Новогодишен прием за децата на припадници на АРМ
Заменик-министерот за одбрана, Емил Димитриев, вчера приреди новогодишен прием за децата на загинатите припадници на АРМ во 2001 година, на армиските припадници кои загинале на службена должност, на загинатите македонски мировници во хеликоптерската несреќа во 2008, како и за децата на војниците кои се во мировни мисии. По повод новогодишните и божикните празници, Димитриев во Домот на АРМ, поздравувајќи ги дечињата, им порача дека треба да бидат горди оти се дел од семејствата на припадниците на АРМ, бидејќи да се служи во Армијата е голема чест. (П.Р.) |