Македонскиот балет настапи и во Сан Галано

Македонскиот балет на својата актуелна турнеја во Италија одлично се претстави пред публиката во Сан Галано, со претставата „Лебедово езеро“ изведена на 23 јули.
Претставата ја проследиле италијанските вљубеници во балетот од сите делови на Тоскана, а како што информираат од Балетот, „Лебедово езеро“ го исполнила целиот објект.
Настапот на балерината Марија Кичевска во улогата на белиот лебед, која ја оставила публиката без здив, е опишан како вистинско уживање, а магичната игра на солистите ја надополнила автентичната архитектура на тамошна црква од 11 век каде претставата била изведена. Покрај Кичевска, настапиле и Катерина Кухар, Игор Веланоски, Андријана Јаневска, Јан Кисилев и ансамблот на МОБ во соработка со Миланската академија. (К.Б.) |