Оригами од рециклирана хартија
Учениците од ОУ „Браќа Миладиновци“ во општината Аеродром, заедно со извидниците од одредот „Галеб“, рециклираа стара хартија. Тие од стара и веќе употребена хартија направија нова, која подоцна ќе ја употребат за други активности. Помладите ученици и извидници, пак, правеа оригами и пишуваа еколошки пораки на рециклираната хартија. (С.Н.) |