Карванот со мисици продолжува

По Гевгелија, Струмица, Берово и Делчево минатиот викенд, карванот за избор на мис на Македонија за мис глоуб вечерва продолжува во Прилеп, во „Корзо“ (21,30ч.), а утревечер се сели во дискотеката „Ефект“ во Виница, каде што почетокот е закажан точно на полноќ. В сабота, девојките ќе се натпреваруваат во Валандово, во дискотеката „Егзит“, а финалето е закажано на 13 август во хотелот „Силекс“ во Охрид.
Вкупната победничка ќе ја претставува Македонија на изборот за мис глоуб 2011, а придружничките ќе се натпреваруваат на други интернационални избори за кои Модното студио „Црнокрак“ поседува лиценци. |