Број 3284  понеделник, 17 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Изградбата на „Илинденска“ го натрупа Дебар Маало со возила

Потегот од фонтаната до „Рузвелтова“ ќе биде затворен уште најмалку две недели

Сања Наумовска

„Илинденска“ од фонтаната „Лотос“ до „Рузвелтова“ ќе биде затворена најмалку уште две недели. Сообраќајот дотогаш ќе се одвива по околните улици во Дебар Маало, каде што деновиве владее вистински сообраќаен хаос. Метежот се пренесува и на „Партизанска“ и на проодниот дел на „Илинденска“. Сепак, поради кусиот временски период, градските власти не размислуваат за нови сообраќајни решенија низ уличките во Дебар Маало.

„Нема да се воведува евентуално еднонасочно одвивање на сообраќајот заради олеснување на движењето на возилата, бидејќи, во зависност од временските услови, од 1 јуни очекуваме да се врати стариот режим на сообраќај на затворениот дел од ’Илинденска’“, информираат од Градот.

Нов сообраќаен режим има и на второто градско градилиште, булеварот „Србија“. На потегот кај бензинската пумпа на „Макпетрол“, возилата се пренасочуваат поради завршување на средишниот појас од зеленилото на новиот булевар. Деновиве се работи и на уредување на сервисната улица што води покрај пругата, заради полесно вклучување и исклучување на возилата што доаѓаат од населбата Лисиче.

На „Илинденска“ во тек е трасирањето на новите коловозни ленти, информираат градските власти. Истовремено, се обезбедува подземната инсталација, се поставуваат сливниците за атмосферските води, а подлогата се тампонира. Во текот на изминатата недела по должината на новите коловозни ленти се поставуваа и рабници. Се очекува до крајот на месецов да завршат градежните работи што го оневозможуваат одвивањето на сообраќајот, велат во Градот.

На булеварот „Србија“, пак, се работи на раскрсницата меѓу булеварите „Србија“, „Трета македонска бригада“ и „Дванаестта македонска бригада“. Започнато е асфалтирањето и поставувањето рабници, а истовремено ќе се асфалтираат уште 300 метри од проширувањето на „Србија“, во насока кон улицата „Првомајска“. На овој дел претходно беше направена заштита на подземната инсталација, а дел од инсталацијата беше дислоциран. Исто така, комплетно се асфалтирани првите 700 метри од проширувањето од раскрсницата со „Видое Смилевски - Бато“ до „Трета македонска бригада“. Моментно, информираат од Градот Скопје, на потегот се редат рабници, а на тротоарите и велосипедската патека се поставуваат бехатон-плочки. Вкупната должина на проширувањето на булеварот Србија изнесува 1.700 метри, за што Градот Скопје ќе потроши околу 2 милиона евра.


#
Статијата е прочитана 1057 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Зонско паркирање кај „Мавровка“
Оригами од рециклирана хартија
Поправка на патот Раштак – Бутел