naznaceniot stranec nema isto nikakvo znacenje , luge ima sekade dobri i losi ( losite kucinjata ne gi sakat ) toa e fakt.

Најди! во Утрински
Скопје
Пречистителна станица ќе го спасува езерото Треска
Бутел со нова веб-страница
Пешачки патеки во Железарница