Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Соња Маркова
економски експерт

Денеска е мојот последен ден во Скопје и времето го поминувам во Американскиот колеџ каде што имам неколку предавања со постдипломците на тема „Капитални вложувања“. Тие се идната генерација македонски претприемачи и ме радува нивната посветеност на студиите. Се трудам да поуживам во скопското сонце и да ги апсорбирам промените во економскиот и секојдневниот живот, а потоа се враќам во Америка, во Силиконската долина.

Ненад Секирарски
моден креатор

Првиот дел од денот ми е вообичаено работен, во моето ателје и тековните нарачки. Попладне, поточно од 18 часот, во новиот салон на „Аверс“ во ГТЦ го прогласуваме и официјално сувенирот на град Скопје, т.е. наградите од конкурсот во чија жири-комисија учествував.

Маја Вукичевиќ
пејачка

Покрај секојдневните обврски, денеска имам една пријатна обврска. Со уште неколку колеги примаме благодарници од граѓанското здружение „Засади ја својата иднина“ за нашиот придонес во акциите „Ден на дрвото“. Секако, се подготвувам и за пријатната обврска в сабота, кога повторно ќе учествувам и ќе ја поддржам оваа акција.

 

Најди! во Утрински