Број 2869  вторник, 23 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Македонија

Тетово ќе добие нов православен храм по 80 години

ТЕТОВО - Во станбениот блок 29, на просторот меѓу големата спортска сала и објектите за технички преглед на возила, ќе се гради нова црква посветена на св. Георгиј и св. Сисој Велики. На површина од околу 3.000 м2, покрај православната црква, ќе се градат и други придружни објекти. Инвестицијата за изградба на објектите ќе чини околу еден милион евра, а ктитори ќе бидат граѓаните на Тетово, но и бизнисмени, претпријатија и други донатори. Ова ќе биде прв православен комплекс што се гради по цели 80 години од последно изградениот во Тетово.

Овие информации вчера на средба со новинарите ги изнесе Иницијативниот одбор за изградба на новата црква. Прота Мирко Станковски, надлежен намесник на Тетовското архијерејско намесништво, рече дека благослов бил даден и од МПЦ и очекува наскоро да бидат осветени темелите што ќе означат почеток на градба на објектот. Тој смета дека црквата ќе биде гордост и огледало на сегашната генерација. Изградбата на црковниот комплекс во Тетово, според Станковски, ќе биде помогната од МПЦ, духовно и парично.

Претседателот на Иницијативниот одбор, Мирче Блажевски, нагласи дека наскоро ќе биде распишан тендер за изработка на идеен, а потоа и на главен проект, откако Советот на Општина Тетово неодамна писмено ги известил дека може да почне со реализација на идејата за изградба на православен храм во долниот дел на Тетово.

Иницијативата за изградба на црквата беше официјализирана на 10 септември 2007 година, од кога траат подготвителните работи и договори. Сегашните пет цркви се наоѓаат во горниот дел на градот. Блажевски информира дека претходното барање за локација било на улицата „Борис Кидрич“ спроти автобуската станица. По долги дискусии и договарања, утврдена е новата локација. Таа ќе биде покрај самиот булевар „Видое Смилевски-Бато“, нецели 200 метри од онаа што била официјално барана.

Членовите на Иницијативниот одбор ги предупредуваат граѓаните да не даваат никакви парични прилози на неповикани и неовластени лица. (Г.Е.)


Статијата е прочитана 466 пати.

Испрати коментар

Од: Димитар
Датум: 23.12.2008 00:24:46
Тоа е добра вест и треба да се поздрави.
Од: белосвет
Датум: 23.12.2008 01:28:59
треба да се градат цркви и треба да светците живеат меѓу нас зашто ние без нив не можеме апсолутно ништо, она што се случи на тетово беше поради слабата вера на Македонците, само духот свет ќе разбие се и ќе кутне на колена тоа што е неправедно. јас го поздравувам овај чекор и нека даде Бог да се градат што повеќе во Тетово. Со Божја милост и со Божји благослов Амин!
Од: makedonce
Датум: 23.12.2008 11:14:14
treba site gamii sto se gradeni na temeli na crkva da se urnat so zakon i da se obnovat crkvite . takvi primeri ima mnogu vo makedonija

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Новогодишен прием за децата на припадници на АРМ
Туристичко востание за повторно заживување на Крушево