Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Забава

Џенифер Лопез

Тужба за бившиот сопруг поради секси филмчето

Тоа дека изборот на погрешен маж може да и' го загорчи животот на жената се увери и Џенифер Лопез (41), која веќе со години води судска битка со бившиот сопруг Ојани Ноа, кој упорно се обидува да ги материјализира 12 месеци љубов со неа. Последниот судски спор е поврзан со нивното заедничко домашно видео, каде што пејачката го покажува меѓуножјето возејќи се на скутер.

Алчниот танчар се обидел да го продаде, но амбициозната Џенифер Лопез дала се' од себе да не се случи тоа, барајќи правда на суд. Пред три години таа на суд се избори за забрана за издавање книга за својот живот, повторно од перото на бившиот сопруг и видеото: „Како се оженив со Џенифер Лопез: приказна на Џеј Ло и Ноа“.

Пејачката и танчарот со кубанско потекло се запознале во еден ресторан во Мајами, каде што тој работел како келнер. Се венчале многу брзо и уште побрзо се развеле откако не минале ни цела година во брак. По разводот, Џенифер го вработила Ноа во својот ресторан, како управител, но повеќе немала милост спрема него кога дознала колку е алчен и дрзок. Прашањето сега е дали нејзиниот сегашен сопруг Марк Антони, со кого ги има близнаците Макс и Ема, ќе има милост кон неа, ако домашното видео од лудата младост излезе на светлината на денот.


#
Статијата е прочитана 1382 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Без зборови по концертот на „Мизар“
Каролина - гостинка во „Хиторама“ на Ем-Ти-Ви Адрија
Ги мрази своите божикни песни
Добредојде за Италија на Евровизија
Немав афера со Тони Паркер
„Таксират“ финале
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society