Број 3284  понеделник, 17 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Зонско паркирање кај „Мавровка“

За еден час паркирање ќе се плаќаат 35 денари, а времетраењето на паркирањето ќе биде ограничено

Зонското паркирање ќе се прошири на нови локации во општините Чаир, Аеродром и Центар најавуваат од јавното претпријатие „Градски паркинг“. Првата локација каде што ќе се уредува паркирањето, што се планира да профункционира за една седмица е улицата непосредно до трговскиот центар „Мавровка“.

На потегот ќе бидат обележани 97 нови места за паркирање, што ќе влезат во втората зона. За еден час паркирање ќе се плаќаат 35 денари, а времетраењето на паркирањето ќе биде ограничено. Зонско паркирање и еден затворен паркинг ќе има и во близина на здравствениот дом „Чаир“, како и на улицата пред Театарот на народностите.

„Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, предложи неколку локации каде што се создава најголем хаос и каде што има потреба од регулирање на паркирањето. Соработката е одлична и ќе продолжи и со уредување на нови паркинзи во оваа општина“, вели директорот на „Градски паркинг“, Панче Стојановски.

Во јуни зонско паркирање ќе почне да се применува и во општина Аеродром, зад слаткарницата „Палма“. Во моментов се изработува проектот, по што ќе стартува бележењето на паркинг-местата. Паркиралиштето влегува во зелената зона каде што времето на задржување не е ограничено, а еден час паркирање ќе чини 25 денари.

Од јавното претпријатие најавуваат и отворање на паркингот „Камен мост“, каде што за петнаесетина дена, исто така, ќе се применува зонското паркирање. Паркиралиштето е во првата зона каде што час паркирање ќе чини 45 денари. (С.Н.)


#
Статијата е прочитана 496 пати.

Испрати коментар

Од: Велосипедист
Датум: 17.05.2010 04:40:05
Како гледам се’ станува поскапо па наскоро ќе можеме само да си седиме дома. Еден час паркирање 45 денари, не дај Боже два 90 денари, ме интересира колку луѓе можат да си го дозволат тоа? Со која плата? Кога е убаво времето може да се користи велосипед, но што во другите делови од годината, ни на гости веќе не може да се оди.
Од: zoran
Датум: 17.05.2010 09:15:22
aman veke od gradski parking,kako pravi reketari se.
Од: Maja
Датум: 17.05.2010 14:25:55
Дотаму дотуркавме, од рекет само да се живее, сите пари одат за мангупите кои контролираат дали си пишал смс, една дупка на паркинзите не е закрпена.

Најди! во Утрински
Скопје
Изградбата на „Илинденска“ го натрупа Дебар Маало со возила
Оригами од рециклирана хартија
Поправка на патот Раштак – Бутел