Брoj 2748  понеделник, 28 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Фељтон
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Владејачкото мнозинство ја изгласа новата Влада

Владиниот кабинет брои 21 член, од кои најголем дел се министри од ВМРО-ДПМНЕ, дополнети од ДУИ

Светлана Унковска

Старо-новата Влада на чело со премиерот Никола Груевски, која во саботата доцна вечерта беше изгласана со 77 гласа „за“, во наредниот четиригодишен мандат ќе функционира со имиња кои во голем дел веќе им се познати на граѓаните. Покрај министрите на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа во кабинетот и во претходниот мандат, дополнети со тројца нови од оваа партија, нови се и имињата на министрите од редовите на новиот коалиционен партнер ДУИ, кои ги зазедоа министерските места на кадрите на поранешните соработници во власта - ДПА и НСДП. Премиерот Груевски за составот на новата Влада рече дека таа е спој на младоста и искуството, но пред се' на луѓе со исклучителни вредности од кои се бара да работат чесно, транспарентно и одговорно.

На седницата за избор на Владата не дојдоа пратениците од опозицијата и практично новиот владин кабинет беше изгласан само со гласовите на парламентарното мнозинство. Поради тоа и седницата измина мирно без полемични дискусии кои беа вообичаени при изборот на претходните влади и гласањето се случи по само пет часа од нејзиниот почеток. Од галеријата изборот го следеше и дипломатскиот кор во земјава, претставници на верските заедници, како и македонскиот претседател, кого премиерот Груевски, на почетокот на своето експозе. не изостави да го поздрави со „господинот Црвенковски“. Внимание предизвика и гестот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој на крајот од својата дискусија, која беше на албански јазик, прв пат од собраниската говорница проговори и на македонски, посакувајќи и' на новата Влада и многу среќа, успех и подобра иднина.

Во новиот владин тим кој го сочинуваат 21 министер како нови кадровски решенија се министерот за здравство Бујар Османи, наедно и најмлад министер во оваа Влада, економијата ќе ја предводи Фатмир Бесими кој и порано беше на ова место, локалната самоуправа му е доверена на Муса Џафери, министер за труд и социјална политика ќе биде Џелал Бајрами, за министер за животна средина и просторно планирање е избран Неџати Јакупи - сите од ДУИ. На чело на Министерството за одбрана е Зоран Коњановски, министер за култура Елизабета Канчевска- Милевска, за образование Перо Стојановски, а новото Министерство за информатика ќе го предводи Иво Ивановски.

Своите ресори ги задржуваат сите министри на ВМРО-ДПМНЕ од претходниот владин состав. Антонио Милошоски продолжува да биде шеф на дипломатијата, Гордана Јанкулоска, министер за внатрешни работи, во Министерството за правда останува Михајло Маневски, за финансии Трајко Славески, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеновски и министер за транспорт и врски Миле Јанакиески. Како министри без ресори се именувани Зоран Ставрески, кој останува да биде одговорен за економските прашања, поранешниот владин портпарол Ивица Боцевски сега ќе биде задолжен за евроинтеграциите, потоа Абдулаким Адеми за спроведување на Рамковниот договор, Веле Самак за странски инвестиции, Неждет Мустафа за унапредување на правата на етничките заедници а, министер без ресор ќе биде и Хади Незири.


Статијата е прочитана 974 пати.

Испрати коментар

Од: jimmy1
Датум: 28.07.2008 05:51:45
Ne sum protiv da ima Albanci vo vladata, ali ovie krvnici najmalk zasluzija za toa i da ziveat na teret na drzavata. Namesto da skapuvaat po zatvori, ubijci ke ni delat pravda. Tesko si na Makedonija so vakva Fasisticko-Teropristicka Vlada, a uste poveke tesko na narodot.
Од: Vasko.K.Bitola
Датум: 28.07.2008 07:05:42
Sekogas vo sekoj Parlament Vladata ja izglasuva vladejackoto mnozinstvo a ne opozicijata, vo sprotivno nema da bide opozicija. A toa od koe mesto odlucile da "laat" e nivni problem i ocajnicki obid da si ja krenat cenata, no znaete deka nikoj ne saka da kupi miflosana stoka so izminat rok na traenje.
Од: Atanasija
Датум: 28.07.2008 10:33:37
Odlicno -Vladata e izbrana kako sto se ocekuvase:sveceno i so molcenje od strana na opozicijata,zasto taa i ne prisustvuvase na svecenosta.Premierot gi pozdravi site prisutni,i kako sto mozese od nego da se ocekuva i "gospodinot Crvenkovski",koj spored nego e izbran so glasovite na DUI,kako pak tie da ne se drzavjani na ovaa Drzava.Sega taa tajfa e vo kabinetot na g.Gruevski,taa tajfa e vo Sobranieto i mu aplaudira,taa tajfa otkako g.Gruevski ne "ja broese" za minatiot sostav na svojata Vlada se zakanuvase so bojkot na sobraniskata rabota ,duri i so repriza na 2001 gdoina,e vreme e g.Gruevski da ni kaze kako da oslovuvame.Anovinarite,kako Busmani na sisence koka-kola se izraduvaa sto g.Ahmeti progovoril na makedonski!Pa toj e gragjanin na RM,zivee tuka,izbiran e od narod i e vo Sobranieto-kako treba da zboruva?I Vo ovoj slucaj premierot uste ednas priznava deka Pretsedtelot na Makedonija Branko Crvenkosvki e edinstveniot gospodin vo makedonskata politika
Од: Dordo
Датум: 28.07.2008 10:53:39
Do sega, vo vakvi priliki se iznaslusavme, sekakvi p[rikazni i zelbi. Ama sega se otide i malku podaleku. Sto li ke bide ona `SPOJ NA MLADOST I ISKUISTVO~, pa neli, majka mu stara, iskustvoto, barem do sega, doadja[e so godinite, so vremeto... Ne pomalku zagrizuvacki e i ona `LUDJE SO ISKLUCITELNI VREDNOSTI~, kade da gi pobarame takvite koi ne turkaat ne vo civilizacija tuku na udolu vo Gorna Volta... A ona demek Vladata ke raboto CESNO, TRANSPARENTNO I ODGOVORNO, e toa e veke vrv na licnata izgubenost koja vo obid se promovira na kolektivno nivo...
Од: do jimmy1
Датум: 28.07.2008 11:58:15
abe jimmy ti si izgubel kontrolla vo vremeto i prostor,gledash deka cel svet se obiduva vo mk nekoj raboti da se sredat za da nema siromashtija kako sega,lugjeto kako tebe ne se dobri za edna demokratska evropska drzhava,DUI e zakon kaj nas albancite.
Од: Strumica
Датум: 28.07.2008 15:33:29
Ivica Bocevski od evrointegracii se razbira kolku sho jas se razbiram od NASA. Ovaa vlada ke ne odnese vo 1948 godina. Trazili ste gledajte.
Од: Boshko
Датум: 28.07.2008 16:28:00
Se izglasa nova vlada pomina vo sobranieto bez opozicija,demek trgna rabotata,znachi so Ke se Ke bide .Sega imame na pr. 350000 ne vraboteni za o v godina da se namali na 100.000 a Jas si mislam deka so otpushtanjeto na partijskite DPMNE vojnici ke stignime do kaj 450.000 zashto ne e vozmozno so tolkava Administracija da se napravat 100 chekori napred i namesto 100 napredni slucki ke si imame,100 godini nazad vo se.Ne daj boze da sum vo pravo.Kako shto velat Gedjovci zivi bili pa videli.Da sme zivi izdravi pa KE vidime.
Од: k
Датум: 28.07.2008 16:58:06
Ke im dojde krajot, ama togas kaj ke se pikaat.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Груевски повторно вети силна економија
Состав на новата Влада