Број 2869  вторник, 23 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Македонија

Туристичко востание за повторно заживување на Крушево

Жителите настојуваат да ги задржат посетителите повеќе од еднодневен престој

Александар Пешев

КРУШЕВО - Крушевчани се подготвуваат за ново востание. Но, за разлика од востанието кое ја создаде Крушевската Република во 1903 година, овој пат тие нема никого да бркаат. Напротив, жителите на една од најатрактивните туристички локации настојуваат да ги задржат посетителите повеќе од еднодневен престој во нови и реновирани сместувачки капацитети, со понуда на тури, алтернативен туризам, планинарење и во случај на снег - скијачки спортови.

Новото туристичко востание, кое крушевчани го крстија „Крушево етноград“, ќе вклучува изработка на традиционални носии, подобрување на сместувачките капацитети и организирање разновидни активности за посетителите. Жителите на ова гратче ќе се облекуваат како комити и Турци, реконструирајќи ја атмосферата за време на Крушевското востание пред повеќе од сто години. Униформираните жители и посетители ќе се организираат во чети и, доколку се одобрат средства за овој проект, ќе парадираат на главните улици во јуни догодина. Според иницијаторот на туристичкото востание, Ранко Петровиќ од „Прима центар“, проектот нуди можност за самовработување, а инвестицијата ќе се исплати до две години.

„Ние како невладина организација, заедно со медиумите и јавните личности, не можеме сами да го имплементираме проектот. За тоа ни треба поддршка и учество на крушевчани. Најважно е сите заедно да се подготвуваме за ова востание. Битно е и целата идеја да биде поддржана од централната власт, имено од Министерството за култура“, рече Петровиќ во своето обраќање пред граѓаните.

Според него, за успешно востание е потребно реновирање на сместувачките капацитети во градот, понуда на поексклуз��вно или автентично традиционално сместување за посетителите и други содржини.

„Кога странците го посетуваат Крушево, тие се жалат дека нема што да се прави, дека нема содржина“, појасни Петровиќ.

Според проектот за туристичкото востание, жените ќе шијат традиционални носии за четниците кои ќе учествуваат во „битките“ во летната сезона. Исплатливоста на оваа инвестиција се согледува во продавање на носиите. Во проектот, исто така, се предлага понуда на кредитни линии по поволни услови за да можат крушевчани да ги реновираат или да отворат нови сместувачки капацитети во градот. Во следниве неколку години, доколку проектот наиде на поддршка од централните власти, од „Прима центар“ предвидуваат дека крушевчани ќе имаат доволно приходи за инвестирање во нови кафеани и слични објекти, а локалната самоуправа ќе има средства за инфраструктурни зафати.

„Добро е што станува збор за граѓански проект. Можам да кажам дека крушевчани имаат што да им понудат на посетителите“, вели градоначалничката на Крушево, Лефкија Гаџовска.

Крушевчани се ентузијасти за проектот.

„Мислам дека ќе успееме. Туризмот може да биде една од главните активности која може да го заживее градов“, тврди еден од жителите на Крушево.

Единствено, нешто кое се нема променето во изминативе петнаесетина години е свежиот воздух и прекрасните глетки, како и „Македониумот“. Сепак, денес Крушево остава впечаток на запуштено гратче. Старите градски куќи се запуштени со искршени прозорци и оштетени фасади, а за време на викендите улиците се празни, со само по некое отворено кафеанче и продавничка. Крушевчани се жалат дека во градот има само минувачи однадвор, додека посетители има многу малку. Од сместувачките капацитети има скромна понуда на приватно сместување во соби со заеднички кујни и бањи. Цените за сместување во мали приватни капацитети се движат од 350 до 500 денари. Во градот има отворено три приватни вили кои нудат сместување во соби со посебни кујни и бањи. Цените за престој во една ваква пристојно уредена мини- гарсониера е од 700 до 800 денари на ден. Надеж за подобра понуда за странските туристи е хотелот „Илинден“, кој беше изграден во 1949 година. По години запуштеност, објектот се реновира во ексклузивен комплекс на површина од 4.400 квадратни метри, со капацитет од 150 гости. Со понуда на затворен базен, фитнес и спа- центар и вински клуб, новите сопственици на хотелот се надеваат дека до почетокот на летната сезона во 2009 година ќе ги отворат вратите за вљубениците во ловот и алтернативниот туризам.

„Акцентот го ставаме на здравата и еколошка храна која изобилува во овој регион, како и виното и печурките“, рече еден од новите сопственици на објектот кој би требало да го задржи името „Илинден“.

Туризмот е една од најперспективните активности во која крушевчани го гледаат излезот од безработицата во која се' повеќе навлегуваат. Индустриските објекти во градот се одамна затворени. Повозрасните жители велат дека младите масовно го напуштаат градот, селејќи се во Скопје или во странство, додека повозрасните живеат од пензии.


Статијата е прочитана 432 пати.

Испрати коментар

Од: западна
Датум: 23.12.2008 00:59:18
Незнам на кој генијалец му текнало народот да го облече во носии,односно во клашенци,добро ги вративте и така Крушевчани 1оо и 2оо години наззад..Сите градови сем С��опје, и албанските градови се запустени,па одтаму идејата.Крушево и така изгледа како да е пред 1оо-2оо години, дома сигурно јадат пченкарен леб,питулици и тоа што јаделе пред сто години...абе срам жив сте до кога ке ве трпи Македонија....после ке ми кажувате предавници и патриоти,абе геноцид извршивте над Македонскиот народ.Тркалото се врти пазете се!
Од: kiro USA
Датум: 23.12.2008 15:43:30
Abe sto baraat komitite da se setaat niz gradot neli treba da se vo sumite ? A isto treba i Turci kade se?Za zabava otvorete strip bar i da vidis turizam polno ke bidabarem komsiite ke ne posetuvaat. kakva ideja takov koment.
Од: krusevo
Датум: 23.12.2008 17:09:36
A be Kiro. Za zalenje si. Ako mislis deka si stanal Amer i sega najpameten si:) Kako prvo ne si ja procital celata ideja. Ke ima i Turci i se sto postoelo vo toa vreme. Kako vtoro, sigurno kaj Amerite si videl po prv pat strip bar.....

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Новогодишен прием за децата на припадници на АРМ
Тетово ќе добие нов православен храм по 80 години