Број 3380  понеделник, 13 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Пречистителна станица ќе го спасува езерото Треска

Станицата ќе го чини Министерството за животна средина 44 милиони денари

Новата пречистителна станица за селата Глумово и Шишево во општината Сарај ќе значи спас за реката и за езерото Треска. Септичките јами и непречистената фекална вода што со децении ја загадуваа реката, која го полни езерото ќе се заменат со нова фекална канализација, чија вода ќе се пречистува пред да биде испуштена. Пречистителната станица ќе ја гради Министерството за животна средина, кое е финансиер и на станицата во Волково. Министерството на тендер ја избра градежната фирма „АК компани“ од Тетово, која за 44 милиони денари ќе треба да подготви проект и да ја изгради пречистителната станица.

„Сега сме во фаза на обезбедување на севкупната инвестициско-техничка документација за пречистителната станица. Рокот на изведба по обезбедувањето на потребната документација е три години. Станицата за отпадни води има капацитет од 8.500 еквивалент жители и е од огромно значење, бидејќи со неа ќе се прочистат отпадните води што се влеваат во реката Треска“, информираат од Министерството.

Истовремено, во селото Волково, по завршувањето на примарната и на секундарната канализациска мрежа, се завршени и сите подготвителни активности на терен, а идејниот и основниот проект се во фаза на ревизија. Оваа пречистителна станица ќе ја гради фирмата „Рико“ од Словенија, а нејзината вредност е 5, 8 милиони евра. Во моментов се очекува Општина Ѓорче Петров да го издаде одобрението за градба, а рокот за изградба е до мај 2012 година.

„Значењето на пречистителната станица, која е со капацитет од 15.000 еквивалент жители, е огромно, бидејќи ќе ги прибира отпадните води од населените места по долното течение на реката Лепенец. Со тоа ќе се заштитат подземните води во близина на бунарите за чиста вода Нерези -Лепенец, а ќе се спречи и директното загадување на водите на реките Лепенец и Вардар“, велат од Министерството. (С.Н.)


#
Статијата е прочитана 752 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Скопје
Внимавајте, агресивни кучиња напаѓаат на улица „Македонија“
Бутел со нова веб-страница
Пешачки патеки во Железарница