Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хороскоп

Дневен хороскоп





Овен



Убавите информации што ќе стигнат до вас ќе ве направат среќни и повеќе од очекуваното. Партнерот ќе биде уште еден фактор што ќе придонесе за вашето добро расположение и за целокупно подобрување на вашиот емотивен живот.





Бик



Не дозволувајте нервозата да го доведе во прашање вашиот емотивен статус. Обидете се да се смирите и да не реагирате импулсивно на провокациите. Наспроти очекувањата на околината да ве разбранува, изнајдете начин да бидете тактични и да постапите разумно.





Близнаци



Многу претставници на овој знак денес ќе се соочат со здравствени проблеми кои ќе ги попречат во завршувањето на редовните обврски. Однесувајте се разумно и не дозволувајте соработниците да ве провоцираат непотребно. Вашата ведра природа нека биде на прво место.





Рак



Двоумењето е главниот проблем кој ве попречува во донесувањето на некоја конечна одлука. Ќе бидете во ситуација долго да размислувате за некои проблеми чие решение е едноставно и лесно само доколку успеете да го сфатите тоа. Финансиската ситуација е нестабилна, затоа трошете рационално.





Лав



Интуицијата е вашето најголемо оружје. Постојано се обидувате да верувате во неа и досега се покажала како добитна комбинација кога се во прашање вашите интереси. Иако сте изложени на негативни влијанија од околината, сепак, не очајувајте и обидете се да останете доследни на себеси.



Девица



Причината за вашата тензичност е неоправдана. Бидејќи важите за личност која најмногу се грижи за работата, малите импулсивни изјави од колегите нема да ве натераат да го смените ставот во однос на вашиот професионализам. Бидејќи станува збор за минлива криза, не обрнувајте многу внимание на непотребни нешта.





Терезија



Сметате дека работите се одвиваат по ваша желба, но внимавајте да не се излажете пред самиот крај. Колку и да изгледа совршено, околината на вас гледа со негодување кога станува збор за успехот и добрата материјална сатисфакција. Бидете подготвени да се соочите со сите предизвици, независно од исходот на нештата.





Скорпија



Вложувате голем напор кога станува збор за работата. Мора да внимавате да не ги прецените своите можности и да не произведете контраефект за многу нешта. Последиците на вашата ангажираност околу работата ги чувствува партнерот.





Стрелец



Доколку постојано се обидувате да ги убедувате останатите дека грешат, залудно го трошите своето време. Изразениот потенцијал за дипломатија, способноста да им помогнете на другите и рационалното размислување нека бидат вашите основни адути кога се во прашање пријателите.





Јарец



Лицата родени во овој знак имаат изразена потреба да го менуваат своето расположение без некоја особена причина. Можеби и немате зошто да очајувате ако сфатите дека пријателите секогаш се тука кога ви е потре��но и кога имате што да им кажете.





Водолија



Упорноста е работа која би требало да ви го донесе посакуваниот резултат. Постојано се трудите да им одолеете на многу нешта, па оттаму сфаќате дека на крајот треба да излезете како победник од многу нешта. Обидете се да се концентрирате на важните работи.





Риби



Иако на прв поглед сте смирени и срамежливи, вашите емоции се доста бурни. Во емотивната врска многу припадници на овој знак ќе се обидат да ги променат работите или да преземат конкретна акција.

Најди! во Утрински