Број 3640  вторник, 26 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Култура

Башески ги повикува институциите на ревизија

Директорот на Филмскиот фонд има храброст да изјави дека не е одговорен, иако истовремено поднесува извештај за проневерени барем 230 илјади евра со негов потпис

Сунчица Уневска

Директорот на Филмскиот фонд, Дарко Башески, ги повикува сите надлежни институции да направат ревизија на неговото работење во Фондот, но и во поглед на неговата работа како претставник на Македонија во европскиот фонд „Еуроимаж“. Со оваа порака, која Башески јавно ја упати вчера на прес-конференцијата со новинарите, сакаше да каже и да порача дека во неговото работење нема ништо спорно. Но, за жал, веќе самите факти што тој им ги поднесе на новинарите зборуваат з�� неодговорно работење и за проневера барем на 230 илјади евра префрлени од „Еуроимаж“ во последниве три години за дистрибуција на европски филмови, за што со свој потпис потврдил токму Башески.

Зад овој скандал со парите од „Еуроимаж“ стои фантастична бројка од 97 филма и 500 илјади евра вкупно. Уште од 2008 и од 2009 година, кога се појавуваат многу нови дистрибутери, се бара поддршка од „Еуроимаж“ за дистрибуција на голем број европски наслови. Се работи за доста големи средства што се префрлувани врз база на потписот и потврдата на Башески, дека тие филмови во нашата земја биле прикажани. Оттогаш до денес се појавуваат десетина фантомски дистрибутери за кои воопшто не се знае каде имаат седишта.

Доказ за прикажување

бил плакат



Обидот на Дарко Башески да се оправда, за жал, немаше никаков ефект. Напротив. Тој рече дека до 2010 година во Македонија немало никаква обврска да се следи состојбата со дистрибуцијата, туку дека според Законот за Филмски фонд, таква обврска постои од октомври 2010 година. Што е навистина смешно, бидејќи Дарко Башески е претставник за Македонија во „Еуроимаж“ од јули 2008 година и како таков ја има целата обврска да знае што потпишува. Одобрените средства за дистрибуција „Еуроимаж“ му ги префрла на дистрибутерот дури откако Башески ќе потпише дека филмот е прикажан. Значи, нема никаква шанса за себеамнестирање. На прашањето на новинарите, на кој начин му потврдувале дистрибутерите дека филмот играл во земјава, Башески рече дека до 2010 година било доволно да донесат плакат, а од 2010 бара и објава во медиум?

Според податоците што ни ги достави Башески, најмногу пари се проневери од страна на фирмите „Медија фактори, „Еурофилм“, „Арена филм“ и „Балкан филм“. Она што е уште полошо е фактот дека некои фирми се ќерки на фирми од регионот, кои проневериле средства овде со новоформирани фантомски фирми и сега, со наивноста на Башески, може на Македонија да и' ја затворат вратата кај „Еуроимаж“, што не се однесува и на нивната земја. На пример, „Арена филм“ и „Балкан филм“, кои се фирми-ќерки на српскиот голем дистрибутер „Мегаком“ проневериле најмалку 150 илјади евра, а спорни се и 19 илјади евра за кои се' уште не се знае. Овие две фирми од 2008 година имаат добиено поддршка од „Еуроимаж“ за 55 филма од кои се прикажани само 24. А вкупните средства што ги добиле се 332 илјади евра. Зад „Мегаком“ стои Зоран Станковиќ, а во Македонија како директор се води Ратко Калинов.

Фирмата „Еуро филм“ добила поддршка за 13 филма, а прикажала само пет. Проневерени се 34.200 евра. Зад оваа фирма се имињата на Јадранка Симиќ и Жарко Апостолски. Додека четвртата фирма, која е на оваа листа со најмногу проневерени средства, е „Медија фактори“, зад која стои Благој Ачкоски. Оваа фирма добила поддршка за седум филма, а прикажала два. Проневерени се 24.500 евра.

Златен рудник за фирми

од регионот



Во игра влегуваат и три фирми од оваа година, за кои сопствениците Башески не ги знае. Тоа се „Фидалго филм“, „Симплисити“ и „Катавеј“, кои доцнеле со прикажување на филмовите, а „Фидалго“ и ја загубил поддршката за еден филм за кој ја добил. „Висарт медија“ на Горан Апостолски, кој постои од 2010 година, исто така, загубил поддршка за еден филм, а од 2010 е и фирмата на Димитар Николов „КТ филм и медија“, кој има добиено поддршка за седум филма. „Синестар“ постои од 2009 година и тоа е клон на словенечка фирма „Синеарс“, зад која стои Игор Ониќ, кој добил поддршка за 12 филма, од кои за два ја загубил поддршката. За дистрибутерите „Манаки филм“, СВРСА и МКЦ нема да зборуваме, бидејќи, сепак, не можат да се споредуваат со новите фантомски фирми.

Целата оваа проневера на средства ја дозволил Башески, како што вели, верувајќи на збор. Тој збор, очигледно, го научиле добро фирмите од регионот, кои поврзувајќи се со некои претставници одовде си нашле златен рудник. Навистина, одговорноста лежи и на нив, но најголемата одговорност ја има, сепак, оној што ја дозволил оваа проневера. Како ќе реагира „Еуроимаж“ ќе видиме, особено што немале досега ваков случај, па немале ни потреба од дополнителни механизми.

Сето ова, за жал, е голем минус за Македонија. Башески ќе поднесувал тужби, но до кого? И самиот вели дека за да се активира МВР или други служби, каде што тој ќе поднесува пријави е потребен судски спор. Кои ќе бидат последиците за Македонија допрва ќе видиме. Едно е факт, ниту Башески ниту ние како земја не можеме да се криеме зад некого. Ова е срам за земјата и за Башески што дозволил толку многу средства да с�� доделуваат на жими мајка. Освестувањето ќе следува, но по колкава цена?


#
Статијата е прочитана 462 пати.

Испрати коментар

Од: Od toj sto znae kakva e sostojbata
Датум: 26.07.2011 07:46:31
Сето тоа што го прикажува Башески се класични лаги и невистини, бидејќи човекот сам кажува дека нема податоци. И самиот тој кажа дека веб страната од каде и тој самиот ги вади материјалите бидејќи тој нема евиденција, која треба да ја има не е конечна т.е. тоа се само барања од дистрибутерите, а дали се исплатени парите и колку се исплатени не знае ниту самиот тој, а секој состанок на бордот во Еуроимаж е присутен. Човекот не знае после ова со какви последици самиот тој ќе се соочи.
Од: bp
Датум: 26.07.2011 15:19:22
Зошто не ги повика институциите за ревизија малку порано, а не одкако го „провалија„ токму дистрибутерите. Се брани дека не земал „мито„ и никој не го обвини дека земал но чесно и доблесно е ако ја прекршил процедурата и регулативата на европскиот фонд да си замине од таа позиција, а и од фондот со кој раководи ако ништо друго од морални причини. Тој со сите сили се бори да ја зачува својата позиција која и те како му е разнишана, а тој за тоа нема „пои(ј)ма„ и „мува не го лази„. Што човек ќе беше „ни срам ни перде да се има„.

Најди! во Утрински
Култура
FX3X е европски шампион за претприемаштво
Омаж за Какојанис, режисерот на „Гркот Зорба“
Македонскиот балет настапи и во Сан Галано
Замина Боро Пејчинов, нашиот аниматор и карикатурист

"""