Брз водич за спречување со стресот
Фантазирајте за убави работи

Не прифаќајте го стресот како неизбежен дел од модерниот живот, апелира Џил Едвардс, пионер во самосвесна медицина
Причини и ефекти
Самосвесната медицина е правење врска меѓу вашиот ум и телото. Ако сте физички болен, тоа отсликува дека нешто се случува во вашата свест. Вадењето на стресните мисли надвор од умот значи дека тие нема да имаат влијание врз вашето тело. Прво, утврдете што го предизвикува стресот - дали станува збор за работата, семејството или партнерот и - откако ќе го осознаете тоа, може да почнете да се справувате со него.
Учење
Верувам дека се' што се случува во вашиот живот е тука за да ни помогне на некој начин - да направи да научиме и да пораснеме. Така кога вашет�� тело ќе се разболи, тоа значи дека има нешто што треба да проверите во вашите животи и да се излечите.
Повторувајте по мене
Прашајте се какви се вашите верувања што ве тераат толку напорно да работите или ве оставаат загрижени околу одредени ситуации. Има секакви начини за промена на верувањата, како афирмации. Потсвеста учи со директно повторување. Ако нешто доволно долго си го повторувате, потсвеста ќе го прифати. Фразите како што се „јас сум безбеден“ и „јас сум сакан“ се особено ефикасни. Повеќето загрижености изгледа дека почнуваат поради тоа што луѓето се чувствуваат небезбедни или несакани.
Олабавете се
Кога одите да спиете, вашата потсвест е отворена, па што и да си кажете на себеси, тогаш ќе биде полесно да се апсорбира. Тоа е идеално време да се фокусира на она што сакате во животот и за што се чувствувате благодарен - се' што ве прави да се чувствувате добро. Тоа е лошо време да се грижите за нешто, бидејќи ставате уште поголема вознемиреност во вашата потсвест што нема да ви даде пријатен сон.
Фантазирајте
Кога сме навистина вознемирени, наклонети сме да бидеме во „режим на преживување“, па така сме фокусирани на тој одреден ден, но кога не сме предмет на одговор на стрес, ние сме поспособни да се фокусираме на иднината. Ако ја визуелизирате иднината - што сакате во иднина - вашето тело ќе претпостави дека не сте под непосредна закана и тоа ќе ве изведе од состојбата на одговор на стрес. Фантазирајте за убави работи 15 минути на ден, за тоа каков би сакале да ви биде животот - дури иако се' уште не знаете како да дојдете до тоа.
Обезбедете енергетска инјекција
Ако страдате од хроничен стрес, еден од најдобрите методи да се справите со него е преку психологија на енергија. Тоа е техника што се користи од обучени практиканти и вклучува потчукнување на вашите меридијани (енергетски линии што минуваат низ вашето тело, а кои, исто така, се користат во акупунктурата) во исто време додека размислувате за некој стресен настан. Тоа ќе ви помогне да ја извадите траумата од телото и потоа телото ќе може повторно да се релаксира и самото да се излечи.
|