Број 3446  среда, 01 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Енергија








Site Meter
Македонија

Љубен Лапе не е меѓу славните прилепчани

За некои интелектуалци е несфатливо како може да се изостави името на академикот

Моника Талеска

ПРИЛЕП - Името на академик Љубен Лапе, основоположник на македонската историја, кого уште го нарекуваат „Македонски Херодот“ не е врежано на Патеката на славните прилепчани. За дел од интелектуалците е несфатливо како може, случајно или намерно, да се изостави името на академик Лапе.

Патеката на славните во центарот на Прилеп беше откриена токму на денот кога се слават два јубилеја, 100 години од раѓањето на овој незаменлив научник и 25 години од неговата смрт. Единствено Друштвото за наука и уметност во соработка со Градската библиотека со многу пиетет посветија „Ден на академик Љубен Лапе“.

„Лесно е да се биде Македонец денес. Но, до 1945 година немавме македонска историја што до тој период и' припаѓаше на Бугарија, Грција и Србија. Голема доблест е по сето тоа да се излезе како победник и да се задржи македонската мисла. Љубен Лапе е еден од оние што ги поминале тие премрежиња“, вели професор д-р Тодор Чепреганов, директор на Институтот за национална историја, потенцирајќи го големото дело на академикот не само во процесот на создавање на македонската историја туку и во етаблирањето на првите македонски образовни институции.

По ослободувањето во 1945 година, Лапе ја извршувал функцијата заменик-министер за образование во македонската Влада и интензивно работел на подготовка на програми и деловници за основно и за средно образование.

„Професорот Љубен Лапе е основоположник на Институтот за историја, претходно Катедра за историја на Филозофскиот факултет. Тој е и основоположник на самиот универзитет ‘Свети Кирил и Методиј‘ и, пред се', на Филозофскиот факултет каде што го посвети поголемиот дел од својот живот. Лапе не беше само исклучителен научник, професор, туку и прекрасен, скромен човек, кој што вложуваше максимална енергија во едукација на студентите“, се сеќава д-р Маргарита Пешевска, професорка на Филозофскиот факултет и негова ученичка, родена во Прилеп.

Над 230 библиографски дела, статии, прилози, предавања во историографската наука брои пишаниот труд на овој македонски деец, кој бил активно вклучен во подготовка на кадри за средните и за основните училишта.

„Академик Лапе стави посебен акцент на Македонија во времето на турското владеење, а особено од 18 до 20 век, на илинденскиот период, Крушевската Република“, истакнува Рубин Белчески, виш кустос во прилепскиот Завод и музеј.

Прилепската интелектуална фела ја повикува локалната самоуправа да ја исправи грешката, со барање да се најде соодветно место за биста на академикот. На тој начин сите идни генерации ќе можат да го препознаваат втемелувачот на нашата историја. Според интелектуалците, името на академикот задолжително треба да биде вградено на Патеката на славните.

Но, градоначалникот Марјан Ристески тврди дека не е направен пропуст. Тој ветува дека името на Лапе дополнително ќе стане дел од Патеката на славните. „Комисија во Советот предлага имиња врз основа на предлози од граѓаните. За името на академикот Лапе и за други починати, но и за сограѓани кои се' уште активно творат, или за вкупно 63 имиња ќе има место на Патеката на славните прилепчани“, вели Ристески. Тој тврди дека немал сознанија оти токму на празникот се навршија 100 години од раѓањето на академикот Љубен Лапе.


#
Статијата е прочитана 1090 пати.

Испрати коментар

Од: Прилеп
Датум: 01.12.2010 12:24:00
Вие мислите оти градоначалникот Ристески знае кој бил Љубен Лапе? Ептен сте го прецениле интелектуалниот капацитет на Марјанчо. Тој знае кои биле Ванчо Михајлов и Тодор Александров и - толку! Тука завршува целиот негов интерес и познавање на историјата. Се’ друго за него е шпанско село.
Од: skopjanec
Датум: 01.12.2010 13:01:14
Gradonacalnikot Marjan Ristevski da ne se pravi na udren. Jasno da kaze deka za komunistite nema mesto vo patekata na slavnite. On i negovite istomislenici treba da znaat deka drzavotvornosta na Makedonija pocnuva so partizanite i komunistite. A ne so komitite.
Од: duks
Датум: 01.12.2010 14:14:50
da bese bugaras i spomenik ke imase
Од: marjan.pp
Датум: 01.12.2010 14:33:50
aj,uste malku ke vi go pratime tamu vo skopje,,na vodno''ke se spasi gradot od licemeri:licem sveci-srcem vci....
Од: A kade e Ceca?
Датум: 02.12.2010 09:18:21
A zasto nema obelezje i za Ceca , na "pataketa na slavnite"? Pa na Pivofestot sobra tolkava tolpa ludje i mislam deka mora da i se odredi obelezje na taa pateka.

Најди! во Утрински
Македонија
Во Битола прво се гради, па се легализира
Разводите станаа како добро утро
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars