И натаму приоритети ќе бидат зголемувањето на економскиот раст и конкурентноста и вработеноста
Продолжување на реформите започнати во изминатиот период набележани како петте стратегиски приоритети се клучните цели на кои ќе се посвети Владата во новиот мандат, истакна премиерот Никола Груевски во експозето на седницата за изборот на новиот владин кабинет. Премиерот во краткото обраќање мораше да го исчита експозето со невидена брзина, поради што ниту пратениците ниту јавноста не успеаја да го следат квалитетно. Експозето, всушност, беше скратена верзија на програмата за работата на Владата во наредниот четиригодишен период.
Нагласувајќи дека пред две години од истата говорница порачал оти патот до подобриот живот и до Европа мора да се одработи, бидејќи покус пат не постои, наведе дека и натаму приоритети ќе бидат зголемувањето на економскиот раст и конкурентноста, зголемување на стапката на вработеност и пораст на животниот стандард, потоа за интеграција во НАТО и ЕУ, решавање на спорот со името врз принципот на незагрозување на националниот идентитет, продолжување на борбата со корупцијата и криминалот, спроведување на правото, одржување добри и стабилни меѓуетнички односи, имплементација на Рамковниот договор и вложување во образованието како најсигурна инвестиција во иднината.
На надворешнополитички план најави дека Владата ќе остане доследна во остварувањето на петте основни приоритети - членство во НАТО, добивање датум и започнување преговори за членство во ЕУ, укинување на визите за македонските граѓани, надминување на спорот со името и засилување на економската и јавната дипломатија. „Република Македонија ќе ги продолжи разговорите со Грција за изнаоѓање решение за наметнатиот спор и во ваквиот процес нема да прифати идеи и предлози што ќе го нарушат македонскиот национален идентитет, македонската нација и македонскиот јазик. Ние нема да дозволиме какво било решение и каков бил компромис да биде прифатен од институциите на Македонија без претходно за тоа да се изјаснат граѓаните преку референдум“, рече Груевски.
Членството во НАТО и натаму останува приоритет на новата влада, нагласи премиерот и додаде дека интензивно ќе се работи и на исполнување на критериумите и реформите на полноправно членство во ЕУ. „Во процесот на европската интеграција на Македонија целосно сме посветени и на добивање датум за преговори, почнување на преговорите за полноправно членство, со тоа што започнуваме и успешно да ги завршуваме осумте бенч-маркови или приоритети што ни ги зададе комесарот Оли Рен“, истакна премиерот Груевски.
„Во следниот период Владата ќе работи на остварување на неколку клучни цели, одржување висок економски раст од најмалку 6 отсто и на намалување на стапката на невработеност. Зголемување на домашните и странските инвестиции врз основа на подобра бизнис- клима, развој на земјоделството, подобра перспектива за младите и поголема сигурност за возрасните и пензионерите“, истакна Груевски и наведе дека се продолжува со имплементацијата на Рамковниот договор и градење меѓуетничко општество базирано на заемна почит и толеранција. (Св.У.)
I za prethodnite dve godini navistina se pochuvstvuva silna ekonomija,a za slednite 4 navistina kade kje ni bide krajot.Shto kje ni e NATO I EU,pa tie samo kje go zakochat zabrzanoto dvizhenje po udolninata,po koja strmoglavo odime.Demant na site falbi na Grujo e sekojdnevieto i teshkiot zhivot na mnozinstvoto gragjani so inflacija nabildana od niv,so zgolemena zadolzhenost i rekorden trgovski deficit,so skapotija i zgolemeni ceni na strujata i parnoto greenje, na lebot i shto li ushte ne.Mu gi prochita zhelbite na narodot,a ostvaruvanjata sprotivni na zhelbite se normalno,videno i ochekuvano od ovoj Premier.Prodolzhete da zhiveet vo iluzii dodeka vi izdrzhuva prazniot stomak.Potoa ,pobarajte da gi pochuvstvuvate vistinskite rezultati na Prerpodbata.
Од: koko
Датум: 28.07.2008 03:54:58
Jas ne mozam da razbreram deka uste ima luge vo Makedonija koi smetaat deka Makedonija bese podobro mesto pod vlast na SDSM...No verojatno ovie so vakvi komentari se lepusi koi ne rabotele nisto i lapale % za vreme na SDSM vladeenjeto
Од: kole
Датум: 28.07.2008 07:19:51
Pazi bogati... silna ekonomija... da ne pocnat da idat na rabota rabotnici od sosednite zemji... Prerodbata prodolzuva... lagite se mnozat so geometriska progresija...
Од: Анѓелкоски Методија
Датум: 28.07.2008 08:55:55
Минатата година вработеноста се поткачи едвај за 3%. Не е за жалење, ама за да го оствари ветувањето дека ќе има 20% невработени до 2012 треба малку повеќе од желба (тоа се 5% годишно). Мене ми се чини во услови со 350.000 невработени осмооделенци (без квалификации) тоа е утопија. Господ нека им помогне.
Од: Ice
Датум: 28.07.2008 10:00:08
Ekonomija utre sabajle, diktatura toa e - 25 mil eur za mijalkov pa toa e ludo i causesku ke im ljubomori. E glup narode ionako ne zasluzuvas podobro cim histericno i fanaticno glasase za niv.
Од: Trpejca
Датум: 28.07.2008 11:00:47
E KOKO, Koko ne znam kolku godini imas ama samo da te potsetam deka do 2006 god., priseti se, ziti Gospod, kolku iznesuvase cenata na LEBOT, ZEJTINOT, MLEKOTO itn. Ne znam Ti od sto zivees a jas, na moja nesreka, ne ziveam od prazni prikazni i zelbi tuku od cenite... Aj so zdravje, samo Gospod da Ti e na pomos!
Од: Nikola
Датум: 28.07.2008 15:19:38
Komentarov nema vrska so sodrzinata na napisov, no opisnata sostojba sto sleduva e direktna posledica na ovaa Vlada. Imeno, so promenat na vlasta vo 2006, 'razbirlivo" rabotnicite "demokratski" izbiraa novi sindikalni rakovodstva. Vo MEPSO dojde nov sindikalec, cija prva i voedno edinstvena dolznost bese da prejde vo drugiot Sindikat na Dojcinovsi i da stane pretsedatel na grupata za energetika. Za prv pat, po 40-tina godini, rabotnicite ne dobija K-15 i koga nekoj mu rekol deka vrabotenite komentiraat (se bunat), toj, Pretsedatelot na Sindikat odgovoril: Neka dojde kaj mene toj sto se buni! Porakata e prenesena i nikoj nema hrabrost da bara objasnenie od Sindikatot. Silata na ovoj marginalot covek poteknuva od toa sto e clen na DPMNE. Zarem ni treba vakov Sindikat? Poarno da go nema! Treba da se ukine sindikalnoto dvizenje!