БОБ ГЕЛДОФ
Ги мрази своите божикни песни
Ирскиот музичар Боб Гелдоф изјавил за „Дејли телеграф“ дека презира свои две најпознати песни. „Јас сум виновен за двете најлоши песни во историјата на музиката. Едната е ’Do They Know It’s Christmas?‘, а другата ’We Are The World‘. И оваа година повторно ќе ги слушам, кога и да влезам во која било продавница. И така секој проклет Божик“, се пожалил Гелдоф.
Боб се прослави во 1984 година, организирајќи го најголемиот музичко- хуманитарен проект на сите времиња „Бенд ејд“, а една година подоцна и „Лајв ејд“ на Вембли и во Филаделфија. Со тоа ги постави новите трендови во активната промоција на хуманитарната работа и собра пари со кои прехрани голем дел од гладната Африка.
Песната „Do They Know It’s Christmas?“ ја напиша со Миџ Јур за „Бенд ејд“, а цели 26 години, вели тој, се нервира кога ќе слушне групи деца кога ја пеат на улица.
„Сигурен сум дека мислат дека тоа е песна стара колку и ’Тивка ноќ‘. Понекогаш ја мразам затоа што самиот ја напишав, а понекогаш само силно посакувам да престанат да ја пеат, зашто не им оди“, рекол Гелдоф, притоа воопшто не грижејќи се дека звучи како здодевен старец. |