Црвенковски и Груевски имаат најдолг стаж во владите
Црвенковски беше премиер осум години, а Груевски има шест и пол години како премиер и министер
Оливера Војновска
Двајцата најголеми политички противници, шефот на државата, Бранко Црвенковски, и премиерот Никола Груевски се со најдолг стаж во владите што се сменија во изминатите 18 години. Црвенковски во три наврати беше премиер и на оваа функција помина вкупно осум години. Истера два мандата во периодот од септември 1992 година до декември 1998 година, а третиот од октомври 2002 до мај 2004 година. Тогаш стана претседател на државата - исто така функција од извршната власт, но со далеку помало влијание од премиерската.
Груевски во владата е шест и пол години, од кои како премиер има искуство две и пол години, а како министер четири. Тој стана шеф на владата во август 2006 година, а годинава по предвремените парламентарни избори повторно беше избран за премиер на 26 јули.
Груевски, инаку, првпат влезе во владата на крајот на ноември 1998 година, најнапред како министер без ресор во кабинетот на експремиерот Љупчо Георгиевски, веднаш потоа (по зголемувањето на бројот на министерствата) стана министер за трговија и на оваа позиција остана една година. Во втората владина реконструкција што ја направи Георгиевски на крајот на декември 1999 година Груевски стана министер за финансии и функцијата ја задржа до крајот на мандатот во 2002 година.
Георгиевски за четири години седумпати ги реконструира министрите во својот кабинет, а на челните места во неговата администрација продефилираа седумдесетина функционери. Во тој период Георгиевски најде замена за сите министри кои доаѓаа од редот на неговата партија, освен за Груевски, кој ги преживеа сите проветрувања на владата.
Доволно е само да се погледнат заедничките фотографии што ги направи Георгиевски со сите свои министри и да се забележи дека тој постојано е во ново друштво со исклучок на Груевски.
Политичкиот аналитичар Мерсел Биљали вели дека македонските политичари никако да станат свесни дека политиката има рок на траење и дека јавноста со тек на времето се заситува од истите лица. „И во тој дел се разликуваме од западниот свет. Таму политичката кариера се крунисува со конкретен успех. Црвенковски долго време е во политиката и не гледам причина за неговото бомбастично враќање по престанувањето на претседателскиот мандат. Тој можеби до одреден степен ќе ја мобилизира партијата, но мислам дека нема да направи нешто посебно на политичката сцена. Таков маестрален кам-бек може да се случи само доколку и��а поголеми потреси. Хипотетички кажано, Црвенковски би можел да се појави како спасител единствено ако Груевски ја доведе државата во колапс. Во нормални услови, обично откако лидерите ќе си заминат од врвот на партијата, не се враќаат“, истакнува Биљали. Според него, многу лоша работа е тоа што кај нас лидерите не работат за да изградат нови партиски структури туку, како што вели, се сметаат за незаменливи и вечни.
Биљали вели дека странските политичари, за разлика од нашите, на крајот од мандатот на јавен и транспарентен начин положуваат сметка. „Кај нас не е така, не се случило досега некој да даде отчет за времето поминато на висока државна функција. Се даваат нереални ветувања и се оди на картата дека народот има кратко паметење. Во 2006 година Груевски кажа дека ќе влеземе во НАТО, тоа не се случи. Зрел политичар си поднесува оставка поради такво нешто. Црвенковски, кој секогаш зборува неопределено и не ги фиксира ветувањата, во 2002 година кажа дека ќе вработи по еден член во секое семејство“, вели Биљали.
Во долговечни министри може да се вбројат Љубомир Фрчкоски, кој раководеше со ресорите за внатрешни и надворешни работи во првите две влади на Црвенковски, потоа Јане Миљовски, кој беше министер за финансии и потпретседател на влада, Беќир Жута, министер за стопанство и потпретседател на владата. Владо Поповски во владите на Црвенковски беше министер за одбрана и за правда, а во последниот владин кабинет на Георгиевски беше министер за одбрана. Од актуелните министри долг стаж во владата има првиот финансиер Трајко Славески, кој во владата на Георгиевски беше министер за развој.
Значи за се што се случуваше во Македонија сега ги најдовте кривците...8 години Бранко 6,5 години Никола,значи имаме кривци за 14,5 години,голготата на Македонскиот народ...е пак изгледа дека ке добиете медал за заслуга на уништување на Македонскиот народ.....Никола има шанса да се поправи...како гледаме само камери,народот пак исто,или освестетесе поправите ги работите,или народот ке ви обеси еден голем медал на срамот.....Под хитно да се помогне на Македонскиот народ,дијаспората исто така е загрижена за сиромаштијата на обичниот Македонец.
Од: poranesen pozarnikar
Датум: 27.12.2008 00:19:12
Citajki go tekstov se setiv deka ovie dvajca i ne se edinstvenite so tolkav staz na rakovodni funkcii. Komandantot na skopskata protivpozarna brigada e komandant vo tri razlicni vladi i mnogumina mozat da mu pozavidat na negovata umesnost da im vleze pod koza na site avtoriteti nad nego celo ova vreme. Najstrasnoto vo seto ova e toa sto i toj kako i dvajcata gore spomenati vo tekstot nisto ne napravi za profesijata sto ja raboti (profesionalen pozarnikar). Gi sobra okulu sebe poltronite na celo so negoviot polu pismen brat i gi napravi komandiri bez da vodi smetka za faktot deka nitu toj nitu tie nemaat ni P od profesionalnosta. Ama na smetka na toa toj i brat mu se profesionalci vo krazbi na gorivo ,rezervni delovi i vo trosenjeto na 500000 evra bugjet na brigadata za 2008g.
Од: sandra
Датум: 27.12.2008 00:32:13
interesen napis za vmrovchinjata posto nivnata vesela matematika e takva sto nonstop verglaat deka branko e 17 a vo posledno vreme 18g na vlast. sepak, dobro bi bilo da napravite i kvalitativna sporedba iako eden branko ne moze da se sporeduva so segasniov. toa e kako da go sporeduvate bicikliski so george kluni. znaci edna lista postignuvanja/neuspesi na dvajcata. branko naprai drzava od nisto, priem vo oon, priznavanje na rm od sad i 120 zemji, kandidatski status za eu nato reformi i megunaroden ugled, ramkoven dogov i sl. sto napravi gruevski - milenikot na georgievski osven patriotski smetki, dzemaili na sloboda , gushenje na slobodata na govor ....????ah da, donese hunzi i spomenici, ogromen broj reklami. pred faktite i bogovite molcat
Од: Трпе
Датум: 27.12.2008 00:47:05
Груевски има само една мана,се плаши од дуели.Инаку момчето кое е пораснато од самохрана мајка,многу добро е воспитан.Не лаже не краде,тоа што го ветува го исполнува.Исполнува чекори а и самиот не знае во кој правец , дали напред или назад.Не уценува,не заплашува само што луби диктатура.Тоа е човек со добро воспитување кој може едно да говори а друго да работи за неговите 24/7=3,5 часа.И за сите грешки виновен му е некој друг.СДСМ му е нокна мора..Да се надеваме дека некогаш ке се отрезни ако не фати џејнем.
Од: struzanec
Датум: 27.12.2008 00:48:47
Grueski jasno mi e zosto e tolku vreme na vlast,a i tesko vo dogledno vreme deka ke se smeni taa situacija,amaaa ne mi e jasno kako i zosto bil Branko tolku vreme na vlast?!
Од: Македонија
Датум: 27.12.2008 01:13:22
Погрешна споредба. Стажот на Груевски е пресметан како премиер и министер а на Црвенковски само на премиер а не и како претседател на државата.
Од: ljupco,bitola
Датум: 27.12.2008 01:59:22
Ова не е математика,ами гумарабика.Собирате баби и жаби за да докажате и одбраните нешто неодбранливо.Штетник со најголем стаж во овој транзиционен период е нашиот држалник. Без конкуренција и без можност некој друг да го достигне обемот на неговите зулуми.За цело тоа време ни продава магла,а најтрагично е тоа што сеуште му успева кај голем број граѓани.
Од: St.Patrik
Датум: 27.12.2008 02:54:07
Sega ni e na site jasno koj e kriv za ova deredje na koe sme dojdeni...i na slednite izbori treba da birame od dvete zla, pomaloto..ebati srekjata
Од: зоран87
Датум: 27.12.2008 02:59:57
Неоспорен факт е дека станува збор за личности кои оставија и се уште оставаат траги во современата македонска историја. Но разликата е во тоа што едниот во неа ќе биде запишан по тоа што во негово време се случи криминална приватизација, разграбување на државните ресурси, најголемите банкарски кризи (ТАТ, АЛФА С и ЛАВЦИ), период во кој на улица останаа 300 000 невработени и уште дупло од нив едвај преживуваат. На другата страна Никола Груевски ќе биде запамтен по тоа што ја врати довербата кај македонските граѓани, покажа дека има визија и знае како да ја извлеќе земјата од амбисот во кој што тој другиот ја в турна и сметам дека е на добар пат неговото име да биде запишано со златни букви во македонската историја.
Од: Весна
Датум: 27.12.2008 08:32:32
Не знам дали е точно, но сум слушнала и дека Никола Груевски бил најмладиот министер во Европа. И покрај тоа како министер беше најдобар и сега како премиер е најдобар. Напред Никола, сите те сакаме!
Од: ОЛИ ЈУЛЧОВСКИ-Струмица
Датум: 27.12.2008 08:44:43
Ако подетоците во текстот ги гледаме како старистички, тогаш Претседателот Б. Црвенковски, бидејки има поголем стаж треба да понесе и поголема одговорност за состојбата во која е нашата Македонија. Но, Тоа е само статистика. Да направеме едена друга анализа-По осамостојувањето Македонија некој требаше да ја ,,ОЖИВЕЕ,, да биде прифатена како нов субјек во светот- тоа се случи и бевме први во регионот. Со доагањето на Војводите беше уништена и оплачкана(во тие случувања учествуваше и Колето. В0 2002 повторно некој требаше да ги исчисте посраните гаки. На Коле му е оставена со кандидатски статус за ЕУ. Е, сега сами видете каде е икаде ке стигне со Колето.
Од: zabegan
Датум: 27.12.2008 10:14:32
ne,ne OLIVERA da ne ste vo greska??????? pa zarem veruvas vo toa sto go pisuvas ili treba da mu veruvas NA GRUJA koj tvrdi samo SDSMi BRANKO bile na vlas a tie fcera dosle.
Од: Gorde - Kavadarci
Датум: 27.12.2008 11:39:14
Zarem se samo 18 godini, a mene mi se cinea ko 80 godini teror i ugnetuvanje od Branko i negovite sopartijci.
Од: commanddevil
Датум: 27.12.2008 13:11:04
eee ,,makedonska nesrekjo,, ...pisuvas -makedonskata dijaspora bile ,,mnogu zagrizeni?....kogo lazes ..nas ili sebe si?..da gi interesirase ke pokazea rezultat do sega.tie si sedat tamo a samo moze da se pojavata vo zavisnost ako namirisaat deka moze da se ofajdat vo drustvo na nekoja politicka garnitura...no se samo za licna korist.
Од: boki
Датум: 27.12.2008 13:16:35
Sporedba za site sto go kritikuvaat Crvenkovski : 92 - 98 izgradba na nova drzava Makedonija priznaena od site megunarodni organizacii i pokraj golemite blokadi od sosednite drzavi . 2002 -06 posle edna godina vojna Makedonija dobi status kandidat A toa se gospoda FAKTI
Од: meto
Датум: 27.12.2008 13:57:32
Како одговор на оние на кои не ми е нешто јасно,а всушност сеим е јасно би требало да се направи споредба што Макеонија направи/ненаправи во времето на владеењето на СДСМ,а што во времето на ВМРО-ДПМНЕ.Да не заборавиме дека првата„експертска „влада беше со Мааковско-вмровска провинциенција.Тоа вмровчињата не го есапат во нивната „весела „математика туку научиле дека во овие 17 години само СДСм бил на власт.Брзото менување на кадрите во ВМРО има за цел да го постигне и ефектот на амнезија,па оттаму намладите вмровчиња може да им се продава рог за свека колку сакаш.Амадобро е што и тие не се наивни ,па ја следат психологијата од времето на Војводата Љубчо.Дојди на власт,товарај ја вреката и бегај.А за Македонија не се секирај .ке дојдат „комуњарите„ на власт ке ја оправат работата а ВМРО ке си плука по нив за да ги сокрие траговите.Ете и тоа е Македонија.
Од: blage kavadarci
Датум: 27.12.2008 16:46:24
pa sto napravija sdsm za ovaa zemja be lugje. gospodinot crvenkovski mozebi bil najdolgo vo vladata no po sto go pametite? eve dojde i pretsedatel i? kade e narodot vo negovite planovi? ste cule nekogas da se kaze" pretsedatelot denes ova ova ova go napravi za svojot narod... predlozi da se napravi ova za zemjodelcite"? ne, neli? tuku toa e sega ovaa vlada sto se zalaga za podobro utre
Од: Atanas
Датум: 27.12.2008 17:56:18
Treba i dvajcata da ne se mesaat poveke vo politikata. Sigurno tie ke se pokorisni vo nekoi privatni firmi a za ovie mesta na koi se sega nikako. Zatoa sto za izvrsuvanje na ovie funkcii treba da se ima podarok od prirodata i da se bide posveten na rabotata i da se raboti za narodot i drzavata. A ovie se borat samo za vlast za pari i eliminacija na se drugo sto e protiv niv. Mislam deka treba sto poskoro da si odat inaku graganite na Makedonija ke stradaat uste mnogu. A sigurno deka ima mnogu,mnogu posposobni Makedonci i vo Makedonija a i vo dijasporata sto mozat da go spasat ovoj narod i Makedonija a toa go zasluzuvaat.
Од: Maja
Датум: 27.12.2008 18:11:21
Ne e vazno koj kolku vladeel vo Makedonija, tuku koj kako vladeel. Koga i da e VMRO-DPMNE na vlast nam ni se slucuvaat mnogu losi raboti, zboruvam za drzavata, naselenieto ke go ostavam na strana. 2001 konflikt, vojna ili nesto treto, 2008 edna golema slakanica od NATO, a za 2009 za koja velat deka ke bide mnogu teska ne sakam nitu da razmisluvam sto se moze da ni se sluci.